E da..I ova go izmislija. Aj razbiram nekoj so takva gradba na telo I ima izrazena klucna koska.Ama konturiranje na istata? Svetov otide daleku.. Sledno..ke si go konturiraat zadnikot za na bazen
Леле Мини, зошто толку хејтеризам, аман? Што сакаат нека си контурираат, ако не ти се допаѓа не го прави тоа. Еве, мене не ми се допаѓа и не го практикувам, никому ништо. Мислам, кога читам вакви постови од тебе, се полнам со негативна енергија, а не е прв пат вака дали да подбуцнеш кој што си купил или било што во ваква конотација. Често наидувам на твои постови и низ други теми, не можам да ја вклопам таа позитивна личност со „хејтерот“ (прости на израз) во СДК. Денот е прекрасен, кулирај малку.
Draga Mishela, naidov na nesto sto ne mi se dopadna I samo si iskomentirav od moja gledna tocka. Mnogu normalno deka sekoj ke si pravi sto saka I se e prasanje na vkus. Pozdrav
Потполно се сложувам со тебе! Не бил само овој пост па да кажеш во ред е…Но сепак секој сам си одлучува, а и има право да кажува и мисли што сака. Но волку омраза во една млада личност, а и општо во било кој, мислам дека е претеризам, а и да се замараш толку и да мразиш се околу тебе. Многу негативна енергија…
СДК Ако кажеш што не ти се допаѓа од своја гледна точка, одма добиваш етикета дека си ширач на негативна енергија, омразувач на се и сешто. Дај нека се воведе правило на форумов да се пишува само за убави работи , да не се критикува, да се гледа низ розеви ночари . Се во интерес на оние на кои форумов им диктира дали ќе бидат позитивни или полни со негативна енергија.
Да ви кажам право...немам ништо што да кажам. Да сум у можност, би лежела во тишина, во задушена светлина, во празна просторија со еден кревет би пиела вино и би слушала ова... Како кристал, се ми е како кристал околу мене. Ако го допрам ќе се скрши. Сум сонувала како го гушкам силно до себе, ме праша добро од што се плашиш? и тамам да му одговорам, ми заѕвоне алармот. Мислам дека ќе го кажев одговорот, ама пустото... сега пак ќе треба да мозгам.
Те чекав, знаеш. Со душа полна љубов. Носталгични дланки,и желни усни. Предолго чекав, но на погрешно место..
Долго време немам што да кажам,душава како да ми е заробена во телово. Секојдневно сум опкружена со луѓе,немам дури ни време квалитетно да си издвојам за себе,чисто онака за еден маникир на раат. И додека сите наоколу се среќни и насмеани, го чекаат летото,песна и смеа на сите страни,јас чувствувам како празнина ме обвива . И сите тие луѓе околу мене,не можат да го пополнат она место заради кое ми врне во душата. Имајте убава вечер !
Во мојов комшилук има некаква журка.Пред малку свиреше песната на Дадо Топиќ-Македонија. ,,кад си сам,кад је све тужно ти се сети ње Македонија ти пружа љубав и све....". Искрено ме замисли,што пружала земјата некогаш,а што денес?
Кога гледам смоуки ајс туторијалс на јутуб колку глатко им оди на девојките што се шминкаат, си викам можам јас бе шо, пфффф лесно е.Малку темна сенка на окото, малку кафена сенка on the crease, бела сенка кај веѓата за хајлајт се испландано и voila!Имаш зачадени очи! Кога јас пробам да се нашминкам-изгледам како панда. Нејсе,не е битно.Имам и поголеми предизвици што ме чекаат моментално, а јас сум се фатила за тоа оти не можам да имам совршено зачадени очи. Сепак ќе се држам до она што ми е испробано. Туку...Другарка ми, ми пратила поздрав преку мајка ми да сум почнала да се спремам сабајле уште во осум часот за вечерта во девет да бидам спремна.А, да, на свадба сум инаку. Понекогаш си мислам дека клетвата моја е што се родив порано, за цел живот да каснам некаде.Секаде поточно. Ова ми е единствената мана што си ја имам прифатено и не пробувам да ја сменам дури и си терам шали на своја сметка.Па никој не може да биде совршен, не сум ни јас.Колку и да интензивно работам на self improvement ова е нешто што не можам да го искоренам.Понекогаш маните треба да си ги прифатиме како она што не прави уникатни за другите.Здраво, јас сум таа што касни секаде. Она што е побитно во животот, е тоа да имаш некој што ќе те прифати таков како што си-несовршен.
