Сакам да прашам...?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hipica, 16 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Може некој да ми каже нешто повеќе околу овие акцентски целости :^)
    A. акцентска целост од два полнозначни збора.
    Б. акцентска целост со проклитика.
    В. акцентска целост со енклитика.

    Ги нема ни спомнато во прирачникот по македонски што е за матура, а лани ги имало во тестот |(
     
  2. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Енклитики се неакцентирани зборови кои се врзуваат со акцентираните зборови, прво е акцентираниот збор па следува неакцентираниот или енклитиката.
    Енклитиката може да биде кратка заменска форма после глагол:
    До'неси го
    Ви'ди ја ти неа
    Именките кои означуваат сродство и кратките заменски форми
    Ма'јка ми
    Те'тка и
    Кратка заменска форма после глаголски прилог
    Гледа'јќи го
    Носе'јќи му ја
    Проклитики се неакцентирани зборови кои се сврзуваат со акцентираните зборови кои следуваат по нив
    На ни'ва
    Под ра'ка
    Проклитики има највече во потврдни реченици
    Да, ќе одам ка'ј неа
    Проклитики образуваат најчесто предлозите и именката по неа
    Умре бе'з време
    На ра'це
    Со си'ла
    Предлогот ВО не образува проклитика освен ако не е нешто нагласено
    Проклитики образуваат предлозите и долгите заменски форми
    Дојди со ме'не
    Пред не'го
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Чика не знам конкретно за таа паста ама јас кај мене во веце немам никогаш видено колгејт паста ! Татко ми носи ама си стојат , ги користам само за третман за нокти :lol: Мајка ми и на мене ми кажуваше за некои хемикалии и не ја користиме .
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    СДП, (дека ја завршив осмо) дали стварно имало во просветно дело, некој лист, нешто.. Каде што можело да се напиште со кого сакаш да бидеш во клас? :rofl:
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Јас го користам и кожата ми стана помека, не ми се мрси и воопшто немам мозолки кога го користам... Ама се зависи од типот на кожата...
     
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.672
    Пол:
    Женски
    кој те лажеше ?! :^)
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    хахахахахахахах каков е тој лист побогу хахахахаххахаха
     
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Да, да има такви листови, можеш да пишеш и кој сакаш класен да ти биде :rofl: :rofl: :rofl:
     
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    На другарка ми другарка. :lol: А сестра ми само слушнала нешто. Нема везе..
    Иначе таму негде декември, крајот, праев алерго тест, и ми кажаа дека на ништо не сум алергична. Ок, арно ама, сабајлево станувам, идам пред огледало, и баа. :o Горната усна волкааа, ко на Боки 13. Дека денес не работи лекарката, и се јавивме и ни кажа дека е алергија некоја. Да се напијам лоратадин, се напив, и сега па ќе ме тера на спиење. А вчера спиев 15 саати, од температурата. :doh: Знае некој, некој др. начин како да ми спадне отокот? Се осеќам ко изрод. :devil:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Абе мене па ич не ми се спие од лоратадинот. Тоа така некогаш од сугестија ќе ти се приспие, мислам дека плус треба бааги поголеми дози да се напиеш за да те фане дремка. :D

    Гтни си, дремни си ако ти се приспие. Немој да мислиш дека во кома ќе паднеш од едно-две апчиња. Ноу уорис. :D

    Отокот сам од себе ќе се повлече, ако бил од алергија. Сигурно нешто те полазило/апнало додека си спиела. :?:
     
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Еве уште не ми се приспало. :lol: Иначе и мајка ми помисли дека ме каснало нешто во спиење. Али докторката рече дека чим е само горната усна, на алергиска база било. :/ (ама не ме виде докторката, туку преку тел.)
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Срцки сте леле :rofl: Ми го спасивте наредниов период од досада :rock: :*
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  13. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    ЖенЦки ај некоја нека ми објасни како да пуштам статуси од мобилниот, влегов на фб, си го ставив бројот, ми пуштија порака со код, ми стигна кодот, го внесов и сега ? :@ пак ништо еее многу се нервирамммм :envy:
     
