Денеска ми е еден од оние денови, кога пробувам да изигрувам дека сум добро. Се смеам со сила, онака си ставам лажна насмевка на лицето, и си замислувам за тоа колку сум среќна. Иако имам бодежи во гради, насолзени очи и желба да се провикнам гласно, да речам ' Не, не, воопшто не сум добро ' ,јас избрав да глумам нешто, што не ми прилега. Искрено, толку сум провидна. Дури и сама за себе си мислам дека станувам очајна. Кое лицемерие сум значи.. Велат, многу малку е потребно да бидеш среќна. Е мене,токму тоа малку ми недостига да сум среќна. Само тоа малку.. Не знам дали е до денов, или до работите кои ги дознав, но истоштена сум. Изморена сум веќе од борбава. Изморена сум од тоа да глумам нешто што не сум. Изморена сум од грешките во минатото,кои сеуште непрестано ме следаат. Изморена сум од раните кои сеуште крвараат, и секој ден се повеќе печат. И изморена сум од тебе знаеш. Да, да. Мака ми е веќе да ми раскажуваш за тоа како јас не ја ценам твојата љубов, како те сметам за глупав, како се обидувам да те потчинам. Искрено, мака ми е. Одамна кренав раце од се, но зборовите сакала или не, сеуште ме болат. ** Ви посакувам пријатен ден драги феминки! Искористете го денот максимално. Посакувам да застане времето, да престанат да работат стрелките на часовникот, и да уживате во убавите моменти. Да бидат тоа бескрајни моменти. Времето не се враќа. А за некои моменти, неостварени, можете да се каете. Остварете се денес, не оставајте ништо за утре. Можеби утре нема да ја имате денешната привилегија
Сум приметила во последно време дека престанав само да ги одложувам работите, мрзливоста ми е на пониско ниво. Сега почнав да си го менувам редоследот на обврските. Е ова моево е посебен вид прокрастинација. Уникат. Пред некој ден се фатив како при еден куп кампањски натрупан материјал за учење, јас нешто почнав да средувам низ соба, во еден момент ми текна на мониторот, дека треба троа да го поисчистам, многу прашина фатил. Можда ќе ми текне да почнам сега и некои домаќински работи да правам, па потсетете ме да ве почестам нешто. Еве ме и сега, за два дена имам испрашување, 40 страни ми се натрупале, а јас сум почнала да барам материјал од интернет за проектната бизнис, за којашто имам негде две недели време. Е така, кога сакате малце да одложите нешто што ви е на листата задачи, а ви ствара паника, измислете си некоја друга работа, развреднете се во друг правец... Приоритети - ма бегај таму... Важно се работи нешто. А денеска сите ненаспани, со Оскариве сме лумпувале вчера, пу бре како секад се паѓаат кога сум прва смена нареден ден. Ај идам јас да дремнам малце, да се оспособам за функционирање после, пошто не ми бега дружба со учебнициве, одамна ме викаат... Ај ариведерчи.
Погоден ми е денот. Убаво е кога ке седиш со позитивни луѓе кои ти ја ставаат насмевката на лицето. Не размислувајќи за ништо лошо.
Не знам што ми е потешко или полесно деновиве. Убаво и не толку убаво... Каков ролеркостер ми се случи. Животна трагедија до животна радост. Ама неубавото преовладува и кој знае зошто е дојдено... Чувството на грижа на совест ми е неминовно. Ме ослободи...чудно е како некогаш тежината и болката може да те ослободат. Се чувствувам како билка. Ми треба добар одмор и темелно размислување... Среќна сум само за пријателите кои ги имам... вистински, убави и умни. Пријателите кажуваат многу за нас. Па кога ќе ви е тешко, сетете се кои ви се пријатели. Ете вие сте тие. Ете баш такви. Помислата на нив ме крева, ме води кон одговорот која сум јас... Научив големи лекции за 10 дена. Животни и болни. Денес ми беше последниот шок и го замолувам универзумот да престане за да земам здив. А не е поврзано ниту директно за мене, баш... Ми се отвори рана во душава... жива рана. Долго ќе и треба да заздрави и да се крене... ама ќе биде. Се лошо за добро е. Кој знае што добро ќе донесе... Перцепцијата за животот ми се менува со москавична брзина овие 9 месеци... имаше моменти кога плачев и се плашев, имаше моменти кога бев похрабра од било што. Во моментов, знам само една работа... знам дека има нешто посилно од се. И знам дека многу, многу работи повеќе не се и нема да бидат исти, а и уште повеќе ќе се менуваат. Не знам како ќе се справам, но сум подготвена... Животе...мој си, таков си и те сакам со целото срце.
