Нов ден... Нови сили.... Нова надеж Нови искуства..... Нови лекции..... Добро утро! Имајте убав ден! Да ве потсетам дека денеска, можеби денеска е ТОЈ ден кој го очекувавте толку многу. Breathe... Love..... Live...!!! Бидете свои и нека скромноста биде ваша најдобра карактеристика. Оставете ги грижите и пуштете го животот да тече. Тргнувам со нова надеж во новиот ден. Поздрав.
А на мојов му рекле не бива дигитрон,да биваше пола работа е завршена Па и формули ти дале,е многу убаво Стресно е оти се е опфатено,чоек јас што учам математика со години,главата ми пукна решавајќи И мора некогаш да се пожалиме,да си олесниме на душата Фала инаку,најверојатно на среќа заокружува
Трагедијата очи в очи. На терен... Поминуваме покрај пруга, да видиме објект заради бла, бла не е ни битно... и 20 Сиријци, исцрнети, распарталени со бебиња спијат во сенките. Најгрдото лице на светот го видов денес, најодвратната судбина и неправедност... Се распослав од плачење како идиот. Две постари жени дежураа, а другите спиеа, со брзина на светлината ги разбудија и сите на нога, ни се поклонија со исплашени погледи. Знаете каде боли? Директно во срце. Јас сум убедена дека ќе го заболе тоа и најголемиот психопат на светов. Уствари чекај, тој оди и убава, тој прави измислени економии, тој дели измислена правда. Маживе што беа со нас се расплакаа не па жени, цела екипа која бевме буквално бевме пожолтени од најреалната слика на светов, неправда и болка. Неколку пати до сега ми попречуваа пат во ниедно време, се плашев колку што се плашеа од мене, пријавив затоа што јас се плашев и затоа што тие се плашеа и страдаа по пругите... сега освен солзи и кнедла друго ништо... вечно врежана слика ќе ми остане. Го испратив татко ми да им однесе пакети вода и храна барем за денов, па утре каде и да се најдат... Им отишол и ги поздравил со нивниот поздрав, вика - од наш човек толкава благодарност која не сум ја сакал не сум добил, ова не е МОРАМ, ова е ТРЕБА да го направам, по зборување му го снема гласот вика извини, не можам да се воздржам ми доаѓаат солзи. Во канцеларијава сме молк... еден праша - абе ќе јадеме... сите ќутиме и никој ништо не сака во уста да стави. ЕБАТЕ ЖИВОТОТ ЕБАТЕ! Зборувајте ми за вашите одмори на Халкидики, вашите ајфони, вашите нови чевличиНа, за мирот во светот, за протестирам, за Заев и Грујо. Го гледавме филмот во Куманово, како двајца будали знаат да убијат младост и беше предупредувачка нота за бедата во која можеме да се најдеме како овие луѓе. Погрд ден не сум имала годинава... ама ова ми е бокс во фаца за сите измислени проблеми кои си ги правам, за незадоволството од прекиселото кафе, од еден куп небитности кои секојдневието ни го матат. Потсетник колку ние луѓето сме идиоти. И не, не го пишувам ова за да се пофалам, да сакав веројатно под име и презиме на фб ќе го објавев како нели и сите што го прават тоа. Ова е за да се истиштам затоа што ќе препукнам, затоа што ни сама не сум била свесна за реалната црнина која ја поминуваат овие луѓе и уште кој знае колку милиони на светов...
Најјаки ми се луѓе што сами пишуваат и замараат, и на крај ти се закануваат дека ќе те блокираат. О не, само тоа немој, цел живот ќе патам по тебе.
Една слика? Блазеси ти. Го отупеа сите можни портали, ко божем којзнае што се случило. Кејтлин вака, така, личела на Џесика Ланг, па таа што кажала, па ќерките што мислеле, па синовите, па прднала, па дали сега е различно чувството, Божеее....
