Нека не ме сфатат погрешно тие што ќе се пронајдат во постов ама многу ми бодат очи (или можеби само не ми се сфатливи) јузери со аватари од слики понудени од форумов. Не знам зошто.. О боже зарем толку не можете да си го окарактеризирате профилот со сопствен избор на слика?!
Имаа неколку феминки напишано за тоа дека денеска многу пишуваат на фб за празников, се сложувам со тоа дека нема потреба од такви работи, иако кога ќе ми текне пред неколку години кога бев помала и јас имам пишано , но сега мислам дека најважно е да се побара прошка од тие кои навистина ни значат (во мојот случај: семејство, вистински другарки и дечко), а не од 1000 луѓе со кои имаме само едно здраво... Денов ист како вчера... за дома седење само, ама таман денеска и онака дома се седи. Во план ми е убава вечера со најблиските, а подоцна гледање на доделувањето на оскари Ви го препорачувам на сите истото
Спојлер Остајте ги тие теории. Јас не ги прифаќам. За мене, Бранко е крив! Нема место за компромиси. Баталете и тоа. И онака има време и за тоа, ќе не` затрупаат со реклами и кампањи. Јас дојде нешто друго да изјавам, да потврдам, да соопштам, да си простам. Изедох пола тепсија кадаиф и испив не знам колку пиво. И сега ми е многу криво. Што рима беше ова, кога се римуваат втор и трет стих? Друго да соопштам. Убаво си рекле: - Паметните учат од туѓите грешки, а будалите од своите. Па барем Вие учете од моите, ако ништо друго. Никогаш, не ги ставајте сите пара патики за перење! Секогаш остајте барем еден пар, за залихи. Инаку ќе треба да излегувате од дома, со лапастолка и исклучително кратка чарапа, за да биде мање приметливо. Со коој памет? Ај нека огрее сонце, барем еден пар да ми се исуши. Чумки утре сум прва смена.
Убав ден е денес, семеен ден. На ручек со најблиските, во некоја мирна атмосфера, со правење лежерни муабети... Од утре почнуваат постите, ама и годинава ќе ги рипнам. И така не јадам како што треба, здравјето не ми е стаблно, а за време на пости јадам уште помалку и понездраво некако. Ајде, можеби наредната година. И конечно дојде март, сега годината ќе помине како една секунда, едно трепнување, еден здив. Важно летото е се поблиску, плажата, а морето веќе можам да го слушнам како ме повикува. Ама годинава ќе одговорам на повикот. Еххххх....
Ден за простување и барање да ви простат. Побарајте да ви простат од повозрасните и простете на оние кои ви згрешиле, за тоа е денешниов ден И запомнете голем човек е оној кој простува
Чувствуваш како те камшикуваат со реалноста. Тој повеќе нема да се врати. Ете ја реалноста. Те жигосаа, ти ги зарија ноктите во твојата отворена рана и те оставија да крвариш.Тоа ти го прават чувствата.Те убиваат. Психички.А потоа и физички. Најпрвин срцето ти се склопчува и ја добива големината на твојот палец, не на твојата дланка. Неговото пулсирање се успорува со секоја измината секунда. А пак канџите кои ги носат деновите обоени со неговото отсуство ринат под твојата кожа, се подлабоко.
Не побарав прошка од никого да дури ни од моите ,можеби ќе ви звучам лошо но јас не го обожавам овој празник,глупости: прости ми за се што грешев и ајде :простено нека ти е од бога и од мене Не бе не ми е убаво така,глупо ми е Значи ако си човек простувај секогаш ,но не секое дело заслужува прошка ,сепак секој заслужува и 2ра шанса но ... сум правела можеби грешка но хмм мислам дека не ,не сум направила нешто што треба да ми се прости ,и не си се каам за ништо од лани па се до денешен ден Проштевам секоја ден,ценам и ги сакам оние кои заслужуваат,и добро размислувам пред да направам некој посериозен чекор... (барем досега-засега ) Душата ми е исполнета убаво ми е, дајбоже цела година да ми биде ваква каква што е до сега,поубаво здравје,не се жалам за ништо напротив презадоволна сум од тоа што го доживувам овие 2 изминати месеци од 2014 ...а и оваа ќе ви го кажам : ''Сакајте ги вашите најблиски тие се единствените кои секогаш ви посакуваат најдобро '' Имајте убава вечер сите
Животот е тркало а работите течат и се менуваат. Треба само малку повеќе да обрнеме внимание на вистинските вредности...
