Можеби ние си правиме да биде онака како што Е. А можеби и сепак не. Само вака ќе седам и ќе остварувам за другите … секогаш се заборавам себеси. Време посветено за себе, апстракно. „Заробен во себе“ – што вели Суперхикс. Зошто мора дупло да платам за реткиот момент на среќа? Така е ли секогаш? Со мала искра живот во мене се обидувам да го преживеам денот, со страв, со несигурност, до каде? До кога? Која да бидам јас после сите овие удари што ми ги задаваш? Како ли да се борам со светот? Зошто направи да исчезнам токму кога почнав да живеам? И не е убаво од овaa страна.Се е исто,а всушност се е различно од вчера. И толку е студено кога повеќе не веруваш во човечното во луѓето. Зборуваш од навика. Се смееш, без душа. Па некогаш,во некој момент,ќе прашаат,каде исчезна старата среќна и исполнета ти? А потоа,некогаш... некој ќе одговори: порасна.
Денот помина многу подобро отколку што очекував. Добро е, во школо ме пречекаа со добро, ама еден куп домашни и утре два теста . Седнав да учам, научив ама утре ќе видиме. Ухх, ке најдам милион мотивации да вежбам и да изгубам некое килце, а кога баба ми ке ми даде од нејзината торта толку е . Добро додека правам така ке си останам форевер бишенце изгледа. И оваа лето изгледа ќе го минам со солзи затоа што немам контрола на јадењето. Морам да почнам да вежбам, морам да почнам да јадам здрава храна МОРАМ! Ајде утре ако успеам ќе можам и понатака. Добра ноќ на сите
Кога ќе се наспијам и зошто никогаш? (иронична насмевка) Ништо не мразам повеќе отколку рано будење во ладни утра. Ќе станам во 6 сабајле и кога ќе се вратам дома пак морам 4-5 саати да преспијам за нормално да функционирам. Пола ден во вода. Мора да го зголемам количеството на кофеин во моето тело и се ќе биде во ред. (хоуп соу)
Денес добив еден коментар кој ме замисли. Ми рекоа дека сум била премногу добра. Ова ми го кажа личност која што мислев дека и нема баш такво мислење за мене. Ми дојде како предупредување, не беше кажано директно на мене, но беше пренесено. Коментарот бил: од што сум толку многу добра, сум им дозволувала на другите и да ме повредуваат, дека многу сум трпела, само за да им биде и на другите убаво... Кога размислив, од една страна многу се растажив бидејќи е навистина така, навистина сакам другите околу мене да ги правам среќни, а од друга страна многу ми дојде мило бидејќи постојат и луѓе кои што навистина ја гледаат добрината а секако и ја ценат многу. Јас сум среќна, како и да е. Убаво е од време на време да се слушне некој добар збор за тоа што сте навистина.
И по милионити пат, ќе речам, благодарна сум што животов предвреме ми ги отвора очите Зш кога двајца се караат ( умот и срцето) третиот користи И така фино лепо, отварају ми се очи :geek: видим ли видим, исто ко со двоглед.
Пак јас. Расеана, несмасна.. ме дрма сомнеж дека можеби сме направиле `беља` со дечко ми, а коа ке речам беља, знаете на што мислам. Врти-сучи кога и да сум на форумов обавезно фрлам поглед на тема симптоми на бременост и сл.. и како после да не бидеш параноичен? Де се препотувам, де ми е ладно, апетит на нула сведен, а едно кило имам качено. Како ?! Понекогаш си мислам дека се префрлам во некој паралелен универзум. ..се смеам ко зелена, а не е за смеење работава. Коа му потспомнав на дечко ми што ми се вртка низ ум, дебилчево мое се израдува и рече дека ке бил покрај мене за се` и никогаш немало да ме остави на цедило, што и да се деси. :geek: :geek: ..ама он незнае дека видов како му се тресеше рачето потоа.
Тралала муабети во живо, на интернет стара приказна... Денес решив повеќе време да поминам во природа и да се дружам со книгите. Си влегувам во свој свет, многу поубав. Имајте убав сончев ден
Тако је, држи животе отворени очи :geek: А мор Гордита, овај трећи шта користи - си ти ? Ај реци Озбилној жени, како да и она види корист од лудо срце а још луди ум Тако ми Бога, баш то ми треба :geek: Да видим одавде до неба. Са двогледом или без нега Није за замерација, јер видиш шта ту пише -Озбилна Жена. Ма нисам ја крива шта сам жива. Крив је кум, шта ми је грешно дао име. Ево ти један
И само што видов слика од Игор Џамбазов, со истово напишано под него, и ќе му барам да ми плати сеа Иначе, не ми е целта со ова некоја посебна, туку да предочам дека имаме копи пејст младина, која не чита книги за да го развива мозокот, па препишува од други места. Сепак, креативна.
Се додека не изгубиме некој/нешто, не сфајкаме колку сме биле среќни. Би сакала тоа секој ден да ми го кажуваат. Да ми биде како потсетник. Секој ден заборавам колку всушност јас сум среќна. Секој ден заборавам дека има некои кои би дале се, да имаат како мојот живот. Некој немаат кров над глава, чиста вода за пиење или пак се без родители. А, јас овде кукам зошто ноктот ми е скршен, па денот ми се уништува. Пред некој ден имаше смртен случај на мало девојче. Мало, околу 10 години беше девојчето. Колку рано и згаснал животот. За тоа се жали, а не за некои ситници. Никогаш не знаеме што имаме, додека не го изгубиме тоа.
Јас сум проклето радознала сомнителна жена. Сите мои несигурности сум способна да ги стуткам во една злобна топка која ми се тркала по трпението, додека од некаде, некако не падне капка вода и ги изгасне сите жаришта. Треба да имам повеќе верба во луѓето. Верба и трпение. Залуден е целот труд да ги имам и двете ако не е од срце.
Денот ми е прекрасен,а за тоа треба да му се заблагодарам на едно мало суштество што синоќа дојде на свет.Толку малечко,а ме направи најсреќна на свет.Станав тетка!!!
Ауф колку ме нервираат луѓево кои се зависни од фејсбуков и лајковите. Аман веќе. Ајде сфаќам се сликала за табло и сака сите да ја видат па затоа ставила слика на фб. Тоа оправдано, повеќето од нас го направиле. Ама мислам немора бе чоек да се тагнуваш на секој пола саат и на секој саат да ја ставаш на профил. Мислам нема смисла. Ама остај то шо самата се тагнува, почнала и другарките една по една, или па тие самите се тагнуваат, нема врска. Мизерија, навистина. И шо сега оти собра над 800 лајкови? Многу си уба и јака или шо? Не сум сфаќала и мислам дека никогааш нема да сфатам шо е финтата со лајкојте на фб.....