Боже мили Господе, изгледа некако не се разбравме околу тоа со какви Амери сакам да бидам окружена, некако пречки во комуникацијата, или си барав, па си добив. Се осеќам како да сум во Глуп и поглуп, како јас да го режирам филмот, а актериве веќе одбрани, средени, пицикато. Значи така се имам изнасмеено за недела и кусур, е не сте свесни колку многу. Абе овие не се нормални, мајке ми, значи има животни попаметни од нив, леле, барем имам па со кој да се смеам и да печалам на нивна будалештина и мрза. Треба да пишувам настрана оти ќе заборавам некои работи, еве веќе исчурев со паметот. Леле жими мене лани не беа вакви, значи такви вредни, трудољубиви, интелигентни и паметни деца уште немам сретнато никаде, е тие далеку ќе стасаат, затоа што тука толку треба, да си едно ниво попаметен од другите и ќе газиш пред тебе..... ама лани кај учени луѓе работев, селекција од чистена препрочистена, немаше будали, се разликуваа планктони од ајкули.... Тука сите плутаме во иста вода, нешто како да дојдов од Бахамите да пливам во Вардар, за луѓето споредбено зборувам. Значи ми се намалува IQ откако ќе поразговарам со просечна 20 годишна Американка, студентка на нешто СОУУУУУУУ ИМПОРТАНТ, најчесто плава, со пет кила маскара на неа, со дуксер, шорцеви од каде што и висат бат чикс (или на нашки кажано газот) и шлапка со некои влечалчиња со чарапчиња на неа. Машките се за нијанса поинтелигентни, само се телиња, се гледа дека тек допрва ќе се калемат, одма поцрвенува ако го прашаш нешто, дткаат, се тресат, ОУ МАЈ ГАД, ШИ ТОКД ТУ МИ, ОМГ ОМГ, ДУ ЈУ ТИНК ШИ ЛАЈКС МИ? НОУ. Прво те гледа како да си Сатаната, па иде и ти вика, леле, пиеш пиво? И јас аха.... Она си почиња да ми објаснува... Јас сум католик, не сум пробала никогаш алкохол во животот и нема да пробам. Океј и викам, не дека ќе се опијам од едно пиво. Аха, а јас исто и не пушам цигари, штетни се. И викам ок, браво, супер, мило ми е, не пушам ни јас. И на крај ти ја стропува - ама редовно си пафнувам секој ден, не знам, ете, ме опушта. После имаш случај кај што не знаат што е тоа џогер, како се користи, зошто се користи, не, не се пафта со него, не, не се фаќаат пајажини, не се мете, не, не така.... фани го со двете раци.... ами ме болат рацете така... О ГОСПОДЕ БОЖЕ, сонциња они. Ами капе вода, ами се цеди мори сестро да не капе.... А метла, а како се вика корпичката кај што се собира ѓубрето? ЛОПАТЧЕ, е и лопатче не знаат на англиски како се вика, ја требаше да дојдам да ги просветлам од тука како се вика проклетото лопатче. Од кај да знае сирота, нема кој да и каже, си живеат во нивниот хаос. Една, не знам која само, упорно насабајле не пушта вода, ни после мала, ни после голема знаете-што, не знам дали нешто зачувува околина ли, хипик ли, кој ја знае. Леле ама си уредна (иначе не сум некоја педантерија, имам некоја свест за тоа како треба да ти стојат работите), јас не знам да диплам.... Леле и креветот си го намести сама, а секој ден ли си го местиш, (не бе, спијам на душекот како вас) како го пикна чаршафот под душекот, мене ми се вади... Као, озбилно? Случај два, моментот кога си меѓу најслабите тука, се мска се јаде, мајонези, сосови, кашкавали, лебови, се пијат сокови на велико, а ти ручаш