СДК жал ми паѓа за некои луѓе кога ќе видам колку се огорчени и празни во душите. Сполај му на Бога, што ме држи настрана од нив.
Сакам да кажам... дека низ глава ми се врти една мисла, не знам точно како е И да сонуваш ти се брза, и да (не знам што има тука) ти се вјаса. Не гарантирам дали е тоа -сонуваш- Битно знам дека имаше БРЗА и ВЈАСА. Нешто како фраза е. Ако му текнува на некој, нека ми пише, фала однапред
незнам зошто негативните мисли се оставруваат со брзината на светлината а позитивните како да ги носи некој поштар многуу спорр.......незнам стварнооо
Сакам да кажам: што убаво било по не знам кој пат да учиш една иста работа... Секој нареден пат се чувствувам се „попаметна“ . Си велам, аууу што лесно било ова, како не сум го сфатила уште првиот пат . Шала на страна, изгледа наставничка сум требала да бидам, устава пена ми фати од објаснување... (Блазе си му на брат ми што ме има, мене немаше кој да ми објаснува, особено природни науки ) @Mishela, мила, искрено не знам на што факултет си била, цело време си замислувам дека си завршила или правен (помалку веројатно по мое мислење) или книжевност. (Инаку, многу ме интересира, сега веќе кога спомна ). А според мене, креативноста некако нема баш врска со образованието/струката. Повеќе ми е работа на карактер, или пак на ген. Еве, кај мене на факултет пола од професорите се многу надарени за уметност и за литература. Јас креативноста исклучиво ја поврзувам со било која од уметностите. Тие, пак, си имаат друга замисла за креативност - секој оној кој имал „кликер“ за иновации од било кој тип го сметаат за креативен. Ете, и тоа било релативно...
Во последно време, кога поминувам низ Скопјево од Центар накај Бит- Пазар и vice-versa, имам чуство како да сум се изгубила во некој виртуелен свет. Час Ренесанса и Барок, па Римско и Турско и обратно. Вистинска игра на стратегија, која како некое дете кое е почетник , си поиграло малку, му здосадило па оставило така нафрлено се !! Еееее мое Скопје, како те изобличија, се помалку имам желба да те прошетам, онака како што се дружевме порано, јас и ти. Срцево ме боли кога ти го гледам ликот кој ти го избраздија ојле-долје и ти направија такви грди лузни, да веќе не си ми мило ...за жал, веќе си ми туѓо и ми изгледаш како град за подсмев
Негативните мисли кога стануваат емоции, се наоѓаат многу ниско .... додека со позитивните е обратно. Вибрираме високо и позитивно.Исто се остваруваат и едните и другите, можеби така ти се чини затоа што имаш повеќе негативни отколку позитивни мисли. Пробај во денот колку часа можеш да мислиш на позитивни работи , па ќе видиш како на една мисла (ако ја задржиш 17 секунди) ќе ти се залепи друга позитивна мисла итд. Колку помалку негативни мисли имаме , толку повеќе позитивни работи ќе добиваме или имаме. Инаку и двата вида на мисли се остваруваат исто , само зависи во колкав интензитет се кај тебе.
Веќе престанав да мислам дека ме чека друго, подобро време. Овој период во ова време е потребен.Во друго време, друго нешто припаѓа.
незнам можеби е така ...но секогаш лошто побрзо се дешава а за позитивното треба стврно време...незнам можеби така мислам јас...
А зошто не ја завртиш ситуацијата во твоја полза, тој може услуга да ти направи ако каже нешто такво, бидејќи ти после ова треба да се оладиш од него. Ако јавно каже дека си го изневерила, тогаш одбрани се и ти со лага, рече дека е точно и дека не си можела да поднесеш да бидеш со некој кој не го сакаш доволно бидејќи не знаел да те почитува и цени и одел со секакви ороспии. Нешто во таа смисла измисли или дека немало хемија меѓу вас, не бил добар во секс и сл. Удри го кај што највеќе би го здоболело. Пола саат пишувам одговор, кој го измисли таблетов, исто како од мобилен да одам на интернет, не ми замерувајте ако иам грешки или ако лајкнам без врска. Затоа на фб не одам преку таблет или мобилен, лајкнувам при скролање
некогаш т.е. никогаш патот не знаеш каде може да те наведе ама во козметичко студио според висока класа-ни на крај памет и уште клиентот пред двете вработени да те нарече јака пичка сикрај сигурно не знаел подалеку од носот па сирот тој кога слушна дека сум учела Кинески веднага да прокоментират море мореако дечково незнаи подалеку од носот зошто мора да прокоментира на некој што се мачел 7 8 месеци за да учи непознат тежок и ценет јазик пред се многу популарен
Што ќе правиме со оние луѓе шо не знаат за пиење чај, немаат слушнато за грицкање моркови преку ден, за лимон и топла вода.....За пилинг и зошто е потребен, за медитација, за туширање секој ден ..... Во цреп се растени. Шо да им правиме и на вегетеријанците ,што се толку агресивни ...си го бранеле ставот , Не вие напаѓате... Ако вие се храните со билки, значи сте во Зен, сте прочистени смирени , шо се бунтувате и шо сте полни омраза спрема нас.... Побогу , никој не бара од вас да ширите и да браните идеологија.
