ете завршивме КОНЕЧНО кинески прв курс(мајка ми се буни зошто не сакам да отидам втор курс) жено дали си ти нормална учевме азбука, денови, месеци, математика ако ви е тоа малко ние слушатели и по можност технички секретари и секретарки веке на сите ни се здосади и нема дипломи утре туку на 3тти Септември-бог да чува и да брани бевме 7 луге на крај-од 20 на почеток за на крај да излезат 2ца да останам сама со 4ца мажи созреани во тоа мозокот ЛЕЛЕ МАЈКО
Чувството кога ги завршуваш сите обврски еден ден порано од планираното, си одиш дома радосна, среќна, изморена, ама се опушташ, си легнуваш САМА ВО СОБА, и не правиш аларм за утре да те буди...значи спиеш колку сакаш, а на душа ти тежат само уште 2 испити кои ги полагаш за две недели и толку од семестарот П.с. Мора да се нагласи и моментот кога асистентката ти поткажува на испит, кога професорот ќе се заврти на другата страна Е сеа или нешто ќе бара за возврат (ма да што би барала од нас, нема логика), или станала на лева нога или заборави дека е асистентка или погрешно ни кажа....друго нема....како и да е, фала ти асистентке Господ здравје да ти даде.... П.С.2. Фацата на мајка ти кога и кажуваш дека најзаебаниот професор ти пишал 10ка (а предметот си мислела дека август ќе го полагаш), прибидејќи денот му се родила ќерка од 5тата жена радосен си беше човекот.....ама нормално дека вложив и голем труд......
Ми се роди 2ра внука оваа година. Во мои 26 години прв пат земам бебче в раце... што не сте кажале бре жени дека тоа е најсовршеното чувство на светот? Дека во тие моменти не постои ништо друго освен биењето на тоа мало срце... Почна да плаче... а и ја почнав да плачам со него... и го уништив моментот. *************************** Во неделата шетаме со мајка ми низ град. Одамна не сме поминале така квалитетно време заедно. Се препиравме каков сладолед ќе лижеме.. ја сакам во корнет, она милка... па компромисот беше, прво сладолед на корнет од рекорд (кој пробал осетил небо со облачиња и милион сонца во уста) нема такво друго чувство како тоа на светот... а само што го завршивме него, се частевме по уште еден на стапче. И се појави клипот со дедото и неговата возбуда што добил бесплатен квалитетен сладолед... и мислам дека си ги осеќам двата излижани сладоледи во грло, застанати на средина и бавно ме гушат.
Јас навистина не разбирам како може да се тера матурска со: ,...остани џубре до краја...' ,...лична карта празна је...' ...,и тако доџеш ми у сан...' ,...ти моје злато,ти моје злато,злато...' , не набројувам веќе бидејќи сакам да ве држам во неизвесност што друго се свири на матурскиве!!! Колку е убаво што живеам близу кафана Добро бе деца вие ако немате памет на 18, вашите слушаат ли што вие слушате?!? П.С. бар една пирошка да имаше за оние најзагрозенитесекоја матурска по една пирошкамх мх мх ...ама нема бре,нема
Шмек му фали на животов. Како кога си седнеш со чаша црно вино под расцутено дрво и мирно, полека, полека пивнуваш малки голтки. Онака, со уживање. Мирно и спокојно. Да. Шмек му фали на животов.