салата.... Им викаш не пијам газирано, ти се крстат. Имате ли газирано вие дома? Не бе немаме, со цевче им правам тапанчиња во чашата па им служам на гости. Им викаш не јадам чипс, е оти не јадеш, овој не е од тој нездравиот, здрав е. Ајде бе?! Алал нека е како им перат мозок, она сирота седната и јаде, ама гнети на велико, тоа мрсен чипсот, солен, угхгхг.... а она уверена дека јаде целер, е до толку е здрав чипсот. Седнала сирота со три блузи на неа, се поти, па нејќе да се бања, па си прднува, па си се почешува.... па жешко ми е. Еми поткасни уште малце, ќе се изладиш. Шо да правам жешко ми е, и ти вика жешко ми е додека не и речеш па соблечи се де, и ти вика аааааааа не, удобно ми е вака да си седам, мекичко, во маица нема да ми биде мекичко. Просто генијално. Жими се', не ни планирав да ти се мешам околу удобноста и вруќината и потењето. А зошто работиме како големите (типкава моја генерација) и со цело работно време, нели ти е тешко, оти работиш толку многу, како издржуваш? Мене не ми се работи толку многу, секако не ми требаат париве, ептен да не ми е досадно дојдов. Леле многу ми е жал за тебе, ми изгледаш уморно, а од што те боли грбот (откако типката лагано се шеташе напред-назад а ја работев и кревав и местев и буткав и влечев) сигурно нејќеш да дојдеш во паб на пиво, а после ќе одиме на вечера? Па не работи толку многу, не ми е јасно зошто работиш. Е баш од тебе ми требаше амин за да не станувам по ноќевите, мислам уживам кога местам аларм пред 5, еве, солзи-радосници, еве еве. Ама ете, нас тука не ни е се' дадено на послужавник, не можам да го пропатувам светот како поклон за меден месец, не можам да бирам како вас, ги немаме истите понудени опции. И од сите тие што ги имате, од пуста мрза, од пуста глупоќа, не знаете ништо да одберете, за ништо да се потрудите, не го цените тоа што го имате. Ни тоа што родителите ви се на два часа од тука, ни тоа што сигурно не сте го прелетале пола свет за да дојдете до тука, ни тоа што не сте во туѓа земја сами, ништо. Оти со мои пари е купено, ете затоа ја диплам блузата а не ја фрлам под кревет, оти јас си го пакував куферот и морав да соберам 5 месеца во 20 кила, ете затоа. Дошле, се распослале, со енциклопедии, со свечени фустани, со закачалки, една па и цвеќиња и зеленчучиња си донесе сосе црепчиња, ене ги спурени надвор, ами не расте секое цвеќе во планина, ауу, не знам ти како успеваш со толку малку..... Леле, којзнае како е да немаш кола тука со тебе, јас без кола како без нозе сум, оф сирота ти. Еве седам и плачам оти матурскиот фустан ми е дома на закачалка и не си го донесов, баш ќе имав прилика да го носам тука, сто посто. Па се' си прашуваат бе, тоа е најтрагично. Значи колку и да звучи фрустрирачки постов така слатко се имам изнасмеено во некои ситуации, сонциња они. И не е ни да те навредат, ни да те понижат, ете така, од простодушност те прашуваат, од што стварно не знаат зошто го правиш тоа така. Не им е јасно, зошто се чисти вц-то, зошто се перат алиштата, вујкото на не знам кој не перел веш, фрлал и си купувал нов, и ти брате гение ми стоиш со идејава. Не им е јасно зошто толку се трудиш, зошто се нервираш ако нема интернет, оти едноставно не си пуштиш на телефонот