Станувам рано да трчам, со цел да го избегнам силното сонце и големите жештини, но иако трчав рано имав чувство како да е 13часот . Сонцето пече, се препотуваш како 50° да се, цело тело ти гори и на секоја минута имаш потреба да застанеш и да се напиеш вода. Следен пат можеби во 5 треба да се стане. Како и да е важно си го исполнив вежбањето и активноста за денес, а најубавиот дел ми е после тоа кога сум гладна како волк и ќе изедам една голема пица, гиро или нешто слично. Па и нешто благо после тоа мора. И цел ден се чувствувам одлично… Значи активноста е многу важен дел од секојдневието!
работа за еден ден не е работа...Да си насмеана,љубезна,да се печиш на сонце...па и тоа за 100 ден од час мислам дека тоа не е работа,ама кога се нема тоа е тоа
Не знам дали досега има регистрирано случај за потрес на мозок од кивање, ама по се изгледа на добар пат сум да го скршам мразот. Ми вибрира и душа и тело и мозок, ми се плаче веќе. Јебала те настинка у сред лето, на почеток на циклус кога и онака не се поднесувам многу-многу. Од утре пак по патишта, цел пат под клима, таман да се досјебам. А така фини планови си направив за работнава недела, така се поклопија работите раат да си течат деновите, што сега се осеќам ко да ме потупкал некој по рамо и да ми рекол „Уживај си“. The power of positive thinking на дело...мхм. Животче, не се договаравме вака
Денот е преубав кога ке видиш насемани и среќни луѓе,се надевам дека сеуште постои чеснот кај нас луѓето.
Стареењево има две спротивни работи во себе. Мислам стареењево... ај да речеме зреењево. Секој ден си наоѓам во косава по едно бело влакно и се нервирам што веројатн предизвикува да се создаде уште некое што утредента ќе го најдам, од друга страна ми се намалуваат подкожните масти и нозеве ми стануваат поковчести, уич ис најс. Од друга страна па губењето на поткожните масти веќе значи дека кожата старее...хмммммммм? Сега го сфатив и ова, што значи три работи се. И оди после биди жена. Ама немам нозе солунски дирек, што сепак на крајот нели, најс е. На колена ти спие, од раце ти јаде. Одам да си корнам бели влакна или да си купам фарба, веќе не знам!!! Јас сериозно се потресувам од бели влакна...кога ќе го видам такво, сјајно, сребрено-бело, се смешка среде смеѓиве, па пола саат го ловам во џбунот. Маж со седа коса е згоден маж, жена со седа коса... ужас!!! Ми се запознаваат нови луѓе... многу нови луѓе. Нема ништо повозбудливо од запознавање на нови луѓе. Се импресионираш од нив, учиш за нови погледи, инспиративни нови луѓе. Исто така забавно е запознавањето со нов дечко. Ти ги учи сите навики, ти неговите, те душка и ти ги учи сите нови мириси, ти неговите, се гледате како телиња и се сакате на сите страни. Години и години потоа, најзабавно е кога повторно се учите со истиот дечко кој сте и зошто сте. Поинакви сте... сосема нови еден на друг. Тој е друг, семејството малку му е променето, но сепак суштински исто... и аген сум црната овца која ја гледаат како шугава, а јас си уживам во тоа. Чудните погледчиња, ригидни и ограничени. Добив прашањето на тоа - А ти зошто толку многу пиеш вода? Мора ли бокалов тука да ти стои? Како да ви објаснам... затоа што пијам... смеам? А зашто пиеш кафе од голема шоља? И зашто пиеш чај сега, кога е топло? А зошто, а зошто, а зошто, а зошто??? Затоа што така сакам!!! Луѓе ве жалам ако сте растеле со ограничени родители без живост и љубов кон животот... на се да има прашање зошто... Имате способност да се ослободите од тоа само ако сакате. Вие сакајте си ги родителите ама не станувајте робови на нивната ограниченост и фрустрации.
Сдк - сакам весели луѓе, личности без маски. Ако имаш му*а дај у лице ми кажи. А има и пред тебе светица по тебе вештица. На таквите дај и метла и не се замарај, метлата знае кај ќе ги паркира. Сакам позитивни личности кои не го тупат многу и знаат да уживаат и со малку.... Нели среќата кој знае и умее ја црпи и од малите нешта. Џабе ти сва лова света кога си намќор и се ти смета... сдк сунцобран и нишалката ги поставив во двор, бапнав тоа окалкитеи се оптегнав Лилитке, за белите влакна има спас, офарбаш се и нико ти не их види Ај ај не кукај,што да речеме ние со две 44 сликарство, играмо со бои, па ето лепо ни стои Цурици убав ден и уживајте во вашата младост и године Ех, давно су биле моје двадесете
Во светот не е ништо чудно ако во среда град има фонтана и децата, па дури и возрасните се разладуваат во неа. Сум ги гледала децата среќни, како се прскаат, старите како стојат или седат само со нозете во фонатаната, како никој ни реагира, ни се чуди на нивното разладување кога температурата е над 40. Кај нас, првото циганче во фонтана за годината веднаш е славно! На насловна на вест, на вести, сите поминуваат го сликаат, се става на ФБ, се исмејуваат...А светот тоа го гледа ко најнормално. Подолу слики од луѓе кои уживаат во фонтаните низ цел свет, а богами и нашите циганчиња на кои не им е гајле кој што ке рече за нив. Скопје Мадрид
Во моментов не сум сигурна дали стравов од непознато е позитивна или негативна страна. Ви праќам поздрав од Германија со 21 степен.