„Прашање на вкус“ е најлошиот изговор за немање вкус. Кога две работи не одат - не одат. Кога музиката што ја слушаш е кич - кич е, не е прашање на вкус. „Јас слушам сé“ и „за вкусови не се дебатира“ се универзалните изговори за оддалечување од критика. Ама па и јас сум упорно говедо. И така... - Абе и ти па, јас не сум ограничен/а, сé слушам. - Треш метал слушаш ли? - Е, за што се фати, одвратно е тоа. (врска нема што е) - Хороркор рап? -... (doesn't ring a bell) - Ориентална музика? - Па, ретко. (ноут: на Desert Rose овде мисли) - А класична? *веќе сака бокс да ми влепи* - Понекогаш, кога учам. Ах, да, неограниченост... Case closed.
Колку ми е убаво кога некој ќе ми каже : кога ќе те видам денот ми го разубавуваш , кога ќе те видам насмеана и јас се смеам,имаш убава насмевка ..... Убаво ми е кога мојот ден е убав и кога за некои јас сум причината за нивната насмевка Затоа...''Смејте се на секоја личност што ќе ја сретнете. Можеби тоа е единствената насмевка што таа личност ќе ја добие во текот на денот.'' Имајте убаво попладне и подарувајте насмевки ,бесплатни се
Преку викенд ќе се дебелее, преку работа недела, ќе се пешачи. Така оди тоа. Пак си го фатив патот под нозе, после школо. Само што овој пат, до пола го изодев. Имаше неколку причини. Ми се спиеше (спиена сум само дваесетина минути, бидејќи ме фати трема, осеќав турбуленции и мигрена во стомакот, поради денешниот тест, што не го учев), правам еден куп тестови деновиве, ама па и ми се смучи веќе сама да лутам низ Скопјево. Убаво е тоа да се дисконектираш одвреме/навреме, да ти треба малку простор. Убаво е, не викам не. Ама ова ептен голем простор. Па ми се збори, ми се смее, ми се пее. Не можам сама со себе да почнам да си правам муабет. Досадно ми станува. Сакам малку во друштво да пешачам. А се` корпички попивам. За четириесет минути сум го изминала патот, а тогаш го изминав за пеесетина минути. Можеби и ќе го изодев за пократко време, доколку не се заборавев на една раскрсница, поточно осмокрсница. Се заборавив, отидов. Семафорот си се менува, црвено/жолто/зелено/црвено/жолто/зелено... И после ми текна: - А бре, тргни Елено! Се занесов. Луѓето одминуваат, а јас чекам нешто... Господ ме заборави на семафорите. Кога дојдов дома... кога му се фрлив на кафаифот. Па на ручекот од вчера... и на крај една голема салата. Обично се јаде наопачки, ама кај мене не се знае што е право, што е криво...
Лаптопов ќе ме убие. Колку се само лошо направени и смислени овие меѓу-етнички работилници во училиштата. И што сега, кога ќе не групираат со роми, турци и други такви народи што живеат во Македонија, ќе не зближат ли? Не. Ние, белата раја ќе си бидеме една група, а ромите на пример, секогаш ќе си бидат сите во една своја група и готово. И на крај што се добива од зборување „Јас ќе ги прифатам ромите, албанците, и.т.н. Нема да дискриминирам“ освен дополнителна дискриминација? Ако веќе сте решиле да ги прифатите, направете го тоа. По ѓаволите. На пример, денешната работилница беше жива катастрофа. Во одделението, сите освен едно дете сме бели, македонци, па мораа да носат деца, роми од други класови за да има кој да биде во групите. Па ајде после да сме пишувале на ромски, бла бла. Од каде бе да знам ромски? Па само двајцата роми во групата работеа, а ние другите си спиевме. Па каква работилница.... Не ме сфаќајте погрешно, немам ништо против малцинствата во Македонија, но ова што го прават по училиштата е огромна глупост.
