Сакам да прашам...?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hipica, 16 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Размислувајте на позитивните работи.
    Како би се чуствувала мајка ви да и речете дека не го сакате бебето? Не им правете дополнителни нервози на луѓето. Не е едноставно не викам не да прифатиш брат/сестра на 18 години, ама не се однесувајте пубертетски.
    Децата се секогаш добродојдени. Радувајте се што ви се случуваат убави работи, некои сонуваат само за тоа.
    И никако со такви проколнувачки зборови, не ви личи едноставно.

    Еден ден може и вас истото да ви се случи и посакувате вашата одрасната ќерка на 19 години да плаче како мало дете низ дома и да ве проколнува што сте останале бремена? Секој очекува подршка.
    Не бидете себични и дајте ја со целото срце.

    Мартинушка 100% сум сугурна дека ако имаш сестричка ќе ја сакаш најмногу на светов и ќе се каеш за овие будалаштини што сеа ги кажуваш и чуствуваш. Таа ќе ти е центарот на светот верувај!
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Не можам да и дадам подршка кога она не ме подржува за една од најбитните работи во мојот живот. љубовта. повредена сум максимално од нејзина страна за тоа. може ми мисли добро ама го прави на лош начин. и само ме повредува и ништо друго не постигнува.
    Се надевам дека еден ден ке се смеам на овие будалаштини. а сега да пробам да се стабилизирам и да учам прашања за последниот матурски испит. фала на вашата подршка и зборови. многу значи да се има нешто такво па макар и од некои луѓе кои не ги знаеш а сепак се тука да ти помогнат на некој начин :* :inlove:
     
  3. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    686
    Драга моја , да те утешам малку ( озбилно),

    Ова што сега го чувствуваш е нормална реакција на вестта што си ја слушнала.
    Нормално е ако си единствено дете вака да се чувствуваш, оддеднаш ќе ја делиш љубовта со друг , а особено што веќе си возрасна личност.
    Она што ќе го добиеш ,здравје Боже , е благослов од Бога. Нема да останеш сама во животот .Кога ќе ти е најтешко ќе има со кој да си прозбориш , па макар само гласот да му го слушнеш.
    Она што е предност во оваа работа, е што со така помлада сестра , ќе останеш и ти секогаш млада и во сваќања и во размислувања и во гардероба ;) .
    Јас сум единствено дете и верувај ич не е лесно , особено со текот на годините кога ќе оформиш свое семејство и ќе немаш кој да ти дојде на кафе од своите. Друго се тетки , вујковци , чичовци , братучеди. Сите тие ќе имаат свои семејства во животот, а ти , доколку си сама како мене, ќе останеш осамена.
    Затоа радувај се и мој совет ти е ...поразговарај со мајка ти.Сега и требаш и таа се плаши од твојата реакција , аверувај , тоа што се одлучил ада роди поле толку години го прави САМО за тебе, за да не останеш сама на светот.
    Биди среќна што е сестра .И брат да беше не ќе беше лошо , но вака ќе си имаш другарка која ќе ја сакаш и ќе те сака највеќе на светот.
    Разговарај со мајка ти и кажи и како се чувствуваш , немој да создаваш непотребно бариери. Нејзе ти ќе и бидеш потребна ,а верувај иако ќе има уште едно дете нејзинат аљубов спрема тебе нема да се намали ни за пола промил. :*
    Многу поздрав до тебе и ти посакувам да добиеш најубава сестричка на светот која ќе те сака и ќе ја сакаш најмногу на светот ( во што и сум сигурна).
    Поздрав.
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    174.805
    Ако може одговор да добијам ,останав со прст во уста.

    Кога сакав да ги видам мислењата кои добиле звездичка- на една драга феминка,ми пишуваше дека немам дозвола за да ги читам мислењата за таа категорија.

    Каква е таа дозвола?

    Каква е таа категорија?

    Има нешто -некоја категорија за која сеуште ми е рано според мојот рејтинг или....??? :?:
     
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Избришано ти е мислењето...



    Ова во сон го кажувам веќе... :lol:
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДП каде да го најдам таблото од „Лазар Личеноски“, ако воопшто го има уште? :D
    Знам дека некогаш многу „рано“ ми текнуваат некои работи, али јбг. :rofl:
     
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    174.805
    Ама не моите мислења туку на друга членка.Значи ,сакав да ги прочитам нејзините мислења кои добиле звезда,а не моите.
    Не станува збор за моите мислења.

    Дали тоа значи дека нејзините мислења се избришани или...???
     
  8. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Дап,токму тоа.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  9. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    24.042
    Пол:
    Женски
    СДП каде можам да ја најдам книгата Крив правец 2 од Дитас?
     
  10. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    343
    Не не, совршени пропоции за жена се 90 - 60 -90. т.е половина 60. Мене ми се допаѓаат овие пропоции искрено :)
     
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Има некој искуство со купување на ebay, има еден фустан на bid е, до утре трае а многу е убав преубав. Другарка ми е на работа утре, ми даде пасворд од нејзиниот акаунт јас да биднувам утре а таа ќе ми го донесе од таму кога ќе дојде. Ај ЛП ако знае некој како иде ова да ми објасни :?:
    Само place bid да стиснам и сума :^)
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    5.415
    побарај кај оние што продаваат книги на старо, незнам точно каде се лоцирани во центар сега но едно време ги држеа сите книги од дитас а цената им беше 250 бар така мислам, види прашај си ;)
     
  13. Dayse

    Dayse Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае некоја книга за растенија и билки? Многу ми треба и ако знаете од каде може да ја набавам? :)
     
  14. tweety88

    tweety88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    Не знам точно за што ти треба книгата, ама ако е за информации и слики од растенија има еден атлас се вика Ботаника, го има во Просветно дело...добар е, има интересни информации само не знам која цена е, зашто јас пред неколку години ги купив комплет сите 7 атласи што ги нудеше Просветно дело.
     
  15. Cherry03

    Cherry03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Како се викаше поучно на англиски?
     
  16. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    instructive :)
     
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Хмм, јас имам 17 ипол,брат ми се роди лани, значи 16 ипол години разлика сме. Прво и јас реагирав чудно,малце нервозна бев, но сега ми е баш супер,неможам да си го замислам животот без тоа слатко мало и многу итро детенце.
    И да ти кажам ич не ми е гајле што зборат комшиите, демек за пари било, овој законот за трето дете што е,се беше неочекувано,никој не очекуваше, беше случајно.

    Заборавив да пишам дека имам сестра поголема од мене 1 год.

    Тоа што мајка ти те повредила не е причина ти да не го сакаш тоа бебе. Не мисли на мајка ти, мисли на бебето.Замисли ти да имаш 19 год. постара сестра и таа да не те сака само затоа што не се сложува со мајка ти.Глупаво е.

    И имаш 19 год. ќе имаш многу дечковци,сега мислеш дека не ти дала подршка за љубовта, можеби таа мисли дека си сеуште мала, има време и за љубов и за се. Дечковци можеш да имаш многу, ама родителите и братот или сестрата се едни.
     
  18. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Мене искрено би ми пречело ама нема назад подобро подржи ги бидејќи ништо нема да добиеш освен нивното лошо расположение кога тераш бунтови поради тоа... ;)
     
  19. SoNi55

    SoNi55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам на која рака и на кој прст (правилно,ако воопшто постои правило) се носи веренички прстен??? :^)
     
  20. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Јас го носев на лева рака на домалиот прст, бурмата е за на десна рака ( мое мислење).
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.