Позитивна страна. Гледај така на работите. Нека ти биде поттик за повеќе истражување на се' околу тебе. Поздрав и од Македонија.
Сакам да кажам дека .. Воодушевен сум од лугето со фантастични, легендарни, надчовечки, успеси што ги направиле на планетава земја .. само ќе потенцирам 2ца .. 1. Usain Bolt со 2та светски рекорда на 100 и 200м во 2009 год. 2. Michael Phelps со 8те злата на олимпијадата во 2008 год. ( и неколку светски рекорди ) Прегледувањето на видеата од остварувањето на рекордите и резултатите во мене будат емоции исто како кога ќе слушнам некоја фантастична изведба од некоја песна што ме погодува во срце ... ..
Баравме сонце го добивме, сега викаме пекол пекол пекол испоцркнавме аман и јас се варам ко компир. Доаѓа дожд - коментираме скапано време, само време аир лето не видовме, накиснаввввв, утоп суммм, џабе се бањав ова лето ли е. Што сакаме повеќе? - Никако не ни е погодено.
СДК дека понекогаш добивам чувство дека оваа телевизииве стварно отупеа цел ден како да сум во турција цел ден турски серии а вечерва пак во Србија :пуштам сител Х фактор ,канал 5 Звезде гранда алфа нешто слично аман веќе штое многу многу е...
Изгледа сум примерок кој уште поседува проценителни способности, распознава граници на неудобност и истите не ги преминува. Кога се отвора тема и низ разговор го сопнувате соговорникот на прашање на кое се чувствува неудобно да одговори, прескокнете го, сменете тема и гледајте да не се повтори. Вчера западнав во сериозна депресивна фаза се од муабетите на луѓето. Тотални странци поставуваат дијагнози и прашања во врска со мојата, нашата, плодност. Зошто немаме деца е тапет на разговор веќе долго време, секоја година се позвучно и со поразиграни претпоставки. И нормално ми дојде преку на директно ( ох, така интимно прашање ) одговорив, дека не нема да имаме. Е зошто, е веќе дегутантно да се одговори. Луѓето не знаат да почитуваат туѓа приватност.
Навистина, треба малце исаф да имате ко ќе прајте пред некој кој не е вработен муабет: дека ви е мака да одите на работа, дека ќе ви стаса платата, па и к - 15 ќе ви даваат, па колку е тешко да се стани на сабалје во 6,оти автобусо ви е во 6 и пол... Работев СК и ко си дојдов никој не ме праша како ми е? Сама се борев, се сама.. Во 7 станував, јадев и пешки одев 40 мин. И? Стварно не ги разбирам луѓево И за крај
Го сакам животот и тоа мн.Ја сакам секоја најмала ситница која ме опкружува.Си ја сакам работата,семејството,секојдневието. Не водам бурен живот,ниту мн забавен(гледано од страна).Но се што правам правам со уживање. Со уживање водам љубов со маж ми,со уживање играм со децата,пијам кафе со колешката која е постара од мене цели 30 год. Не држам диети ,не одам на фитнес ради мода,не се тагирам на фб кај сум што сум,не следам модни трендови по секоја цена.А сепак има луге кои велат дека се осекјаат мн пријатно и забавно покрај мене. Нема ништо поубаво од тоа да си го зачувате своето ЈАС па макар некој од страна да мисли дека сте досадни .Не е битно што мислат другите.Битно е што ви вели лицето,срцето и душата.
Ми се умира од досада моментално....дежурам на работа....пукнав толку ми се јади некое чоколатце тоа е ужас....нема од каде да купам моментално...врзана сум...а да имав околку мене 5милки немаше уста да ми се отвара....Марфи,марфи,марфи ......и така во касните саати си размислувам зошто лебчето секогаш паѓа на намачканата страна?:... зошто баш со оваа колешка сум во смена?.....ај ке палам цигара
не ми е јасно зошто луѓето се толку зли..зошто се заситуват со твојта несереќа ..зошто секогаш наоѓаат начин како да те понижат....ЗОШТО ?не го занм одговорт на прашањето секогаш нивното миселње и нивниот став е точен и правилен а сигурно не знаат дека секој човек на планетава има право да мисли што сака и да се држи до тоа што е за него правилно ...АМА ЌЕ КАЖАМ МОЖЕБИ така се понашаат од ниско ниво на образование... зошто сакам сите да бидат задоволни од моја страна и да се чувствуваат удобно во мое друштво...искрнооо жал ми е за таквите луѓее и секогаш ке ги рангирам под нула ..