значи вака; дедо ми на таткото татко му е роден во Истамбул незнам од каде ама дома сосема случајно пред извесно време пронајдов стари турски лири дали некој знае како може да се заменат со денари? прашав во менувачница-не може ми рекоа само луге што се колекционери ама такви луге јас не познавам некој ке си рече е сега и текнало на девојкава циркузи да изведува дознав каде се учи турски-преку настан една книга-една роза и курсот чини 6000 денари на 2 рати по 3000 ве молам помогнете ми
Јас и моите подготовки за матура be like... Гледајќи на телефон во датумот кога станувам, си викам ајде уште толку и толку дена имам до полагањава, крајно време е да ме фати онаа позитивна паника за да се заозбилам... и си ветувам онака у pinky promise стил со ваква фаца: готово, од денеска почнувам да учам со сите букви на место, а сите други активности ги оставам за на пауза кога ќе го научам делот со кој сум планирала да завршам, а не обратно. Обезбедувам потполна тишина и сите фенг шуи поволни компоненти околу себе, и ме држи концентрацијава одредено време, ме држииии... додека одеднаш како примерна и заинтересирана ученичка не ми текне да се фатам за телефон/пц, да проверам да не има некоја нова информација по школскиве групи на фб. Тука на почетна, по општопознатото правило дека кога ти е потребен изум - компјутер што ти вика мрш на учење, баш во тие моменти ти се појавуваат најинтересните работи. Ти излегуваат најштосните и најкреативни страници - откритија, пријателите постираат песни од најомилените изведувачи што ќе те заглават со други дополнително во suggestions, па може и некое филмче за кое одамна си се токмела да го гледаш да те заседне добри 2 саата. А во краен случај, ако нема ништо интересно, тогаш пак заглавуваш со рандом глупости... прокрастинација левел буричкање по персоналити тестови и страници од типот кое животно си, како да си човек кому му е најдосадно на планетава и моментално нема апсолутно никаква работа. И кога конечно сфаќаш колку станало саат, се фаќаш пак за книга и успеваш едно 20-тина страници да научиш (попречена од најглупата можна песна која може од нигде никаде да ти се уврти во глава или од перфектната бела боја на ѕидот), наоѓаш макар некоја банална причина за да излезеш надвор, јер пауза и луфтирање мозок... е што не е јасно де? Туку луѓе, дефинитивно кога еден ден ќе се наканам и охрабрам да научам и ќе почнам да возам своја кола, кога Марфи ќе среди да ми погодат песна на радио на крај на возењето има да вртам по некој круг по алтернативен, подолг пат за да ја дослушам до крај. И да, ве поздравувам со еден предобар must check out сајт на кој се навлеков во последно време, aли чек аут у слободно време, а не во ситуации како гореопишаната... https://www.facebook.com/berlinartparasites?fref=ts Ајт ариведерчи!
Од моето досегашно искуство можам да кажам дека жените ги делам на жени што мразат шпиц/ жени што сакаат жени што никогаш нема да облечат цветно/ жени на кои се што е цветно им е убаво жени што ако не е чисто дома збудалуваат/ жени што не се замараат со тоа колку е чисто жени што знаат да готват/ жени што не знаат да готват Нека дојде Вторник побрзо....
