Не можете да си објасните зошто сакате да бидете со него, добро можеби можете – сладок е, природен и амбициозен, но сепак има толку многу работи кај него кои ниту во сон не би ги припишале како пожелни карактеристики на својата сродна душа. Топли во срцето, но студени во главата се борите против таа своја зависност од него.
Мајка ми кога била мала не било како во наше време нормално ,се било по строго а и неможеле родителите многу да им дозволат. Кога немале да и дозволат нешто што таа сака секогаш велела : Јас на моите деца нема да им забранувам нешто. Кога тетка ми се омажила баба ми нон стоп плачела и неможела да се навикне дека ќерка и веќе има свое семејство и дека повеќе не е до нив.Мајка ми и другата тетка пак се лутеле зошто толку многу тагува по неа кога тие две се дома ,а баба ми секогаш им велела : -Кога ќе се омажите и вие Господ да ви даде ќерки,немора да бидат три како јас што ве имам вас,туку само една за да осетите како е да чуваш женско дете и да ти замине од дома . Оваа мајка ми многу пати ми го има кажувано ,а и ме има така благословено како баба што ја благословила нејзе Пред мене никогаш не покажала слабост за да не ме растажи ама ја осеќам по гласот,чуствувам како и е,а сигурна сум дека и таа чуствува како ми е мене ... А сестра ми пак неможе да скрие ништо и ќе ми каже: мама синоќа пак плачеше ... А баба жива да ми е сите не мисли.Ќерките,внуците,зетовите.Не е моќна да доаѓа и да не посетува не е добра со здравјето ама за на телефон да зборува и да се јавува на сите на ред е супер Секогаш ми вели : ах синко тешко е да мислиш на една куќа а не пак на повеќе... Тешко е бабо богами тешко е . Како повеќе осеќам на своја кожа се повеќе те разбирам како ти било на тебе кога мислевме дека претеруваш и дека од досада само се јавуваш да прашаш како сме по повеќе пати во денот ....
Д. се погодува секогаш да ми пише кога ми е досадно и со часови да ми објаснува колку лошо се облекувам овај де сум се облекувала додека сме биле заедно. Ако тогаш ми било сеедно, зошто сега би ме интересирало неговото мислење?
Пролет во полет. Кој би рекол дека со овој ум и срце сега ќе ја имам силата да размислувам за нешта кои пред извесен период не ми беа ни на крај на памет? Се чуди човек и расте. Само здравје и убави планови, тоа. А вечер во МКЦ, Хармсоиди и продажба на торнада, случајно најдени парички во џебот, песни за слободата и сини цвеќиња. Сакав да кажам дека животот е прекрасен и зезнат. Непредвидливо убав, и предвидливо удобен, ако му дозволиш секако.
Каков прајслес момент доживеав пред малку. Појадувам, бушава, во спавачица, вратата од балкон отворена и наеднаш слушам како некој на македонски јазик, и на разглас се дере: Откупувам старо железо, стари перални, тави, акомулатори, и многу други работи откупувам. Јас цела во прашалници, втф, да не се телепортирав јас во Македонија на некој начин а да незнам
Да не беше крај на Мај, да не требаше да одам за 2 месеци на одмор со дечко ми, и да не се мачев со диети и здрава исхрана само за да не се кријам на плажа, како би си изела топли мекици со сиренце за доручек
СДК дека "Не." е комплетна реченица која можете да ја кажете без притоа да се чувствувате обврзано да давате било какво образложение, или пак истото некој да го очекува од вас по дифолт.
Повторно напад на бубрези,повторно неиздржливи болки,инфузии,крвотници ах има ли крај.. И пак ништо не се знае,која е причината? Снимки прават нема ништо,ешерихијата ли е што ли е до кога вака? Ако немаш некој под рака да те внесе во болницата не те третираат како човек бре,не те погледнуваат.. Срамота!