Сакам животни и тука нема дискусија. Ама еден дечко се жали на фб кај здружение за заштита на животните, го каснало куче во жена парк и бара некој од одоговорните во здружението да оди со него и да го бараат кучето (тоа е процедурата нели). И меѓу одговорите...експерт за кучешка психологија и севселенски комуникатор со секакви суштествија и вонземјани. Можда одгледува и еднорози. Што ви луѓе, соземете се? Уживајте во содржината. Да, да важи. И јас мислев така. Мислев до пред две недели. Кога точно пред порта во 3 сабајле буквално, ама БУКВАЛНО од никаде ме опколија ШЕСТ кучиња и почнаа да ми ржат. Сакав да почнам да врскам, доцна беше, замислете срамот ми беше поголем од стравот. Носев со себе списание, го фрлив да им одвратам внимание, извадив тевтер од ташна, го фрлив и тој, фрлив пластично празно шише повторно безуспешно. А како спасив глава? Другарот кој ме остави ги видел на раскрсницата дека затрчано почнале да одат во мој правец и си рекол, не бе, нема да ја нападнат, ама интуитивно си рекол чекај да се вратам да проверам, се врати за три минути и застана со кола не се помрднаа туку почнаа уште повеќе да лаат од кои едно ми се згна да ме каса, е простете, тука го ѕвекнав со ташна... Ја молам просветителкава ако некој ја препознае да дојде да поразговара на бебешки со гладниве кучиња, зошто еве мене, јас која никогаш во животот не се плашела од кучиња и живее со куче, еве не знам како. Дојди ти да се потпишеш со крв на мојата траума,оќе СЕСРЕ?
Понекогаш, човек има потреба да се преврти себеси наопаку, како кога вртиме блуза за пеглање, наопаку. Па да ја изгланцаме така убаво со пеглата, да не се познае ниту една линија на неправилност. Тогаш ја вртиме опачината на лице и сè изгледа совршено. Го знаете тоа чувство, нели? Имате потреба кожата да си ја смените, да скокнете надвор од неа или подобро, да ја брцнете раката во душникот, да заграбате силно и со другата рака да се фатите за коса и да тегнете за да се сврти другата страна на кожата, да излезете од себе. Можеби не буквално, но човек треба да знае кога треба метафорите да ги извади од правливата фиока и да ги нареди како вовче на маса. Една по една, да оживеат и да го донесат токму она кое му е потребно во моментот. А на сите ни се потребни истите работи и светот има доволно од таа материја за секој од нас, секој ден од животот - среќа, љубов, слобода, мир и уживање. Но вистински, живи, не нацртани на лист хартија од рачето на бушаво забаваче воопшто не знаејќи што тие значат. Еден ден сепак, и тоа ќе мора да почне крв да пролева за да добие барем делче од нив. Како и ние тука, веќе пораснати и крвави.
Голем фан на животни, меѓутоа вина мора да се бара во институциите. Пример Вардариште. Вардариште е касапница за улични животни. Собираат се', и после тоа што се случува таму не би сакала да е предмет на дискусија. Во нормални услови и земји со институции кои (верувале или не) функционираат, уличните кучиња кои се агресивни се прибираат со шинтер и се успивани. Хумано. Не со секира. Оние кои ќе бидат прибрани а се мирни, ги вакцинираат и потоа се даваат за посвојување. Ова е кај нас светлосни години далеку, меѓутоа мора барем да се собираат секој ден улични кучиња, оние кои ќе се процени дека се агресивни да бидат соодветно успани, а останатите кастрирани, вакцинирани и пуштени. А не некој да биде каснат од куче, да поднесе жалба, службиве да ги фати еуфорија и испособерат се што ќе најдат од мирно до лудо, да испотепаат се', и проблемот пак нерешен. А за the dog whisperer што е муза на кучешката спиритуална поврзаност и докторирал на тема кучевидно 8мо сетило, му предложувам да му се приближи на гладно куче со коска неколку дена стара и големина на теле, да го гали и му зборува на бебешки. Следен момент е истото тоа куче, само нема да глода сува коска.