Не е глупост и голема штета што помалите не го разбирате тоа. Тие работилници се направени со цел да има поголема толеранција и да нема дискриминација помеѓу децата. Ама тоа е, ретко кој го разбира тоа. Ама кога од дома не си ги учат децата на ова, па на час- два ич нема да научат.
Ме осквернуваш.. Ги 'заби' канџите во моите рани. Ми оставаш лузни. Ме боли. Болката е преголема за моите плешки да ја поднесаат. А јас сум слаба. А навидум силна и среќна.. Непрестано ме удираш, ме удираш кадешто најмногу ме боли. И упорно продолжуваш. Ме повредуваш. И, сеуште ме обвинуваш. Се плашам дека на повидок е крај. Жал ми е. Не би го сакала тоа. Ама, и ова не се поднесува. Немам намера да ти дозволувам повеќе да ме повредуваш. Ги избра нив. Во ред. Тоа е тоа. Сега, уште да ти ја соопштам одлуката. Да ти го соопштам крајот.. ** Се челичам денес. Се надевам менталната гимнастика ќе ми помогне. Планот за физичката пак, е веќе подготвен. Тоа е тоа во глобала, така сум во план да го пребродам раскинот
Сеуште ли постојат луѓе кои се замараат со ФБ ? Изгледа дека ДА ! Ми стигнува порака, ај лајк на сликава. За 4 дена ми стигнува порака, тргни го лајкот и стави ми нов, за на заедничките пријатели пак да им излезе сликава. За 6 дена, сликата е тагирана (претходно оттагирана секако). За 9 дена сликата е сменета. За 12 дена сликата е повторно профил слика. И ова трае 5-6 месеци. И така во круг се вртат 20 слики, се додека не се надминат 100, 150 лајкови. Колку сакаш дотерувај се на Фотошоп, тој нема да го дотера твојот катастрофален карактер. Сеуште ли има толку очајни лица за внимание ??? Фб упропасти многумина, и многумина се покажаа во најлошо светло. Пс. -Девојко, многу си убава. -Чекај, да ме видиш каква сум на Фејсбук.
Некои соништа посакуваме да станат јаве,да ни го разубават животот и да се доближиме до целта што сме ја поставиле.Но,некои реални ситуации што ги гледаме како другите ги разоруваат,не би помислиле ни на сон да ги видиме.Мисли,кошмари,неизвесност...Растргнати меѓу себе и просторот,времето е единствен показател за нашата среќа.Некогаш разочарани,некогаш ведри,понекогаш оптимисти,а се почесто песимисти,чекориме со сета сила по тврдото тло сонувајќи ја вистинската страна на животот која секој ја заслужува.
Чајот од шумско, е веќе на дно од шолјата. Се повеќе и повеќе го чувствувам вкусот на лимонот. За чудо, добро влијае на мене. Размислував долго,и сфатив дека..Животот е премногу краток. Премногу краток, за да дозволам да изгубам некои убави моменти, пријателства, утринско кафе со друштво и трачарење наоколу, долгите разговори за дамнешни и идни љубови, за новата пудра, или новата блуза и комбинациите со неа, и долгите бесцелни муабети. Се чувствувам како нова. Како, да ми помина тагата. Иако цел ден ја труев темата со мојата 'несреќа'. Во моментов се чувствувам важно. Имам чувство дека сепак не е крај. Во борбава можеби изгубив се, но нема да дозволам да се изгубам себе си. Утре е нов ден, нов почеток, нова надеж. А јас? Ха, јас нема да го чекам утрешниот ден за да почнам од почеток. Ноќта е долга и непредвидлива, а јас веќе го направив првиот чекор кон мојот почеток. Држете ми среќа, потребна ми е. Се надевам на добро ќе е, се надевам донесов добра одлука.
Вистината секогаш излегува на виделина. И најголемата тајна никогаш не останала сокриена... Само совесните луѓе со чисто срце не се плашат од вистината. И го чекаат моментот кога таа ќе настапи на дело.