Заборавив кога последен пат сум пишала нешто на темава. Имам толку многу работи да напишам. Од што имам толку многу, не знам од каде да почнам. Гледам на белава површина и стојам со рацете на тастатура, се мислам која буква да е прва. Темава ми е како издувен вентил. Вчера стојам на семафор, мислам за се' што ми се случува периодов, сфаќам дека многу работи се случиле, а мене почнале веќе да ми тежат. Си викам, морам да седнам еден ден на Фемина и да напишам еден реферат, да ми олесни. Ќе бидам искрена и ќе кажам дека периодов на моменти им завидувам на оние кои животот ги гали. По цел ден на кафиња, уживаат во младоста, глумат студенти по приватниве факултети, уште во април имаат резервирано одмори, не мораат да се гужваат по автобусине со пензионери, не ги боли секој мускул на крајот на денот, не мораат секоја недела да испраќаат драги луѓе на аеродром... Блазе си ви да ви кажам. Без иронија, ама алал да ви е. Не сте барале таков живот, ама ете ви се посреќило. А мене животов ми е шта да ти причам кад све знаш. Морам распоред дури и за бањање да правам, а лакирање нокти и слични луксузи да ви кажам заборавив како се правеа. Се' ми е организирано. И знаете што е најтрагично? Што она чувство на обврски, на брзање, го имам постојано. Се бањам, знам дека после имам слободно време, а јас пак брзам, утре сум слободна, вечерва сум слободна, а јас пак имам чувство како да треба да правам нешто после. Коленава веќе почнаа да ми откажуваат (не е од тоа што помисливте ). Сврти се лево, крц ми прави нешто во рамово, сврти се десно, крц во нога... Цела сум раштрафена веќе. Главата не знам каде ми е. Ајде физичкиот замор поминува некако, ама психички сум на крај со нерви. Премногу стресови во последно време, премногу мисли, премногу се'. Премногу е ова за нас. Сакам да бидеме како и секој просечен, нормален пар во оваа земја. Си мислам некогаш, зошто не се задоволував со просечен живот, зошто мора па јас да сум нешто повеќе? Вреди ли сето ова? Нели сме премногу млади за вакви чекори? Не е ли ова преголем товар? Ќе си најдевме некоја каква-таква работичка, ќе си земевме еден кредит за кола, ќе штедевме цела година за да отидеме на одмор, кога ќе дојдеме до кај 27-28 ќе ни направеа една свадба и ќе си живеевме со неговите во заедница, енд оф стори. И најсериозно почнав да си ги преиспитувам одлуките, не е ова никаков сарказам. А не, ние сами ќе сме правеле се'. Оф. Наместо да се спремаме за одмор како секој нормален пар, ние се испраќаме по аеродроми, се бркаме по метрополи низ светов. Дали ќе вреди се' ова еден ден? Не знам дали ќе вреди ама знам дека уште сега се изморив, а рано ми е и да помислам на тоа, а не па да почувствувам или да изговорам. Гадно е кога земаш воздух длабоко и се надеваш дека со испуштање низ уста ќе излезе и товарот што го имаш на душата, ама џабе, не излегува, останува да притиска на градите. Е тоа е многу гадно. Да не знаете каде се продава сила или па да наберам некаде? Ќе ми треба. И тоа многу. А да, сега сфатив зошто липите ме пoтсетуваат на сладолед, корнет со топки. Кога бев мала, дедо ми ме чуваше, пролетно време ме шеташе навечер во парковите и ми купуваше сладолед. А пролет мириса на липи. Ми останал тој мирис. Затоа и ме смирува. Тоа ми биле најубавите денови, најмирните, најбезгрижните. Ми недостига дедо. Колку многу работи пропушти. Многу ми недостига. На никој не го кажувам ова, само јас си го знам.
Многу лошо е кога гледаш дека некои личности веруваат повеќе во тебе од ти самиот себе. Но многу е убаво кога тоа се луѓе кои не ни мислиш дека мислат воопшто на тебе и твојата иднина. Иако долго време размислувам и кројам план за нешто немам храброст да почнам. Ми доаѓа денес братучед ми со смислен план, само уште убаво да го осмислам, да средам сама со себе што точно сакам да биде и да го реализираме заедно, со негова подршка. И од прееска само на тоа размислувам и се мислам со кого друг да правам муабет, да си ја кажам идејата и дали треба да го направам тоа или само кога ќе биде готово да слушнам мислења за да не можам да се предомислам. И така возбудена сум, ама ептен!
Мислеш дека си фраер кога мало детенце кое плаче за едно парче леб, а ти му викаш -бегај детиште, јас за мене немам пари, па и тебе ќе ти давам. Немаш пари? Коктелот на маса? Клучевите од BMW и Ауди? Ајфонот што не го испушташ од рака? Тој златен саат што цело време го зјапаш? Абе ајде, греота е..