Го знаете она чуство кога на сред дијалог јазикот ви се претвора во клопче од милион чворови и не сте способни да продолжите со дебатата? Епа на мене ова ми се случи пред неколку часа кога разговарав со несреќник од Тексас кој се нашол во Македонија, а единствениот јазик на кој може да разговара со луѓето е англискиот. Но вие не сте способни да составите ниту една проста, грамитички точна, проклета реченица, не затоа што не го знаете јазикот туку затоа што мозокот ви блокира. Вие мислите на "summer holiday" а велите "trip" бидејќи во моментот не ви текнува како е за летен распуст. Додека соучениците и професорите ве гледаат како да сте паднале од Марс затоа што денес се однесувате како идиот и не ви е денот. Прткате работи околу вас,го кршите тоа што е кршливо, заборавате работи каде и да одите и првите милион лапсусуси во минута. А како капак на се зборувате побрзо од тоа што зборувате и си правите дополнителни проблеми за никој да не ве разбира тоа што го зборувате и звучи како да испуштате некои неартикулирани звуци. За да биде срамот уште поголем кога човекот љубезно ви понудува да ви помогне при користењето на новиот киндл и да ви покаже како и од каде можете да симнувате книги, вие не можете да се објасните и се што успевате да процедите е " Ugh, thanks, but in second year... I want to stay away from books now" . Што не е вистина, бидејќи подоцна отидов до библиотеката за да ги вратам книгите кои ги прочитав и зедов други, но немав сила за уште лапсуси. По што човекот се откажува од разговорот и се упатува накај канцеларијата. Епа добредојдовте во клубот. Денес Марфи ме зел под своја контрола, тоа е. Само се надевам дека нема да продолжам со ова темпо.
Понекогаш ти недостига времето, тоа минато убаво поминато време, а не тие, луѓето. Не ги мешај работите.
За место во кујна морам да признаам по дома не се борам. Мајка ми готви одлично, а и сестра ми, па им оставам секогаш на нив. Не мислам дека ако трите се плеткаме во кујна јадењето ќе биде повкусно. Тие па не ми се мешаат кога станува збор за благо или некои експерименти. Поделени сме си и не ни пречи. Многу често луѓето се плеткаат во тоа каква ни е поделбата и зошто јас не готвам почесто, па срамота било немало да знам да готвам. Не е така, знам да готвам ама не мислам дека има потреба. Со тек на време дури и моите почнаа да се шегуваат дека не знам да готвам. Еве денес им велам- Ќе правам ручек јас. Се прекрстија двете и почнаа да се смејат. А да ги оставам гладни, м?
Не се расправајте за англискиов, не вреди. Јас познавам една што има факултет за англиски, па ми праќаше листи на зборчиња што треба да и ги преведам, а замислете само тоа беа зборчиња како на пр.:leaves, she, frequently, self-confident... Мене не ми е чудно некој да не знае англиски, ама да не знае некој што студирал англиски, е тоа е непростливо. Плус па и кога ќе слушнеш дека отвориле приватни школи а елементарни поими не знаат. Не знам како стигнуваат до дипломи Туку, што му е на времево, јас пак спијам во пижами и се покривам со јорган. Два дена се мачи да заврне и јас два дена со мигрена. Па пред неколку години месец мај беше потопол од цело лето.
I don’t have friends anymore, and if i do it’s a select few. i needed to change my surroundings to recharge, it wasn’t healthy at all. Налетав на quotе-oв пред некој ден, и се уште ми се врти во глава од што има големо значење.Искрено имав огромен круг на пријатели, трошев време и енергија на личности кои што никогаш всушност и не беа вистински пријатели во вистинска смисла на зборот. И на крајот едноставно се тргнав од голем круг на луѓе. Не можам ни да опишам колку ми е поедноставно и полесно, знам дека имам неколку вистински и долги пријателства, личности кои што секогаш биле тука за мене и кои што еднакво вложуваат во одржувањето на една добра пријателска врска. И тоа е она што го ценам.
Во право сте за тоа дека јазичар си е јазичар, не смее да прави никакви грешки, а за дипломите....ехееее...факултети во Штип,факултети во Прилеп,факултети во Благоевград,приватни факултети итн....
Оваа е со диплома од државен факултет во Скопје Ај нека почне да грми сега, нека распука, нека засветка, нека се растури од врнење, доста се килави, ако врне нека врне ако не нека се избришат облаците.