И двете. Језиво е што имам многу гадно точна интуиција. И за арно и за лошо. Сега не сакам да зборам за што е. Нема стрес што една риба не може да го надмине. Од јогосување, до медитирање, дишење, нозе у сол, си ја глеткаш авионската карта (абе пак да се пофалам, абе ало... ќе паднам во несвест од нетрпение), после си размишљаш на одморот и екипата човек до човека избрани и си викаш... животов е убав. Ова е мојата стратегија. Не е совршен, но е убав.
Ме фати криза за внуками и мојот дом во кој живеев 30 години.....сите очекуваат да се прилагодам на новиот дом за некој месец...е невозможно е!!!!
СДК .. деновиве преживувам. Со сите. Се соживувам и со сите приказни. Страшни слики од под клисурите, железничките долж Вардарот. Приказни од Сирија, па се до Скопје. Мал пресврт во целата монотонија. Со две реченици текст, постигнав мал успех. Наредниот допрва следи.
СДК дека одамна сум против овие екстерниве ср*ња,ама денес на своја кожа си осетив Си идам дома после завршувањето на колоквиумската,демек одмор после 2 недели,ама ме пречекаа да решавам задачи математика.Полагал братот мој напатен,што да му правам,не можам да го оставам Прво што се 300 прашања,кои нема теоретски шанси да ги средиш за 3 дена.Ами што од тие 300,200 се задачи и еве тврдам се што сум учела од средно,основно,факултет е вклучено.И синуси и тангенси,и плоштини и периметри,полиноми,мономи,равенки,неравенки,вектори,абе све.Не знам што не вметнале и интеграли и изводи и логаритми,уште тие фалат,ама како што тргнала работава,за некоја година и тие не бегаат. И како тоа 15годишно дете ќе ги испраксира сите да ги решава,треба или гениј да си математика-Ајнштајн или со здравјето да попуштиш. Да ги седнам министрите да решаваат и да памтат формули,башка и дигитрон не даваат.Проверка на знаењето,е мижи да ти баам. Само за во ментална да те пратат
И не постои судбина. Си ја измисливме ние луѓето да ни се најде кога грешиме. Тогаш на грешките им го даваме тоа име, за да си го објасниме животот оти ни тргнал надолу. Оној во кој грешиме. Оној во кој ни резултираат животните избори кои си ги правиме.
Разликата меѓу личноста каква што си и онаа каква што сакаш да бидеш, разликата меѓу тоа каде си во реалноста и во твоите најсветли планови, моменти за кои со насмевка копнееш размислувајќи за иднината во ноќта пред да заспиеш... е таа разлика претворете ја во инспирација наместо во страв. Добра ви ноќ!
Јас само да пријавам дека магистрирав, затоа што ве замарав повеќе од 2 години за факултет и се околу факултет
Ne znam kako nekoj go razbira ovoj Rawls sto saka da kaze. Go citam i citam ednoto isto dvaeset pati obiduvajki se da go sfatam. Vo vakvi 'ubavi' momenti, si posakuvam samo trpenie da imam.
Знаеш дома што ми се случува и сепак не ме ни праша како сум фала, ми значи... Прав другар си. А за плачење знаеш пак дека тука сум, рамо за плачење... навика ти стана. Ако, и јас поинаку ќе играм сега. Одма ќе сетиш разлика само те молам не ме прашувај што ми е. Уште сме другари ама....
Кога детето ти се смее, и кога очињата му светат од среќа, знаеш дека се‘ правиш како што треба Се‘ ќе дадам да го гледам секој ден така среќен и возбуден, како вчера, додека јас и татко му си пиеме кафенце. Ни расте детето, а со него и нашата среќа.
Сакам да кажам дека им го честитам денешниов именеден на сите оние кои се викаат Елена или Константин. Вечно име!
Чудно се чувствувам. Баш како што ни пишува во алманахот: ..Реката нашите заеднички спомени ги влече, баш така би се опишале деновиве. Иако со радост зборуваме кој што ќе носи на полуматурската вечер и каде ќе се запишуваме со средно, не ми е сеедно. Барем наставнициве ќе здивнат од септември. Ненормални проблеми им правевме сиве овие 9 години ..Голема благодарност и збогум, со надеж дека нема никогаш да се заборавиме. А сега, одиме низ лавиринтите на животот..
Убаво е да се читнат квалитетни мислења онакви какви што се делат од оние дефолтни дела од концептот што имала к'смет Стамена, макар што во последен период и јас ги практикувам. Не овај пат нема да зборувам за к'сметот на Стамена, ниту за нејзиниот дечко, па ниту за болната мајка,ами ќе се задржам на соништата и целите во животот, на оние скалила кој ги газиме секојдневно. Соништа, соништа, соништа...некои од нив не прават слаби, некои ни даваат енергија да продолжуваме во успеси, некои не влечат на дното но ние ги сонуваме, од некои ни слегуваат капки пот по челото, од некои трепериме и се раздувуваме како глуварчина на ветар, а некои пак не права вакви кретенски филозофи... Се на се сонувајте, но до одредена граница понекогаш е поубаво да се разбуди и да се живее во јавето и дефенитивно немојте, никогаш, ама реков никогаш да газите невини личности кои би дале се за вас само со цел да остварите еден од вашите болни соништа, да да не споменав погоре постојат и болни соништа, а лекот, лекот е пронајден само терапијата е премногу макотрпна и долготрајна...Убав ви ден !
Мар, изгледа не си разбрала баш убаво. И јас сум многу против екстерното, ама изгледа брат ти не си го заграл баш столчето. Еве јас за наредните три дена имам 400 прашања, и ќе ги одговорам, сигурна сум, и лани ги одговорив. Ајде да речеме дека моите биле полесни, ама и сестра ми лани имаше математика 400 прашања и ги одговори. Може да се одговорат за три дена ако навистина седнеш, а не како од шала. Второ, дигитрон даваат, еве пред некој час се вратив од полгање физика, ми дадоа да си ги запишам формулите на листот и дигитрон ми дозволија да користам. Но сепак, се согласувам дека е многу стресно, и оние што не го искусиле не можат да знаат како кога се тресеш пред комјутерот исчекувајќи го ѕвончето. Зборот ми беше, решливи се прашањата ако има добра оценка. Од кукање и жалење нема фајде. П.С. Посакај му среќа на брат ти од мене.