Се нaјдoв пoвикaнa oти oд денес пoчнувaм диетa пa дa се јaвaм. Немaaт сите мнoгу килoгрaми зa симнувaње, имaм 3-4 вишoк, штo и не се бaш вишoк, дoбрo ми стoјaт пoдoблеченa aмa зa нa плaжa не сaкaм дa ги имaм. Зa еден месец леснo се симнувaaт без глaдувaње, припaѓaње и не знaм кaкви нaпoри. Пoсле тoa пaк ќе си ги врaтaм (зa мaж ми ги стaвaм, дa не е сo прaзни рaце)
Океј, оке е. Само престанете. Во сред испитна сесија, кога следен понеделник полагам 2 испита, мораа комшиите да рушат, градат и да не го остават човек на раат ни да спие, ни да јаде, а тек да учи. Why, why? А бев решена и двата да ги спремам, да ги положам
Многу ја сакам месечината и обожавам да ја гледам поготово кога е полна. Ете вчера имаше полна месечина. Небото беше прекрасно шо ми доаѓаше да преспијам на тераса. Сакав да ја фотографирам ама немам некој баш јак апарат, а и камерата на мобилниот ми е катастрофална, но сепак реков ќе пробам. И успеав да ја сликнам ама се гледа дека е сликано со мобилен.
Денес е ден од оние денови кога ќе станам рано и сто процентно ќе се посветам само на себе си. Бев на базен, па на една масажа и сега се чувствувам како препородено. Незаменливо чувство. Полна сум со енергија и се чувствувам толку прекрасно и релаксирано.А во сето тоа обожавам кога се враќам накај дома со мокра коса, а сонцето,без трошка срам ме пече по лицето. Би го повторувала ова секој ден, но креветот не ме пушта да станам понекогаш. Спанка голема. Имајте и вие убав ден.
Утрото поубаво не можеше да ми започне(имам другарка,на која деновиве и е роденден,и ми се јавува утрово да каже дека резервирала одмор Калитеа,за да не почести со другата другарка)арно ама,ќе плати сместување,кое не е толку скапо со оглед на тоа што не сме во ек на сезона,и ќе одиме со нејзина кола,е сега лошо е што јас не работам( не дека нема да ми дадат моите)ама периодов се истрошивме многу и плус најважното,срам ми е да им барам на овие годиникога работев,други ми беа сопствените можности,без лимитирање и без граници,а сега би одела со "броени пари".Ама,ако,ќе одам по секоја цена,мора да се издувам малку,да се врати старата Рама,доста беше паѓањее под негативно влијание,и муабети од типот на зошто не работиш,и зошто не се мажиш,веќе преку глава ми е,асален муабет не направиле ни роднини ни комшии,освен овие "2 прашања",не грижете се душебрижници,ви ветувам дека ќе се омажам Сега, прашањето е како ќе реагират моите кога ќе им кажам вечер од нигде никаде дека јас Четврток сабајле заминувам..м?!
Зошто си толку секси? Зошто баш jас те имам тебе? Со што те заслужив? Сега знам, ти си тоj! Моj! Еден и единствен!
Ајде повели, придружи ми се, во оние денови кога сум цврсто одлучена да станам порано. А покасно ако се оди, не е тоа тоа.
Ранобудна сум јас, во 06.15 најдоцна се будам. Ама пробемот ми е во тоа што неможам да одам никаде, мнооогу сум зафатена
Само мене ли ми е лигаво кога некој ќе ме нарече маче или кога ке слушнам некој некого да нарекува маче? Одвратно!!
Пред некој ден ја сретнав сестрата на дедо ми, жената што буквално ме израсна. Жена која што го победи ракот, жена која дојде со средена фризура и се правеше како да не поминала низ пекол. Ја гушнав силно и почнав да плачам, еве и сега ми се плаче додека пишувам, и туш ми се размачка и се'. За арна работа бевме собрани, ама срцето ме стегна. Сакам да кажам дека сум пресреќна за неа и таа е моја гордост и сила. Среќна сум што воспитала добрa ќерка и добар син, кои еве веќе возрасни со деца, со работа, и помогнаа во борбата. Сите бевме овде за неа. Сите плачевме, а сега сите сме среќни. Како да не бидеш за таков човек?
Нешто ќе се деси. Осеќам. Уморна сум. Сакам да не ми е гајле за никого. Сакам да не чувствувам притисок. Сакам да сум ослободена од сите овие чувства.
Because, ова е нашата чудесна Македонија! Напред со паролата „Бушам, значи постојам!“ Знам дека не ти помогнав, ама вака почнав да се тешам од поодамна.
Сите ние сме создадени да сакаме и да не сакаат.Токму во таа потрага доагат до израз нашите слабости и доблести.Колку повеке доминираат нашите слабости толку повеќе ја осознаваме ,со нашите доблести ја правиме поголема, искрена,исконска,невина и чиста налик на ангелска. Љубовта по која сите копнееме е заробена во соништата и бајките. Затоа нека не е толку совршена и голема. Нека биде мала, но доволна, заедно да плачеме но и да се радуваме. Нека биде две срца како едно.
Дур тераме инат пропуштаме преубави моменти кои не би можеле два пати да ги почувствуваме на своја кожа. Го мразам она чувство кога сакам нешто да направам ама инатот не ми дозволува. Инатуууу бегај од мене, бегајте со другарка ти љубомора....одете си од мене. Ќе ми го уништите животот да ви еб....
Можеби многу пропуштив .. ?! којзнае се што ќе се случуваше да не престаневме со контактот ... Таа мисла ми се врти низ главата што пропуштив ? нема одговор ..
Првиот впечаток, првото чувство, првата мисла се особено важни во секоја ситуација. Колку и да не веруваме доволно или се сомневаме дека нешто само ни изгледа привидно, така е како што ни изгледа. Понекогаш не сакаме да си признаеме дека може да е вистина она што го мислиме или чувствуваме. Потсвесно гаиме надеж дека нештата се поинакви. Шесто сетило, знак за интуиција, потсвесно насетување на реалноста, страв или утеха... Различни поими за едно исто чувство... Тоа е она што го гледаме. Чувствата се онакви какви ги доживуваме. Какви се тие, такви сме и ние. Тие не претставуваат. Мислата или ситуацијата за некоја личност не е случајност, како ни моментот што ни ги поттикнува размислувањата. Порано или подоцна впечатокот, чувството и мислата не водат во вистински или погрешен правец.