Дали го направив она што требаше или.....сепак не.А неможам без него,знам дека нема да издржам ама нема да го побарам..немам храброст,немам лице за тоа после се.И ништо нема да биде како порано,деновите ќе поминуваат прашувајќи се ''што ако,,?... потајно ќе се надевам дека ќе ме побара а знам дека нема..ама сепак ќе се надевам. Ќе мечтаам за неговите прегратки и бакнежи,за него..ама нема да се јавам. Вака е подобро за него,лесно ќе се одвикне од мене,ќе запознае друга и ќе ја сака како никоја друга. А јас?.. ххах не е важно,јас можам и вака ..се навикнав да го губам. Може ќе помине,а може и не..сакам само да биде среќен,а знам дека со мене неможе да биде..затоа е подобро вака. Ќе се заљуби тој пак во некоја друга,ќе и пружи неизмерна љубов..ќе има се што неможеше со мене..и знам дека ќе биде среќен. А за мене не е ни важно,ќе го поминам и ова ваљда..или сепак нема..
Би се дефинирала како времево или облаците,или можеби дождот.Потонав во сон со тој звук, ме смирува,ми ја движи душата.Ноти на животот. Март е. Понекогаш сум плашлива и несигурна,расеана и често збунета.Јас сакам насмевки и мали радости. Ќе останам вечен сонувач,заљубен во доцната есен и раната пролет.Често премолчувам половина од реченицата. Еднаш знаев што е љубов. Сакам долги патувања и црно кафе.Сакам кога денот ми почнува рано. Сакам облаци од среќа и љубов а помалку признавам и оние другите. Небото има убава боја денес.
Само што завршив со читање на трогателна приказна за една девојка како после 19 години заедно се збогува засекогаш со својот миленик и прснав у плачење, со крокодилски солзи и испуштање крици кои викаат нека ме гушне некој, одма, боле! Обично ги избегнувам ваквите постови пошто влијаат депресивно на мене, но ете сега не можев да го прескокнам. Меѓу нозе ми спиеше пит булот наш, кога му скокнав да го гушкам, да го бакнувам, да го стискам, како да знаеше дека ми е тешко и само ме гледа со тие најпрекрасни жолти очиња и со рачето ме гребе... Уште толку многу заплакав, светот ми се сврти... Мајка ми влета во соба, ја исплашив грејната, мисле нешто се случило. -Епа и се случи, пробав за момент да го замислам нашиот живот без Баки или Луси и срцето ми се искина, душата ми овена, емоциите беа пребрзи... Сега еве ќе станам да и направам вечера на Луси, таа е доле кај дедо и баба, и да си ја изнагушкам и изнаљубам и неа, не може да се во иста просторија со Баки па затоа таа си е доле, сакаат да се парат, а е премала, и се едноставно преразлични раси, сосем инакви оски се, но се две бескрајно убави и паметни животни, без кои не можам животот да си го замислам, не можам, и секогаш кога имам црни мисли како пред малку, што би било и како би било после нивната смрт, одма пресечувам таму, стискам заби, вилица, и ги бркам тие мисли, не прифаќам такво нешто, не!!! Еднаш една пријателка ми рече, Ти Ане повеќе ги сакаш и повеќе ги жалиш животните отколку луѓето а?! Не ми рече, ме праша де. Јас само кратко и реков, од некои да, од некои луѓе да. И луѓето и животните имаат срца, животните возвраќаат бескрајно и на најмала пажња и емоција од страна на човек, а за разлика па луѓето, се поинакви, не можам да го кажам истото, не сите умеат да љубат и ценат, и не секој ти го вреднува, забележува и памти направното добро, така да, да, за некои луѓе не, не ми е воопшто жал, и не ги сакам, нит се грижам. Додека па ако видам животно на улица, во лоша состојба, срце во истата секунда ми се кине, и нема шанса да го оставам така, никогаш не сум оставила, дали со храна, дали со сместување на побезбедно место, или па давање на огласи, помагам, помагам со сите сили, пошто тоа мало срце нема да ме повреди ниту осуди, него со очи ми се заблагодарува и во истиот момент ти дава трошка среќа. За разлика од многу луѓе, на кои им даваш се, твоето време, твоето присуство, подршка, разбирање, совет, љубов, и сепак, ќе успеат на крај да ти се посерат на главата, да направат да им го посакаш најлошото, да се обвинуваш себеси за тоа оти си добар и наивен, дека треба да си остар, строг и ладен, ама секој е скроен различно, а кројката не толку лесно се менува. И не сите луѓе се добри, не.
