Дволични луѓе до кога бе вака ? Преку глава сте ми веќе не можам да ве поднесам ! на крај сами ќе се удавите во сопствената кал
Кога бев помлада мислев дека е попаметно да ги одбегнувам луѓето кои поради Х причини (за мене непознати) решиле да ме навредуваат, да ме оговараат, па и да ми го забијат ножот во грб.Како стареам сфатив дека на тој начин допринесувам само за нивниот спокој но не и за мојот. Денес имам спротивна реакција од тогаш. Намерно ги поздравувам и разговарам со нив како да сме најдобри пријатели. А нивната реакција е мелем за душа. Првично ја ведат главата со цел да те одминат. Потоа кога ќе видат дека е неминовно да застанат, почнуваат да голтаат кнедли и да го кратат разговорот ко демек се во брзање. Не за џабе рекле старите, кој ја има мувата на главата гледа да ја избрка... А ако се во поголемо друштво, тогаш почнуваат и да се препотуваат. Постојано се во исчекување да паднеш во искушение па да почнеш да ја бараш правдата за направеното... За среќа сум попаметна од нив. Сцени во јавноста прават само луѓе со ниско ниво на самопочит. Нема потреба од тоа и онака оние драгоцени 10 минути на измачување ќе му го упропастат целиот ден. Можеби некој ќе рече дека сум лицемерна....е ако де, никој не е безгрешен. Морам и јас да имам една лоша страна.
Се чувстувам задоволна сама од себе. Конечно седнав да учам македонски за матурата и си дадов уште поголем мотив Ќее бидее , ќе биде. П.с време што ти е?
Дали имам право да им извршам атентат на комшииве кога веќе три дена по ред со Стоја ме будат од најслаткиот попладневен дремиш? Не ми пречат луѓево, УМРИ, УМРИ, А ЈА ЧУ ЗА ТОБОМ! проследено со белото чиганче со unholy ниво на појачан звук ми пречи. Ќе им пуштам јас Guns N' Roses на најјако, па да видиме кој ќе победи. Challenge accepted, сељо!
Штета што не успевам да доловам каква личност сум во вистинскиот живот, па оставам впечаток како сум депресивна. Сум била и тоа бил доста тежок период во мојот живот, но сега сум добро. Се трудам позитивно да размислувам и да ги ценам сите мали и прекрасни нешта кои ги прават моите блиски и личностите што ме сакаат. Не сум само депресивна, како и сите девојки тука и јас си ја читам темата за пудрите, си гледам нокти, шминки, кој што си купил, сакам да дадам совет кога на некого му е потребен. Се чувстувам како да имам сличен живот со миме87, а баш би сакала да дадам квалитетн коментар за некоја пудра како Мишела, да бидам прекрасна како Миранда и да имам нормална смисла за хумор како што имаат многу членови тука. Таква сум и не планирам да престанам да пишувам. На некои можеби му сум антипатична, дрска и арогантана, ама мора некој и таков да биде. Останете ми поздравени
Ти благодарам за комплиментот. Не се сомневам дека и ти си прекрасна личност и затоа не обрнувај внимание на тоа кој што мисли за тебе. Остани си таква каква што си-СВОЈА. А депресивен… па со сигурност тврдам дека секој човек најмалку еднаш бил во животот.
На мене мислеше??? Леле немој, несакаш да имаш живот ко мојот. И внимавај што посакуваш... Јас повеќе не посакувам ништо во животот, што ќе ми донесе тоа, не посакувам веќе ништо, немам никакви желби. Од такво посакување желби стигнав до степен да се се оствари и кога ќе видиш уствари што си посакувал подобро и да не си. Одсега го живеам животот така, што ќе ми сервира тоа ќе консумирам, не посакувам и не чекам ништо.
Сдк дека времето е растојание од точка А до точка Б. Го заболе дали се движиш или не. Резултат: Постои само овој момент и затоа живеј го онака како што најдобро знаеш...
седнати на маса вечераме,вечерата скромна но вкусно. јас: леле колку е убо. а мама: сиромаштија е чедо со јајце на вода...
Денес е еден од оние денови кога и црните мачки вџашено ми се тргаат од патот. Боли да му ебам мајката...
Ова е агол, мало катче на форумов каде може да се исфрлат секакви безвезни бљувотини и се трпат. Арно што не е лист хартија, за вакви срања од мисли да се нафрлат на него, тогаш отишол во неповрат без кауза животот на едно дрво. На пример, рандом мисли на мојата со глупости оптеретена психа. Како, на пример имаше женска една. Не е најпримерен ниту најморален епитет да и се придаде на една жена еден таков, од типот киклоп и бигфут. И никако да се сетам од кај мисливе се ќе ми најдојдеа штом ја видам. Смешните придавки, голема, масивна .Тоа ме потсеќала на женската од спотот "Девојката со точакот". Утешителна околност е што не сме во најдобри односи, па тоа до некаде ја оправдува, да не речам, мојата омраза, и епитетите. Ама и изгледот нејзин ги оправдува, исто.
Еве, ако ме прашувате, добра сум. Пијам вино, малку мирувам. Него, чекам две битни работи: 1. да ми се згрее бојлерот и да се бањам до последната капка млака вода. 2. важен меил кој којзнае колку денови ќе го чекам, а ко што сум нестрплив овен - НЕ МОЖАМ!!! Плус се пакувам, мислам дека ќе ми треба еден камион да ме пренесе. Еве ви секси музика, поззз!!!