Па еве ме мене, скроз нова. Косата отиде на пола, и стварно си ја сакам ваква каква што е. Ме прави да изгледам како бебе. Дури и наочари нови имам. Само што не ги носам баш... И... и почнав да пишувам некое си психолошко текстче. Мислам дека ќе си ја изгорам главата пишувајќи го ова т.е ќе си ја дорастурам психата. Ама не, ќе издржам да го напишам до крај чудово! И така...
Успехот и среќата во животот ви доаѓаат сигурно кога правилно ќе ги поставите приоритетите и кога ќе знаете да го одвоите неважносто од важното. Ќе положите полесно кога нема да го учите материјалот кој нема да ви се падне, ќе бидете поуспешни во работата кога нема да се замарате и да им посветувате внимание на работите кои претпоставените не ги приметуваат, ќе бидете посреќни кога вашето време и внимание ќе го трошите на луѓе кои го заслужуваат тоа па затоа луѓе научете да си ги поставувате правилно приоритетите. Инаку мисливе ми доаѓаат благодарение на тоа што мајка ми ми донесе кутија сладолед хаха Една е мајка!
Никогаш нема да престанам да сакам, барам. Ако не си посакаш нема ни да добиеш,велат. Јас сум креатор на мојот живот и ќе имам се што ќе посакам. И нека викаат дека многу ми е лесно , ако . Лесно ми е.
А, бе, фала на комплиментот, ама премногу си ја сакам приватноста за да почнам да пишувам колумни, веќе премногу луѓе ме имаат препознаено и онака на форумот.... Затоа, псссссст, супер си е темава за да си истури човек фрустрации.
Кратки инсерти. Одбројуваме ~ Те љубев! Страшно и страсно многу .. Те губев .. со секоја помисла губев дел од тебе, од мене.
СДК ... точно е дека, се' што е убаво кратко трае. Ама важи и ова, дека она што е убаво може да се повтори во уште подобра верзија.
Заради луѓе како вас ќе успеам во животов! Како можеш да си таква жено? И тие две што ги влечеш со себе, чиниш црната тројка! Значи не е можно да постојат такви луѓе на светот. Или јас сум глупа па премногу верувам во глупости, се сожалувам, ама не требало.
Си пребарував низ профилот,ок е знам дека сум член од 2011 година,ама тогаш при зачленувањето сум ставила набрзина погрешна дата од роденденотсе зачленив тука,барајќи помош и совети од здравствен аспект и другото не ми беше важно,важното е што 4 години ме има и покрај "лажниот роденден" П.с поважно е што за 4 дена ми е роденден,никогаш не сум го кажала тоа јавно и никогаш не сум прославила со васе така ,да си знаете на рама на 22 јуни и е роденденјас вечерва си го добив првиот поклон од мајка мисе радувам како мало дете на секој подарок и знак на внимание... А дали спомнав некаде дека роденден не сум славела со години?! го мразам фактот што ќе бидам постара за 1 година,ама затоа обожавам подароци и разгалување
Еве не знам... мајка ми кога влага дома не поздравува со - Хелоу бичиз и си одговара на тоа - Хелоу Чарли! Да не речете никаква сум била, да знаете на кого сум метната!!!
СДК 1. Ми се засвиѓа песна што ептен ја зборев дека е идиотска... Сега цел ден од глава не ми искача. СДК 2. Започна Рамазан, лесен пост на сите што ќе постат.
Афкорс. Гледа серии повеќе од просечен млад човек, а води и домаќинство и има две работи...со 53 години. Јас не ни знаев од каде и е. Мислев дека е од Чарлиевите ангели, па ја поправив дека е - Хелоу ејнџлс, хелоу Чарли и ми се изнасмеа ко да има петнаес години и ми вика, врска немаш, од Суперантурал е... Шо да кажам... водолија...
Љубов ли е кога посакуваш да го видиш,да го прегрнеш? Кога сакаш нешто да споделиш со него,кога сакаш да го запознаеш со целото свое секојдневие ? Љубов ли е кога пешачиш и посакуваш ненадејно да го сретнеш,да се појави пред тебе демек случајно? Љубов ли е кога сакаш со него да јадеш сладолед? Љубов ли е кога сакаш да го покажеш на целиот свет ? Ќе да е...
Вчера се исплашив да не славиме роденден со ќерка ми на ист ден, но се излезе добро, нема никаков проблем. Еден ден е покасно ама кој е по благо нема да му пречи, повелете на торта! .
Добро bloody дождливо утро Од 35 C на 18 C и се чудам главата зошто ме фрка посабајлечки Ај, отидов да копам у гардероберот..таман се кренато, складирано, сортирано, сеа пак вади !
Моментално се наогјам на стол-оперативен и чекам анестезија и никогаш во живот не сум била по исплашена .
И така во себе ќе собирам ќе собирам и после оп бомбата ќе пукне! Е кој ќе си го добие нека му ја мисли