Вчера прекрасно си поминав,со одлично друштво и саканиот. Денес исто така беше добар денот,само што ми сметаше малку тоа што врне... јас сум сончево дете затоа. Многу голем љубител сум на животните и секогаш висам на страните за заштита на животни,а во тој случај не можам ни да ги одбегнам лошите случки.Ме растажи случката со магаренцето што го нашле претепано,ме расплака.Исто и јас како anuskaNestle го прочитав писмото за девојката која морала да се раздели од своето куче и тоа многу ме расплака,бидејќи знам како е.Многу сум емотивна,се ме трогнува многу и со денови не можам да се ослободам од тоа тажно чувство,во мислите ми е секојдневно.Зошто луѓето мислат дека имаат право да повредат животинче ? Немаме право ние на нешто такво,бидејќи ние припаѓаме на природата,а не таа на нас.Немаме право да повредиме невино суштество,душа која има чувства исто како нас.Не знаете колку сум лута кога ќе се сетам што се прават луѓето,да имам некаква моќ одма би ги уништила...но немам и затоа ќе чекам тој што треба да им врати за секое зло што го направиле. За крај би сакала да кажам Среќен роденден на сестра ми,порасна и таа. Спојлер p.s. Повелете на торта . Пријатна ноќ
EMoonlight... СРЕЌЕН РОДЕНДЕН! На твојата сестра, да е жива, здрава, весела и се нај нај најубаво....Да и се множат годинките..... Да слави уште многу родендени во неизмерна среќа и радост со најблиските.
Сдк ... Има моменти кои не можеш да ги опишеш со зборови. А има и личности, кои те разбираат и кога молчиш... За вас нека вашето лице го краси една искривена линија ja движам раката вака Затоа што поинаку не можам да ве поздравам
И ете го помина јануари,февруари..веќе 3ти март,а јас сум истото детиште. Заебете тоа New Year-new me и слично,мижи да ти баам е тоа. Уствари не сум исто. Иам 4+ на тест физика.Имам и уште нешто така пролазно,некои грепки ама ќе поминат.Тежина малку,и психичка и физичка богами. Имам и 6 часа денес у школо,и уште 10 дена од диетата де. А,да,и кафеав корен,да не заборавам,требиТ да се фарбам. А што неам хммммммммм. Married статус на Фејсбук.1965 песни у телефон,due to заебување на мемориската.5 кила на мене исто така неам.И туш за очи неам де. Се сменија некои работи у последниве 2 недели.Нешто сакам да остане така,а нешто да тргне на подобро.Ми останува само да се надевам. http://www.youtube.com/watch?v=0L5Y98yHo7o П.С-Имам и нагон за силување на пеачов. Ajт.
Колку треба да бидеш тролејбус за да истуриш полна шоља кафе врз куп предмети Се мириса на кафе, боже мили, градоначалникот од глава ќе ми ги тресне кога ќе ги види
Денеска ми е еден од оние денови, кога пробувам да изигрувам дека сум добро. Се смеам со сила, онака си ставам лажна насмевка на лицето, и си замислувам за тоа колку сум среќна. Иако имам бодежи во гради, насолзени очи и желба да се провикнам гласно, да речам ' Не, не, воопшто не сум добро ' ,јас избрав да глумам нешто, што не ми прилега. Искрено, толку сум провидна. Дури и сама за себе си мислам дека станувам очајна. Кое лицемерие сум значи.. Велат, многу малку е потребно да бидеш среќна. Е мене,токму тоа малку ми недостига да сум среќна. Само тоа малку.. Не знам дали е до денов, или до работите кои ги дознав, но истоштена сум. Изморена сум веќе од борбава. Изморена сум од тоа да глумам нешто што не сум. Изморена сум од грешките во минатото,кои сеуште непрестано ме следаат. Изморена сум од раните кои сеуште крвараат, и секој ден се повеќе печат. И изморена сум од тебе знаеш. Да, да. Мака ми е веќе да ми раскажуваш за тоа како јас не ја ценам твојата љубов, како те сметам за глупав, како се обидувам да те потчинам. Искрено, мака ми е. Одамна кренав раце од се, но зборовите сакала или не, сеуште ме болат. ** Ви посакувам пријатен ден драги феминки! Искористете го денот максимално. Посакувам да застане времето, да престанат да работат стрелките на часовникот, и да уживате во убавите моменти. Да бидат тоа бескрајни моменти. Времето не се враќа. А за некои моменти, неостварени, можете да се каете. Остварете се денес, не оставајте ништо за утре. Можеби утре нема да ја имате денешната привилегија