Се ми фали, ама само тој ми недостига. Највеќе од се во животов ми фали прегратка. Таква топла. Мила. Што може да те смири за миг. Кога за миг стануваш глув за се што се наоѓа надвор од тие испреплетени раце околу тебе, кога постојат само два пара очи и само две срцебиења. Што иако наоколу се се руши и претвора во прашина, во тие две посебни раце е твоето најбезбедно катче на светот. Е таа емоција многу често ми фали.
Зошто погрешни личости влегуваат во нашиот живот? Зошто им дозвоолуваме? Зошто понекогаш сме толку слаби?
А бе, си седиме со баба ми, мајка ми и сестра ми си гледаме Zvezde Granda. Јас требаше да се јавам на телефон и излегов надвор да зборам. Се вратив во соба и прашувам: Јас : Шо бидна со женската..(нез која беше) Баба ми : Па ништо, ја испратија дома. Јас: Амаан зш шоубо пееше?! Баба ми : Незнам немала добар вибратоР.. Така и кажа жирито.. Јас : Бабо маа добро ај наредната година ке помине ....сигурно мислеше на "вибрато" а она "вибратоР" Цркнав значи
Lesno vi e da hejtate na anonimen forum.Kriejki se zad nikot si plukate po lugje I gi delite po religija, nacionalnost, politicka opredelenost...Se kladam deka vo zivo samo kukavicki klimate so glava I si gi goltate frustraciite.
Вас ви се десило да седнете после работа со другарките и да се расположите. Да се враќате накај дома и да го сретнете на Рекорд, исто расположен и одеднаш и на двајцата да ви падне мрак пред очи и да се испцуете со насмевка? И после да си пратите 100 пораки со извини, не ти извини, не ти извини, не,не ти извини... Епа четвртоков така. Другарка ми со блесок во очите - уау, баш ти е интересен животов, сакам и јас вака, ништо не ми се случува. Инает, гордост, муљ на душа од мака... ако може универзумов да поработи на *забава* во другите сегменти во мојов живот. Да се разбереме, можете да сакате некој да биде татко на вашите деца, но не мора да ви биде сопруг, од друга страна може да сакате некој да ви биде сопруг, но не татко на вашите деца...
Далеку сум од перфекционист, ама кога работам нешто сакам да го сработам како што треба. Па макар и кога пишувам честитка за свадба. Еве од сабајле се мислам што креативно да им смислам. И се нервирам кога не ми текнува ништо уникатно. Мразам праено недопраено, оставено на пола или тутнато од типот, абе шо ми е гајле колку да помине, поминува. Кај мене не поминува. И имам око за такви работи и не сакам такви луѓе, кои работат ради реда, фушерајски.
Ех да имам храброст да ти кажам се во лице. Да ти кажам дека си ѓубре и дека те мразам колку што те сакам. Оти ми правиш да се грозам сама од себе додека го пишувам ова. Оти секогаш ми пикаш во очи се што си направил за мене и за нас, а забораваш колку не повредуваш. Не ми е гајле ако ова што го мислам ме прави лоша личност или лоша ќерка, не можам да поднесам, срцето ми се кине кога ги слушам сите тие погрдни зборови упатени кон мајка ми. Пцовките во кои ги спомнуваш починатата и мајка и сестра и. Па немаш ли ти барем малку жал?! Немаш ли совест?! И зошто?! Затоа што не можеш на тој што те изнервирал, па ајде на неа, што ти може. Душата ме боли. За сета добрина, за животот што си го посвети на него и на неговото здравје и ни во еден момент не помисли на себе ете што добива. И ете ја плаче во тоалетот, а јас се молам што побрзо да застане на свои нозе и да бега од овде. И јас ќе заминам брзо. Ќе заминам и око нема да ми трепне оти не оставам фамилија зад себе, туку страв и терор. И што ти вреди материјалното задоволство што си ми го пружил некогаш и на кое секојдневно ме потсетуваш кога ми го зема здравјето. Насмевката ми ја зема ! Не сум благодарна!! Не сум !!! Бегајте жени од такви! Мамините синчиња не се менуваат! Себични, горделиви, самобендисани, фраеришта, не се тоа вистински мажи. Покрај таков пораснав и сега знам што не сакам во мојот живот.
