Животот е еден и треба максимално да се искористи,правете го она што ве исполнува и што ве радува,а не она што другите ги исполнува и радува.Сепак живееме за себе,а не за другите,помагајте за да ви помагаат. Среќен рамазан на сите оние кој го слават овој муслимански празник,и нека им е со лесно на оние кој постат,нека ве чува алах.
На крајот од патот, и не ме баш засега што ти мислиш за мене! Единственото важно е што јас мислам за себе!
Се разбудив со главоболка ама не ми е гајле, нема да ме заебе денот. Јас ќе го заебам него. На списокот имам многу работи да направам ама моментално ме мрзи Ќе уживам денес во денот затоа што да, убав е животот и треба да го цениме. И заслужив. Ќе ја чекам и мајка ми да готвиме, сакам јас да готвам ама далеку од мене е подобра. Се е убаво ако го правиш со љубов. Се
Со лесно нека ти е. Ако е заб - немај гајле, не е страшно. Вадев осмица пред некоја година и беше едно од најдобрите искуства (можеби и единствено) што сум ги имала по доктори.
Де нека ми се појасни колкава е моќта на напрчените усни на сите фотографии ? Секоја втора е вака сликана, па на ништо не личите бре или пак можеби сакате со тоа да дадете до знаење колку вие пукате од самодоверба, а лајковите пак, уште толку ви го креваат егото.На секој час оп нова слика,во вц,во кујна,во спална,чита книга,пие кафе и да не набројувам.Ок,ваш живот,фејсбук е приватна работа,ќе правите што сакате и ќе објавувате колку сакате,ама да патиш за лајковите и да избришеш фотографија само затоа што на неа си собрала малку лајкови е знак дека си патите по внимание и дека самодовербата ви е нула.Кој колку повеќе лајкови има е попопуларен и поубав. Е не, самодовербата не се гради на фејсбук. *** А денов убав,дождлив само за спиење ,не дека толку сакам да врне туку некако она тропкањето по олуците сакам да го слушам,ме смирува,си го пуштам мозокот на пасење,размислувам.Треба да го кренам газот да средам некои работи, да одам да вежбам,што со патот ми одзема добри 5 саати,а вечер ме чека карти парти,собир со другарки кои од поодамна не сум ги видела, па едвај чекам да помине денов, ќе има многу смеа вечер. Љубовта ми е на стенд бај денес. Ете така,имајте убав ден женчиња.
Очајно размислувам да го убедам татко ми да го извади ѕвончето за вториот кат. Мислам.... кој нормален се беси на ѕвонче во девет сабајле?! Деновиве активно ги пречешлувам огласите за вработување. Отворам секакви, баш и не пребирам и не се ограничувам на сопствената професија... Ама некако упорно ги игнорирам оние кои се настрана од мојов град. Колку и да се знаеме сите, колку и да е тапа кога времето не чини.... не ми се напушта изгледа. Најјакиот изговор засега ми е дека не ми се плаќа кирија во друг град. Градов дише. Дали дека се‘ уште не ме фатила криза (една година има откако се вратив тука), ама не се чувствувам притиснато. Вчера се враќав дома од вежбање, ме фати дожд. Не се потрудив да побрзам, наоѓав изговори да не трчам до дома (ми тежел ранецот, како да не), се шуткав по сокаците, се џарев по дворови и по трендафили. Капки дожд силно ми удираа по лицето, а мене не ми беше гајле. Моментот кога ќе си влезам в двор, ќе се растоварам на столиците и ќе се оптегнам со нозете поткренати на железото од масата... па уште мачорко ако дојде да се галиме. Зошто би сакала да бидам на некое друго место? Ама дефинитивно мора да преземам нешто околу ѕвончето.