Не ми се верува дека на една и текнало да помисли,а не пак да ми каже дека кај мене изгледот играл голема улога и демек од помош голема ми бил. Ама нели, се тоа со хехех, хухуху, Мислам, колку време е планирала тоа да ми го каже? Валјда пред спиење го осмислувала разговорот па сега го исплука кога најмалку требаше. И тоа ми го кажа додека се мачев на жешкото да и помогнам, (а не морав, туку сакав.) Се гледаше дека се покаја пошо потоа цело време трчаше по мене и ми се буташе за се и сешто. Сакав да и кажам хехех, ако ја тргнеш шминката, можеби и тебе ќе те видеме колку си убава хехех, ама пууу нормално, дури подоцна ми текна што да и кажам. Изгледот бре, Луѓето се ќе си најдат за да се утешат. Друг пат ќе и ја дадам сметката таа да ми плати за бедоксините и кафето ради непроспиените ноќи.
љубовта од секогаш на мене ми била слаба страна-од осмолетка па до сега што велат старите од лулка до дупка затоа и побегнав во секта-таман се спријателив со нив, ме прочистија, ме нагостија со мир и позитивна енергија ама на мајка ми ако случајно(во кавга најчесто и спомнеш збор секта ко нож под грло да и ставиш) хелоу жено благодарение на нив колку -толку парички заработив ОПАМЕТИ СЕама мама тврд орев си тера по свое а керкава што УМИРА во себе кој ја бакари да скратам: премногу тежок период во кој што немам доволно образование, курсевите се ставени на пауза потрага по работа тешко оди, а другарките се посветени само за нивните животи па тебе кој те ебе ни да пишат ни да се јават а се чуствувам ко да сум проколната во љубовта-дури гатачката што ја барав не ја најдов за да ја тргнеме црната магија
Ете колку време имам да чачкам, случајно ми излета, и еве, денес дознав дека Брус е Кејтлин. Може и сум видела слика некаде без да сфатам дека е он Сега ќе барам уште слики
Денес сум среќна,денес е мој ден,роденден ми е Само се прашувам каде лета времево ? Многу брзо ми дојде,не се чувствувам една година постара,а ми кажуваат дека не ни изгледам така,не ми пречи ако .. Ви благодарам девојки за убавите честитки,желби во Среќен Роденден. Еве ве частам Да се освежиме малку,пријатен остаток од денот.
Како созревам се повеќе ми недостига татко ми. Би дала се да можам да имам во сеќавање барем еден спомен, разговор, да ми се оѕвонува неговиот глас. Но, нема, а боли и фали.
Се сеќавам на времето кога бев девојка,зјаејќи по локалните парфимерии,мали и големи,кога ќе здогледав крема за лице за оние над 40 г.,ми изгледаа страшно далеку.Незамисливо. А сега истите ги држам во рака а погледот ми паѓа на оние за млада кожа.Ми изгледа сега како тоа време и да не било. Неподносиво е далеку.
Видов на фејсбук некој беше пишал ‘Светот е сцена-доаѓаш, гледаш и си одиш‘. Е па не е. Разликата меѓу свето и обична сцена е тоа шо у свето можеш да променеш нешто доколку сакаш, а на сцената само гледаш шо ти приредиле други,
@Marossa не знам колку ќе ти помогне линкот, ама баш пред некое време ја гледав листата и и‘ ставив ѕвездичка за секој случај. ЛИСТА НА НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ ЗА КОИ Е ПОТРЕБЕН ПОМОШЕН ПРИБОР (хартија, пенкало, дигитрон и сл.) ПРИ ЕКСТЕРНА ПРОВЕРКА НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ http://www.mon.gov.mk/images/documents/eksterno/predmeti_za_so_pomoshen_priborV2.pdf А дека е стресно, стресно е.Лани полагав, ни дигитрон ми дадоа, ни формули.Имав задачи за кои не бев сигурна, и за кои нормално дека дигитрон беше потребен.После знам дека 5 дена само формули во глава ми се вртеа ** Денес, најсреќна сум, да не ме мислите