100 пати имам напишано,ама пак ке напишам ВРЕМЕТО ЛЕТАААААААААААААА. П.С. се надевам дека овај месец на сите ке ни помине незаборавно!!
Маж кој еднаш кренал рака на жена НЕ Е МАЖ!!!! а кажано е дека штом еднаш кренал ќе крене пак и не постои оправдување за тоа бре!!!!!!! Маж -заради кого си носела модрица на себе неколку дена. неее ееее маааж! феминки :/ пробав секако, не сфаќа повторно се враќа кај него. Ме боли кога ја гледам тажна,замислена, а си мисли дека го крие тоа со постојаната насмевка. Никој кој го познава не кажал добар збор за него. ... само сакам да е среќна!
Не,не ги разбирам болниците како кафичи каде докторите само ги послужуваат болните. Кога болницата е на неколку метри од мене,зошто едноставно да не претрчам до таму и да им кажам на тие што се трета смена? Ми објаснија моиве каде да појдам и појдов.Друга работа е што брза помош редовно поминува низ град,се случува и неколку пати во една вечер да помине,се чудам и тие како не го забележале човекот... Ај ќе речеме сигурно пренесувале друг човек во болницата па затоа е тоа така.... Нит сирена беше вклучена,нит пак возилово брзаше кон болница,а во мојов град многу често знаат овие од брза помош да не ги сфаќаат сериозно луѓето кои им се јавуваат мислејќи дека некои деца ги зафркаваат по телефон,како што се случуваше едно време. Сигурна сум дека таа вечер не пренесувале некого дури 4 пати до болница. Не генерализирам велејќи дека докторите од брза помош не ја работат својата работа како што треба,туку само кажувам нашиве овде какви се. Јас го направив она што сметав дека во тој момент е правилно и се трудев да го направам тоа што побрзо,дури и таму кога кажав што е човекот само мрзливо и незаинтересирано ми одговори: ,,Добро".
Слушаш некоја песна што стварно ти се свиѓа, и си викаш ваа е таа што ќе ја утепам наредните три-четири дена...
СДК Јас те разбирам Анабел, ама разбери ги и вработените во болниците дека нивното работно место им зависи од тоа.. За тие што се трета смена еднакво зависи правилото дека не смеат да го напуштат работното место како и тие од прва. А ако викнеш брза помош а не се појави на лице место, тогаш слободно можете да ги пријавите.. Ако некои недозреани деца се зафркавале по телефон, не значи дека сите се недозреани и дека треба брзата помош кафенце да си пие додека некој моли за помош. Брзата помош постапува по повик, не е нивна должност да оди по улица и да собира пијани, болни итн.. Дури и ако не се лажам (ова го учев некаде по право) ако предизвика некаква помала несреќа при транспорт на болно лице, нема обврска да застане.. Што значи - следен пат јави се и повикај ги. Ако не дојдат, пријави ги. Сите среќни, здрави и живи. Мислам, ова што го пишував не е за да ти контрам дека не треба медицинска помош да се пружи, туку да ти кажам што да правиш во иднина се надевам добронамерно го разбра..
Не можеш да ме импресионираш со ист став како мојот онолку колку што можеш со почитување и на спротивните... ниту пак да ме изненадиш непријатно со дијаметрално спротивно мислење од моето - како што можеш со арогантен однос во аргументирањето и наметнување на истото. Always remember this...
А баш кога ќе си видам некој бивши, наместо да го погледнам вообразено или да го вадам телефонот пред себе за да имам изговор дека не сум го ни забележала, милувам да му се насмевнам и да го оставам во ребус. Ниту ми е срам, ниту ми е глупаво туку баш ќе излезам фер дека сум го поздравила, а можеби и нема да заспие типот таа вечер. Никогаш не сум се срамела за вакви нешта, само disadvantage ми е што другарките цело време ме тераат прва да му пријдам на оној кој на некоја од нив и се допаѓа. Па да и го „местам’’, па да го прашам за име, за број... А јас не сфаќам зошто толку се срамат, на крајот на краиштата, awkward ситуации во животот и на овој и на оној начин ќе имаат уште многу, па зошто да не си ја пробаат среќата?