Ми се враќаат некои настани од минатото и ми текна кога бевме 1одд со братучедите кои се близнаци и со кои сме само 19 дена разлика како слушавме песни и игравме. Братучед ми кој е 3 ипол години поголем од нас го теравме на едно старо радио каде што прима плочи да ни пушта музика, а тој не сакаше, па и се правеше фраер демек поголем од нас, па баба или вујче го тераа да ни пушти и се муртеше. Колкав малечок беше, а сега е скоро 2м. Плочите беа од пред 30тина и повеќе години, од времето кога мама, вујче и тета биле на моја возраст. Но тогаш било многу поубаво од тогаш. Зошто сега ние немаме песни како Наташа од 3то 3 или како Боби баш ми е гајле? Сега имаме некои турбофолкерски кои што воопшто не се убави, но како прават и другите и ти така. На голем одмор ми ја пуштиле чавкана Северина, па Сека и се качиле на маса и ми пејат аспирин нанан, не ни знам како оди песната. Ужас е сега, детство нема. Сега ми текна па како се натпреварувавме кој поубаво пее па, кој ќе победи и се договаравме, јас кога бев судија победуваше или големиот братучед (ако не победеше он не сакаше да игра со нас) или братучетка ми, а кога беше братучетка ми победуваше братучед ми малиот, а кога беше малиот или големиот братучед јас победував. Па најубаво пеев, нема лутиш. (каков нарцис) Па пентарењето по дрвја и огради, а да еднаш кога возев тротинет, кога се испружив колку сум долга и тешка, па левата рака ја шинав и ден денес на моменти ме боли. Ми фали тоа време, сега се е изменето, нема веќе такви игри, дури и ние пораснавме не само големиот братучед, а и со братучедите не сум се видела 2 месеци. Ми фалат, поготово братучетка ми,а и ми фали тоа време и ме фаќа носталгија за него иако сеуште сум дете.
Има некои глупави работи... има повеќе, ама не збора се на едно место. Многу ме нервира кога ќе прочитам некаде некој за себе кога си пишал: Познавање Јазици: Македонски ( ) Англиски, Српски, Хрватски, Бугарски... Значи автоматски сите знаеме по 5 јазици Значи автоматски ми станува одвратно нешто тука. Ах, да, како можев да го заборавам ШПАНСКИОТ јазик, нели сите го знаеме и тој се вбројува тука Ееееј 6 јазици сум знаела бе јас, талент сум била. Да не кажувам и од кои други јазици имам скромни познавања, чудо од дете ќе бидам Друго. Си одиш во некое ресторанче, да си кснеш ко човек нели, си огладнел. Гледаш таму стекче по пристапна цена, и си нарачуваш среќна и задоволна. Си јадеш, си бараш сметка... е тука е клучниот момент. Нетипично долга сметка за твојата порција стек. И тука гледаш наплатено: стек, помфрит, гарнир, леб, кечап, мајонез, чаша вода, додаток луто, салфетки, користење на чаршав, користење на телевизорот кон кој си фрлил око во текот на јадењето, донација за парното што си замислувал дека дува додека си јадел, казна за држење на масата толку време, користење на вц, користење на сол и зачини, работна рака, наплатен ексклузивниот поглед низ прозорец, наплатена услуга за чување чадор, наплатена услуга за закачалка итн итн... и ако пробаш нешто да се буниш на келнерот, ти вели: Што да ти правам (името на градот) е ова. Ај ве молам марш.
Сакам да правам добри дела. Навистина сакам.. Многу ретко се случува тоа, сепак ретко кој бара помош. Но, кога на некој навистина му е потреба помош, му помагам и баш ми е мило за тоа. Тоа и беше причината да се зачленам и на фемина, а не дека од многу помош сум ви овде. Не е битно што или во што ќе помогнеш, битно е да помогнеш. Дали на некој му треба помош за јазикот (од што најчесто бараат помош од мене), дали на некој му треба парична помош или некои други такви ситни дела ЈАС БИ ПОМОГНАЛА. Без разлика што се бара, би помогнала. Тоа ме исполнува, ме прави личност, се чувствувам жива. Да знаеш дека некому си помогнал во нешто, тоа е огромно! Имам размислувано и за некои поголеми добри дела. Како што се волонтирање во црвен крст, донирање во црвен крст, донирање на крв и сл. Се' би сакала да направам, доколку би имала можност. Девојки, помагајте си. Можеби некој нема лично да ви побара помош, но вие сами можете да приметите кога на некој му треба. Помогнете, ќе направете две личности среќни, а можеби и повеќе. Штета што ова земја е исполнета со омраза. Ако некој прави добро дело, често може и да биде исмеван. Нашата цел на овој свет е да си помагаме. А доколку не можеш да му помогнеш на некој, барем не ги повредувајте.