Си се возам у 23ка, велам жештина е, требаше 5ка да си чекам. Се качува една ромка и нејзините 4 деца. 4 човече, 3 машки и 1 девојче. И женава се избутка да седна и на едното мало момченце му вели: "Абе седни тука срамота е да стоиш и да се држиш, не не срами". Ми идеше да си пукнам во колено. Па од кога било срамење да стоиш??? Македонија Вечна.
Море ќути вие барем бањати се рич кидс, овие од сите вери надвор.... сега тука нешто е ин, да се зачувува околината, обновливи ресурси, ау уау......
Утопија која никогаш нема да ја доживеам е живот во либерална земја каде секој си го гледа патот пред очи. Заеби ти строги дрес кодови за младите невести на џихадистите. Ела облечи шорц во лето, во провинција, во Македонија.
Љубовта и уцената не одат заедно. Не е тоа љубов кога партнерот те условува и те уценува да се откажеш од нешто што за тебе е важно.
Знаев дека не е нормално тоа како ги доживеав новонастанатите пресврти. Знаев и дека ќе ми пукне розевото меурче кога најмалку ќе очекувам, ама ако. Барем полесно издишувам знаејќи дека не се квалификувам повеќе како емотивен инвалид. Рамнодушноста е една од најлошите состојби на умот, неприродна ми е и непријатна. Имам потреба од здрави и реални завршници и не бегам од болка, преферирам да ја испратам со насмевка. Па нек се угоде. Убаво ми личи денов.
Сакам да кажам зошто на светов има толку погани луѓе? И баш сите ги прават погани, па се вклучуваат во нивната банда. Како на пример еве јас сум се скарала со некоја другарка, таја сега ги врти сите против мене да не се дружеле ова она, јас само им се смеам и се правам на три и пол велам да не кажа нешто? Бевме на првото екстерно јас се облеков со целосни тинејџерски пантолончиња и тоа цветни, и ми вели кај си тргнала ма ти со овие? Јас и реков не се достпјна да коментираш за.мене облечи ти на шо ќе ти стојат ма? (Господи грев не пиши ми ама на шо ќе и стојат чечкалица е цела, а јас не сум ни до толку дебела за мојата озраст сум супер.) Не разбирам па зошто љубоморат зашто никое момче не се доближело до неа? Љубоморна што ако сум се видела јас со мојот ќе ме кажела ако и држи то се на мам да и го кажи јас се смеам ко зелена рецка не и удирам.
Летото покрај тоа што нуди поволни временски услови за излети одмори и патувања, идеално е и за влегување во брачни води. Доказ за тоа ми е местенцево каде живеам. Значи, не е дека сум близу некое приградско населбиче, далеку од тоа. Но, последниве месец дена перманенто доживувам петочна тортура. Значи, денот од три до шест дури и во распоред ми пишува дека е резервиран за зурли, труби, тапани, хармоники и што ли уште не. А врева колку ти душа сака. Попладневна дремка после уморниот ден, што е тоа? Се мачка на леб? И таман малку ќе се стиши еден период, а јас радосна земањето на невестата да го крунисам со скокање во кревет, одеднаш ќе чујам еден долг радосен крик од типот "Ииих'' кој најчесто доаѓа од некоја тортосана теткица во фризот, ми е воедно индикатор дека агонијата за моите уши повторно почнува. Освен тоа, алтернативни решенија како глава под ќебе или перница, поза ѕвезда со една нога на ѕид друга на плафон (каде изигравам џоа професионален гимнастичар), летно време не смеам да си ги дозволам, затоа што во најдобар случај ќе завршам под сомнеж за обид на самоубиство, или ќе успеам од прва.
Преубаво се наспав, станав свежа и одморена. Шо убаво, си пијам сега кафенце и си се расонувам, со еден збор милина ми е.
Сосема си најнормална, јас истата навика ја практикувам кога се работи за првото утринско кафе. Наздравје.