Абе злaтнa oбaвезa беше oдењетo вo вoјскa. Дa мoжaм aј штo би гo врaтилa тoa и зa мaжи и жени, туку би нaпрaвилa дa мoрa дa се преживеaт некoлку месеци вo џунглa. Штo е oвa се лигле дo лигле, шмизлa дo шмизлa... Се дa се oбесувaлo нa некoј незaвиснo дaли е дечкo/девoјкa/рoдител/другaрче . Амaн бе луѓе, индивидулци сме. Бидете сaмoстoјни мaлку . Еве пример oткaкo изедoв 3кг зелени сливи, aкo ме фaти прoлив, зaр друг требa дa викaм дa ме брише? . Тoлку зa денес oд мене. Oстaнете ми сo дoбрo. Вaшa М,
Обично, секој лист има две страни. Не верувајте дека секогаш нешто пишува меѓу редовите во тој непрегледен простор. Отворете ја вратата на сопствената интуиција и прочитајте што пишува таму. Трчајте напред! Смело и гордо... Чувајте го грбот од непријателите, скријте го од пријателите. Копнежот заменете го со дејствување и борете се за тоа што го заслужувате. И танцот е лек за душа кога ќе забележите поинаков знак од оној што го барате на патот кон успехот. Низ елегантноста на чекорите внесете насмевка во себе за да ја полеете аурата со грст ентузијазам. Смејте се дозирано за да не создадете насмевка поширока од умот. Не заборавајте дека во непознатото се крие убавото. И познатото некогаш станува непознато... Нема граници. Не верувајте во она што ќе ви го кажат, а уште помалку во она што ќе го видите. Претпазливо вклучете го сетилото за слух и повеќе купувајте зборови, отколку што ќе дозволите да ви ги купат, па дури и по солидна цена. Растопете се во моментот на една неописливо пријатна прегратка која ќе ве распламти до степен што ќе закопа се што сакате да почувствувате и да изговорите. Оживејте го сонот... Молчете и заборавете на се. Препуштете се на топлината и взаемната енергија што ве бранува. Верувајте дека најцврстата прегратка може да го спои се она што некогаш било скршено. Чувајте си го срцето, средете си ги емоциите, нарамете го идентитетот во комбинација со амбициите и гледајте напред. И уште попресретливо, повремено завртете се назад. Во се што ви се случува, не заборавајте да сакате. Љубете искрено и со почит на начин како што сакате да бидете љубени. Ништо не може да биде толку моќно за да ве разгали како рој бакнежи во тивка и свежа ноќ. Преплетените дланки во темниот простор нека ве одведат во удобен сон. Се е поедноставно и полесно кога знаете дека имате со кого да го споделите мирисот на постелата и да ги набљудувате ѕвездите на небесниот свод. Како некогаш нека биде и сега...
Кога ќе почнат да ти се вртат во глава мисли од типот сите машки/женски се исти, младината е отидена во неповрат, или најлошата варијанта нема луѓе... тогаш е време да им го намалиш значењето во твојот живот на примерите врз кои се ослонуваш за таквите ставови, и да се опкружиш со личности кои се доказ колку се неправедни твоите генерализации...
Она кога више не си со Че на крајот од името за никого. Она кога ти скурчува од се. Она кога гасиш телефон и пушташ нешто чизи од типот јади, моли се и уживај. Она кога другарка ти вика - еј драга, на 10 јули си испланирав ќе одиме некаде на 7 дена, август за август и си ќејф на душа. Она кога men ain't shit for you. Она кога ти си ти... целата и своја омилена. Пуса, бог. П.С. Она кога ти вика - праски има на пазар, а ти се уште си ми скарана, доџи у 5 до 5. Она кога сакаш да го скриеш од светот за да го љубиш до изнемоштување. Она кога не ти е гајле што викаат - со него ли најде? Си одите, си одговарате, ама кај најде со него? Ќе те упропасти. А јас демек него не? Пф... Она кога не те боли тасе, она кога сакаш само да го гушкаш светот бидувајќи си ти самата, таква, никаква и некаква... Жени сакајте се... многу! Бескрајно многу... гушкајте си го и сакајте си го секој дел од себе си. Не бидете самозаљубени, туку сакајте се, здраво, како што ви доликува за да бидете жени. Познавам многу жени кои не знаат колку вредат, но имаат свиткани грбови од што не се погледнуваат како што треба и познавам многу шљам од жени кои успеваат секој нивни страшен недостаток да го направат во предност, да го изманипулираат светот и да не им биде грижа.