Стално му наоѓаме мани на партнерите, имал грд нос, немал факултет, љубоморен бил...Сакам да е амбициозен, овој мојот не е , да слуша таква и таква музика, да ме сака во несвест да паѓа..да доаѓа со мене кога разгледувам по рафтовите во ДМ со саати... и цел тон измислени глупости. Наместо ние да бидеме тоа што сакаме другите да го имаат, ние се замараме со некој сосем трет. Па што кога би го имал едното , второто ,петтото...по два дена нова мистерија ќе откриеме . Затоа , си ги ставив витлерите на глава, си ја земав книгата во рака од сабајле, изгледав неколку мотивациони соговорници, направив масажа со кокосово масло а планирам и неколку серијали вежби да направам. Ова секој ден го правам , ама не со таков ентузијазам како денес. Ма нека се фалат бре, нека викаат "Е ваква девојка сакам", и во последните часови од животот негов ,мојот иден сопруг тогаш да рече "Боже каква жена имав". На толкуте желби што ги имаме за ваков или таков партнер, не е лошо прво на нас да ги примениме истите работи.
Џабе ми е што си правам надворешна убавина цел ден, депилирање, лакирање, еднаш, два пати, лакирање нокти на нозе, правење фризура, шминка кога не можам душава да си ја исполнам со убави бои и ведрина. Тажачка и жалопојка ми е. Их, да му се сневиди, и онака си го земав вчера пасошот, како би да си резервирам некој лет, па да ме снема оттука, ал нема маца кој да ја чува бреееј. Баксуз.
Значи какво турско кафе сум си направила, неможам да си поверувам. Добро утро лепотици, убав ден на сите!
Најубави утра ми се кога имам простор да станам да си испијам чај и кафе, да си изедам порција овошје, да си го пополнам роковникот како што треба, да си го испланирам денот, да се истегнам со јога 20 минути и 5 минути длабоко дишење. Ни кишен ден не може да ми го упропасти денот. Сакам секој ден да е вака, ама не е за жал. И сите додека кукаат од воспалени мускили, јас уживам во болката. Не знам зошто... можда сум мазохист, ама убаво ми е кога ме боли се од вежбање.
не сум заспана ни половина цас нокеска-го заборавивме антидепресивот, мозокот се навикнал ај да не станувам по 100 пати и пак се разбудив со тоа чудо невидено а едвај функционирам
На ист ден ни било роденден Он топик.Уживам во летните дождливи денови да ве читам.На форумов му требаат повеќе хумуристични луѓе.Ве сакам девојки
Јавно да се извинам на госпоѓата, поради неа душа ме заболе денес. Незнаеше дека потајно рзмислувам за неа и нема да знае дека сум и се извинила. Со денови во мислите ја озборувам како е никаква, како повишува глас...како е подмолна... Си имала мака кутрата..болеста не бира и не чека.. Таа само ја гледала околината со омраза бидејќи и се ближи часот Навистина ми е жал, незнаев..мислев дека сте толку лоша и непресметлива...незнаев дека сте толку многу болна.
Денов не можеше поубав да биде Денес фамилијата се зголеми за плус еден член. Добив братучедка Добре дојде бебуле наше на овој свет Да ве почастам мекици И благо
A rekli su mi: "Ako je strast, proći će. Ako ne prođe, ljubav je." I nije prošlo. - Balašević. Само, за работите за кои смее да се говори, се говори јавно. За другите, се молчи. Ниту се помислува на нив, ниту гласно се прошепотува.. Заборавете на минатото, и на личностите што оставиле траг. Ако биле оние вистинските, се уште ќе се во сегашноста и ќе ни ја држат раката. Знам, секој има своја лузна од некој, која го пече и боли. Ама знаете како, се додека вистински не одлучиме да заборавиме, нема да заборавиме. Воопшто не сакам да ја трујам душава со омрза, ама единствен начин за заборавање на некој, ми е рецептот-да се сеќавам на лошите работи кои ми ги има направено личноста, да минувам низ болка одново и одново. За денес, да се насмеам слатко.
Го обожавам времево..не сакам топло воопшто..конечно може да се диши..никој не може да ми го уништи расположението денес @joy1 не знам што ќе оперираш, се надевам дека си поминало добро и со лесно..Сигурно си во ред сега,ние жените сме силни