интернет, не знае стварно што е проблемот, ете она си има 3г, пушти си и ти кога нема вифи и готово. Стварно па и јас, ете нареден пат кога ќе снема, ќе си пуштам 3г и една месечна плата ќе пуштам во Мк да ја платат сметката. И стварно се фини и културни, и простодушни и не мислат зло, ќе ти кажат фала, пријатно, добар ден, убав ден, како и сите странци впрочем, ама до толку да се неосвестени, до толку да не капираат некои работи, до толку да не знаат да се снајдат во ситуација, до толку мрзливи, до толку да треба да им изџвака човек, дури и да им даде вода за да голтнат оти иначе не знаат како... За да направат нешто треба да им кажеш дека треба да го направат, оди работи, ок, оди учи, ок, оди јади, ок.... а имаат тооооолку, толку, толку многу опции, можности, финансиски грб да ги крепи за сите тие идеи, да бидат амбициозни треба до небото и назад.... опции за кои јас можам само да сонувам. Штета, навистина голема штета. А на идење сретнав толку многу луѓе, од толку различни вери и бои на кожа и од толку различни потекла, и сите тие луѓе ми помогнаа НАЈМНОГУ НА СВЕТ, што уверена бев дека ќе го имам истиот впечаток од лани. Ама ете, мора да има и вакви, баланс во светот. Да сме живи и здрави, ама ми мириса на многу смеи.... и добро те најдов Америко! Убаво вика стихот на Статуата на слободата, сите ги повикува да дојдат, не им прави селекција. Ама и покрај талентиве одозгора, не знам, ете, убаво се осеќам, уживам каде што сум, местото е препрепреееееубаво, работам многу, го искористувам времето за продуктивни работи. И верувам дека и мене тоа ќе ми се исплати, дека и за мене ќе важи американскиот сон. Ве поздравувам од другата страна на светот, овде е уште попладне, малку ми е досадно овој период затоа што е сред ноќ и сите ми спијат, ама навечер по мое веќе ги имам ранобудните од моја страна..... До следно читање
Се женат со грди жени и после им пишуваат на девојчињата, леле многу си убава, лепотице позз, ми се гади од такви, кај ви биле очите коа сте ги пумпале со стомаци до заби..ај ебете си мајката, манијаци!
Мразам намќорести келнерки/ри полни со тензични негативни лични фрустрации, па ни без срам ни перде и без трошка култура у фаца ти превртуваат очи. Ско не им се работи, нека седат дома. Никој не ги принудува да работат. Фала, пријатно.
Многу сакам парови што се опуштени и знаат да си се зафркаваат меѓу себе, да си прават шали, без да глумат лути, особено во друштво. Пред некое време седиме со уште еден пар и девојката ми се жали: Абе откако си купив топка за пилатес, стварно се здебелив. А дечко ѝ: Да не ја голтна? И тука одма ми текнува на оваа сцена од Том и Џери Туку, денов ми е посветен на експериментирање со нови вкусови „лимонада“ и читкање на тераса. Денес обврските ги ставам на стен-бај. Чао пријатно
Деновиве немам нешто многу да кажам, спремам испит веќе цела недела, додека секој ден комшиите рушат, тропаат, ма гајле си немаат дали е 7 сабајле или 12 навечер. Жива ненаспана, изнервирана, и без мотивација. Седни да читаш ќе почнат да работат, престани да читаш, ќе престанат и они да работат. И да ви кажам ни сама не знам што прочитав досега. Ми изгледа и ова ќе биде непроспиена вечер исполнета со добра забава со книгата.