СДК дека обожавам музика, и дека ми е многу криво кога ќе испуштам квалитетна свирка/концерт. Затоа решив да си ја почастам душата со комплет карти за OFFest, иако не најдов друштво за истиот фестивал. Неколку пати ми доаѓаше да ги продадам картите зошто сепак одам сама, некако ми е непријатно среде толку луѓе јас да си стојам сама, но мило ми е што не го направив тоа. После енергијата што концертиве ми ја пружија, убедена сум дека тоа ќе ми беше најголемата грешка. Не дозволувајте ништо да ве спречи во уживањето во животот, зошто сепак е прекраток за да си ги скратите и оние задоволства кои можете да си ги приуштите. P.S. Кој хетерозис од карактери човече, кои аури. Wow
Не ме нервира тоа што ме лажат,ме нервира тоа што мислат дека им верувам... Колку глупи луѓе постојат... Колку е лошо кога седиш со некој што не ти е баш близок и он кажува нешто на кое сам ќе си се изнасмее,а тебе воопшто не ти е смешно и се смееш само колку да не му падне глупо. ×D
Баба ми и дедо ми, повеќе од 50 години заедно. И после цело тоа време, секој ден без исклучок и носи цвеќе, а навечер ја бакнува за да може да заспие. Доказ дека љубовта не само што постои, нема ни рок на траење
http://vesti.mk/read/news/5574868/2...izbrano-megju-14-te-idni-svetski-mladi-lideri „Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун синоќа на свеченост во Брисел го круниса Македонецот Даниел Михајловски како еден од идните 14-те светски млади лидери, јави дописникот на МИА од Брисел. Михајловски, како претставник на СОС Детско село од Македонија, е еден од 14-те идни млади лидери во светот според изборот на Обединетите нации и Европската комисија, кои заедно го организираа овој избор на претставници на различни земји и националности ширум светот. Дваесет и тригодишниот Михајловски уште како дете е рано останат без родители и е израснат во СОС Детско село. Тој е дипломиран економист и работи како архивар во Министерството за финансии на Република Македонија.“ Животот на дечково ич не бил лесен. Ама ич. Му умреле родителите, немало кој да го чува, го дале во СОС детското село. Вработен е во Министертво со бран на вработувања на деца без родители во државни институции, на едноставна работа, архивар, и додека работел студирал и завршил факултет. И свој труд станува еден од најперспективните млади луѓе, и тоа признато од страна на ОН. Немал татко да му фаќа врски, немал некој да го бутка напред, да му плаќа приватни часови, приватни факултети, да му купува скапа облека, да го носи на екскурзии низ Европа, немал ништо. Се имал себе и направил се за да успее сам. Затоа, кога некоја шмизла ќе се мава од земја како животот не бил фер оти сите имале врски, а она не успеала во некоја желба, ќе и го пратам линков.
Премногу чувствувам, премногу се грижам, премногу не ми е сеедно, особено за оние кои ми значат. Понекогаш тоа ме прави да се чувствувам толку исполнето, но понекогаш ме турка на дното. Не знам дали ова да го сметам за предност или недостаток...
Она кога збориш со дечко шо знаеш дека има девојка и го прашуваш дали има девојка и ти вика не. Жал за девојката. Подалеку од ваквите.
Кога ќе се сетам дека еден од бившите, кога работеше во еден кафич ми велеше дека некои од неговите бивши девојки оделе таму со новите дечковци за да го прават љубоморен, не знаев дали да се смеам на глупавоста или да плачам зошто неговото ниво на интелегенција паѓаше и за малце на беше влегло во минус. Значи ако јас одам со моја другарка и друштвото на нејзниот дечко, каде што работи тој, моронот ќе си помисли дека одам за да го видам и дека сакам да го направам љубоморен. Па не одам бре, ниту сакам да го видам ниту па љубоморен да го направам. Си страдаат луѓето од сопствените размислувања, ама нема поочајно од тоа дојде со дечкото за да ме види. Абе сигурно можеби и ќе стани од местото и ќе те бакне.
Ќе го искористам овој пост да упатам еден огромен апел до сите. Знам дека многу од вас сакаат да донираат но донирањето исклучиво на трансакциска сметка мислам дека честопати не кочи.Да има кутија некаде секој ден човек ќе пушти 10-20 денари, по банките мора да одвоиш и поголема сума плус и провизија...Јас гледам да најдам време за да претрчам до банка, но мислам дека доколку има кутија покрај која секој ден поминувам нема да ја одминам и поголеми ќе се шансите да помогнам. Затоа Ве молам сите вас што сте од Скопје или живеете во Скопје, а секојдневно или понекогаш поминувате на Рекорд кај поранешен Мекдоналдс, немојте да ја одминете кутијата на Анима Мунди на штандот на чичко Драги, кој е социјален случај, едвај преживува продавајќи дрембулии и притоа е активист и се грижи за голем број бездомни кучиња .Приказната за чичко Драги ја прочитав одамна на нивната фб страна и очите ми се наполнија со солзи.По извесен период се најдов случајно на Рекорд и ја забележав кутијата, отидов да ставам пари внатре и човекот веднаш скокна и ми подаде едно стегаче, јас не сакав да го земам се наежив, човекот живее од тие дрембулии јас уште да го земам стегачето , ама тој инсистираше, ми рече , не ќе го земеш јас сакам да те почастам. Не можам да ви опишам што се имаше во погледот на тој човек, ми дојде да се расплачам тука на сред Рекорд како мало дете.Пред некој ден повторно случајно се најдов на Рекорд, и повторно ми текна на чичко Драги и кутијата на неговиот штанд и повторно немав срце да го одминам.Човекот повторно скокна, се расположи и ми подаде шнола.Овој пат не негодував, ја земав ете како спомен и обична шнола е ама мене ми значи, иако не го познавам чичко Драги, запознаена сум со неговата несебичност и добрина. Затоа уште еднаш Ве замолувам, сите љубители на животните, сите оние на кој срцето ви се стега кога ќе ви се сретне погледот со некое бездомно кутре или воошто животно, а посебно оние кои секојдневно минувате на Рекорд, немојте да ја одминете кутијата на чичко Драги.