znaci ovie od SDSM veke ja preteraja ......ne mozi na sred bulevar da postavat satori I to 2 satori I demek protestirat,5 dusi sobrani pred opstinata na Bitola I barat ostavka od 2-ce t.e Vladimir T. Ako barate ostavka ili soberetese pojke dusi ili ojtesi doma .....cel bulevar e zatvoren grado ne funkcionira kako so treba,edvaj stignav na rabota I Zaev dosta igra tasaci ako gi kazva bombite neka gi kazi ednas I neka zavrsi ova sostojba vo drzavata .... I edno nesto GRUEVSKI nema taka lesno da si zamini od vlast veke na site jasno nie 2 mil. narod sme vo drzavata I ne mozime da se razberime
Како ме фаќа сафрааааааа... Ај да си одиме домааааааааааа!!!! Одма,сега сакам. Сакам и постела мека бела. Сакам и вино и музиче и убав ручек. АМА НЕМА!!! Скапи, работи, куцај, нека ти цркнат очите во очи продолжен викенд и уште ќе ти речат, еј абе а утре мора да не се работи?! Дури и да не мора, да според мене МОРА ДА НЕ СЕ РАБОТИ ПИЧКАЛИМУМАТЕРИНА!!!
Добро бе, да не постоеше опцијата „Ми се допаѓа“ на Фејсбук, ќе знаеја машкиве деца да се пуштаат или потешко? Ајде мрш таму!
Не знам за вас, ама јас не си се признавам потполно за порасната додека се' уште собата си ја нарекувам детска...
Сфаќате дека докажувајќи си себеси колку силен и решителен карактер сте губите драгоцено време. Се гордеете со она „се можам сама“, но сепак знае да ве зафати силна осаменост, а тогаш мислата ви ита само на едно место... Вие знаете каде/ кај кого! И конечно како да го молев небото да заврне. Како да го молев да заплаче. И толку болно одвнатре како едвај да дочекав да заплачам. Да се исплачам. Можеби така ранава ќе залечеше. Солзите ќе ја исчистеа, ќе најдев малку ронка надеж.
Сакам некој да дојде и да ми каже „еј ова направи го„. Сакам некој да дојде и да ми го олесни изборот. Стојам на делница, лево или десно? Незнам кој пат да го одберам. И двата се трнливи, и двата ќе бидат болни, и двата ќе донесат несреќа, и двата ќе донесат среќа. Сепак кој е вистинскиот избор? Сакам да добијам некој знак, нешто било што, нешто што ќе ми помогне да тргнам по едниот пат, било кој... Сама незнам, се плашам, се плачам дека нема да го направам вистинскиот избор, се плаќам дека ќе згрешам, а за таква работа грешки не се дозволени. Тоа е работа од која зависи животот. Сакам само некаков знак, сакам некој да ме бутне накај едниот пат... Сакам некој друг да го направи изборот наместо мене. Ми треба некој знак. Боже дај ми знак.
До кој степен е дозволено шала на туѓа сметка? До степен оној исмејуваниот да се најде во незгодна ситуација и да не знае што да каже? Па да посака да си отиде од местото и потоа да им кажеш се што имаш во порака а тој да се изјасни со "немам зборови?" Кај отиде народот бе? кај отиде вистинското пријателство? Оние луѓе кои се секогаш покрај тебе? Ги нема.. Да ти ебам простиот народ да ти ебам.
Ги oбoжaвaм уличните музичaри...штетa штo кaј нaс ги немa мнoгу, aмa кoгa и дa нaчекaм некoј вo гтц ми пее душичкaвa сo нив Ги oбoжaвaм и седaнките нa плoштaдите низ еврoпските метрoпoли Нештo ми се oди негде нa стрaнa... Ми се учaт некaкви други трaдиции и oбичaи, ми се сaкa oбид зa вклoпувaње вo непoзнaтo Дa се рaзбереме, не декa цмиздрaм декa oвде не чини, негo сaкaм авантура , oнa кoгa излегувaш и немaш пoјмa штo и кoгo би видел или нaпрaвил... Сo љубoв, вaшa М
Омилен дел од утрото ми е шминкањето. Омилен дел од вечерта ми е вадењето на шминка. Него на некои девојки би им го скрила бронзерот.
Ми влезе пред малце крадец дома.Место тој да ме исплаши мене ,јас го исплашив него и побегна.Ебате идиотот незнае ни саглам да провали
Што да ви кажам, а да не бидам безобразна Светско, а наше Нека ви биде поздрав од мене за добра ноќ и убав продолжен викенд