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Дали ќе биде љубезна некоја полуматурантка да ми ги каже потребните документи за упис во средно? :) Или морам да одам до училиштето ?
    Доаѓаат уписиве, а јас врска немам што - како треба. :D
     
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    И јас завршив осмо, ама поим си немам. :lol: Мислам дека прочитав негде дека изводот не е битно која год. е изваден, а за др...
    Најдов нештооо. :rofl:
    II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ



    Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во ната­мошниот текст: училишта) во учебната 2011/2012 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Конкурс.

    Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот.

    Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

    Условите за запишување на учениците се:

    - да имаат завршено основно образование;

    - да не се постари од 17 години;

    - да се определиле за план и програма за стручно образование и обука;

    - да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

    Во средното уметничко образование може да се запишат и надарени ученици со незавршено основно образование по претходна писмена согласност од Министерството за образование и наука, со обврска паралелно да се здобијат со основно образование.



    III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ



    При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

    - пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое сака да се запише и истата е бесплатна);

    - оригинални свидетелства од V до VIII одделение;

    - извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).


    IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ

    Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок.

    Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 16 и 17 јуни 2011 година, а резултатите од запишувањето и сло­бод­ните места ќе се објават на 20 јуни 2011 година.

    Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 29 и 30 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2011 година.

    Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 18 август 2011 година, а резул­та­тите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 19 август 2011 година.

    Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 31 август 2011 година.



    V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР


    Критериуми за избор на учениците се:

    - среден успех на ученикот од V - VIII одделение;

    - среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

    - дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);

    - средна вредност од поени добиени за поведение.

    Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

    За средниот успех од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (средниот успех од петто, шесто, седмо и осмо одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

    За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни пред­мети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

    За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

    За средна вредност од поените за поведение од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од петто, шесто, седмо и осмо одделение поделен со 4).

    Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

    Утврдениот број минимум поени за првиот уписен рок, прво прија­вување, се составен дел на овој Конкурс.

    Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување во првиот уписен рок и за вториот уписен рок да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши:
    - за првиот уписен рок, второ пријавување на 21 јуни 2011 година.

    - за вториот уписен рок на 4 јули 2011 година.

    За учениците кои завршиле осмо одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (V, VI или VII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од осмо одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Тоа Елена што го копирала е точно, така беше за лани. Но можеби има промени оваа година, знам Лин прашуваше каде да извади извод од матична книга на родени бидејќи не требал да биде постар од 6 месеци. Инаку конкурсот обично излегува ова време во весникот Нова Македонија. :)
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Па ништо, сега можеш да пишеш пораки на тој број што ти стигнал кодот од него и ќе ти се објавуваат како статуси.
     
  18. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    4.646
    Пол:
    Женски
    да не знае некој да ми прати линкче од следнава песна машко ја пее iiiiiiii ain't got nobody....толку ја знам понатак јок! :lol:
     
  19. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    621
    Пол:
    Женски
    Девојки знам дека има тема за мојот ``проблем`` ама сметам дека тука побрзо ке добијам одговор дека е итно. Вечер излегуваме цел бивши клас нешто како прослава од матура па ми треба совет од вас. Имам фустанче еве вака сличноhttp://ak1.polyvoreimg.com/cgi/img-thing/size/s/tid/27258329.jpg само корсет е горе под гради има црвена трака од истиот материјал и плус горе е тегет а надолу е од под гради е бело и тегет риги (онаа како мацана бела) Сега сакам да прашам ке биде ли со црни салонки и црвена ташна или црна. Ај ве молам за помош. Или да носам нешто друго? :$
     
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам некој да ми каже каков е тој третман за нокти со паста ?
    Имам таман една неупотреблива па да си направам еден третман .
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.