Е ај сеа ? Пред 6 месеци си купив Асус Трансформерче со Windows 8.1 Само што го научив што и како со овој новиов Windows ((((((( БAAAAAAMMMM ))))) ја ги овие од Microsoft со порака за надградба за новиот Windows 10 ??? Абе, чекајте малце бе, само што почнав да се навикнувам на овој 8.1 што и како функционира, таман го натокмив, овие малку тоа полецка, прво на 9-че , туку правац у 10-ка. И ми опишуваат со сликички како бил 10 - чево 100 пута бољи, па види како ова - она нема у твојов сеа крнтија 8.1 , види овде све лепота, то све лепрша и фршти само, што ќе ти тој’’ стариот’’ Windows итн. 6 месеци откако го имам и крнтија го прогласија цццц.....је***ш тоа технологијата, не ти даваат ни да провикнеш очи на ова што си купил, одма тресссс со нешто ново ! Пффффффф
На наједноставен начин објаснето, што означува немањето на татко, или воедно на еден родител... Значи уште од мали нозе 10 пати подобро однесување во споредба на другите деца се со цел да не речат комшиите еве го овај наркоманов, 10 пати подобри оценки во училиште а никогаш непофалено, 10 пати поголем капацитет за нови знаења, 10 пати поголема желба и борба во животот, 10 пати поефикасно справување и решавање на проблемите... А со која цел бе кога немаш никого кој да те потапка по рамо да ти рече браво горд сум на тебе, кога секогаш и онака си виновен за се што негативно се случува, не не и не јас не сум црниот мачор и јас носам нешто некамено... Ојј животе мој до каде ли ќе ме носиш, редно е да поживеам за самиот себеси доста за другите! filling-like a shit...
Нов месец.нов ден ,утрово станав,и ја скинав страницата со Мај од календарот,велат дека секој почеток на нешто ново, носи нешто добро,плус и Понеделник е,а да,колку би сакала да верувам во ова,а мене се ми започна од горе на горе(малку србизам не е на одмет )без разлика кој и да е месец,јас се повеќе сум разочарана од одредени персони,колку само жалам што им допуштам да ми ја црпат енергијата и еланот за живот. Би сакала да наздравам ,гледајќи го во очи животов ,и иронично да му кажам дека сееуште чекам најдоброто доправа да дојде
никогаш не се разочарувајте од туѓите коментари луѓето имат право на свое мислње што не значи дека се во право....
Кога е полна месечината, како вчера и денес, јас неможам да заспијам. Незнам зошто, ама откога знам за себе, секогаш на полна месечина сум жива ненаспана
Уф колку ми е мака и досадно и глупо. Не ми се живеј појќе Ме уништи и екстерно и се. Многу убо почна месецов, што ќе ви кажам, многу убаво
Отсекогаш сум била личност склона кон депресивни и конфузни периоди и сум можеби една од најнеодлучните личности на светов, но ми се чини дека со период како овој до сега не сум се соочила. Толку многу прашања ме мачат, се чувствувам изгубено и не знам што понатаму... не знам каде да ги барам одговорите за се што ми тежи, на секое реторичко прашање кое си го поставувам сама на себе. Изгубена сум до максимум... но не планирам веќе ништо, што и да одлучам ќе биде преку ноќ и најспонтано што може, со ова размислување и анализирање на детали јас само повеќе прашалници имам... Ама така е кога не се соочувам на време со проблеми, туку ги закопувам некаде длабоко, се тешам дека се само минливи периоди и после малце ми фали за одеднаш се да излезе на површина и да не знам каде ми е главата. Храброст ми фали, ете тоа...
Вечерва ми е една од најубавите во долго долго време....положено све и успешно завршена година.И не знам дали има нешто поубаво од тоа во овој момент...да знаеш дека цело лето ти е слободно