Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да прашам...?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hipica, 16 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    ке може ли некој кој ја има прочитано цела поема СЕРДАРОТ да ми ја раскаже накратко содржината ...благодарам однапред
     
  2. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    http://mk.wikipedia.org/wiki/Сердарот
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664


    Пискотници се слушаат од Галичник во Река,
    Што тешка несреќа ги збра
    и мажите, и жените, та гласи тажна ека
    и навева сал коб и зла?


    Оваа поема кој не ја прочитал срам да му е. :x

    Ова ти е од интернет, си можела и сама да провериш пред да го поставиш прашањето овде
    „Сердарот“ започнува со потресна слика за положбата на македонското население во Галичник и Река, каде е лоцирано дејствието на поемата.

    Пискотници се слушаат од Галичник во Река,
    Што тешка несреќа ги збра
    и мажите, и жените, та гласи тажна ека
    и навева сал коб и зла?

    Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?
    ил’ рој од скакулци се вдал?
    Дал’ султанот арачлии пред време беше пратил
    да збира арач лут без жал?

    Ни град полињата житородни ги беше фатил,
    ни рој од скакулци се вдал,
    ни султанот арачлии предвреме беше пратил
    да збира арач лут без жал!

    Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,
    тој сердар прочут падна в бој,
    и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
    и да ги брани нема кој...

    Со познатата словенска антитеза, карактеристична за нашето народно творештво (но и за Хомер, види го извадокот за разделбата на Хектор и Андромаха - употребена е истата стилска фигура), Прличев нè воведува во понатамошниот тек на поемата.
    Гласот за смртта на јунакот се шири со голема брзина и тој предизвикува болка и страв кај населението, зашто ќе нема кој да го заштитува.
    Од тој ужас и немир што се шири меѓу селаните, Прличев се префрла на тивкиот и мирен дом во кој мајката на Кузман - Неда е осамена и во исчекување да се врати синот. Таа претчувствува нешто страшно, бидејќи сонувала како се руши куќата и потпорната греда (Кузман) не издржува. Со смирен тон и многу сликовито, Прличев ја опишува мајката:

    На средна е доба; и јадра, сосема здрава,
    кршна и херојски силна.
    Извајана е амазонската нејзина става:
    Вистинска личота милна.

    Годините не ја намалиле нејзината убост;
    на лице свежест се гледа,
    младешката сочност не ја беше сменила грубост.
    Таа е кутрата Неда!

    Таа е последна која дознава за смртта на синот, сите се плашат да и ја кажат кобната вест, но кога таа сепак допира до неа, Прличев го повишува тонот и ги градира чувствата:

    Да, како лавица што дрско ловците ја гонат
    и плодот и го крадат прв...
    А тогаш и најтврдиот од очи солзи срона:
    го стигна жалта својот врв.

    Мајката жали, испушта крици како лавица, ја фрла шамијата од главата, ги кубе косите, но многу брзо се созема и им се обраќа на селаните возвишено и гордо:

    Доста му се ридањата, пискотите мои ледни
    за награда во овој час.
    Над ваш’те невести и ќерки плачете, о бедни
    бидејќи за нив нема спас.

    Но, Неда не е само мајка на загинат јунак, туку и борец, закрилник на народот што ќе го земе мечот во својата рака за да го одмазди синот и ќе ја продолжи неговата борба:

    Но и други борци ќе воскресне Река и водач
    нивни ќе излезам в гора.
    По вашата трага ќе тргнам и по вас ќе одам...
    Јас да ве уништам морам,

    Ил, мртва ќе паднам. Зошто ми е животот кога
    син ми неодмазден ќе е?
    Во бојот ќе побарам смрт. Но, по желба на бога
    може и триуф да грее!

    Гегите (Албанците) се непријателите кои го пљачкосуваат и тероризираат населението, но Прличев ги слика како поклоници на јунаштвото и чесноста. Тие за да му оддадат почест на големиот јунак, сами на раце го носат Кузмановото тело во домот на мајката, на тој начин искажувајќи ја почитта и кон неа и нејзиното херојско и гордо однесување. Стариот Албанец ќе каже:

    И везден ти да плачеш, имаш зошто. Биди силна!
    Ти загуби, о мајко, џин!
    Народните ќе пеат колена со уста милна
    за делата на твојот син...

    Тој ќе ја опише борбата и невидената храброст и сила на Кузман кој убил многу Албанци и двобојот меѓу Махмуд и Кузман во кој загинал. Ја опишува Кузмановата смрт како најхеројска и достоинствена:

    Од крвта ненаситен се уште водеше битка,
    лутина гневна дишејќи;
    од раните бликаше крвта, но се уште бритка
    мавташе сабја, беснејќи.

    Непријателот е воодушевен од јунаштвото и сака да ја утеши мајката:

    ...јас не сретнав појунак човек,
    жено, од сина ти сакан.
    И блажени нека се твоите гради се довек
    што го отхраниле така.

    Од голема почит, тој ќе вети дека Гегите никогаш нема да ја нападнат и навредат мајката на јунакот, дека таа секогаш ќе биде заштитена. Но, храбрата Неда не прифаќа да ја заштитат само неа, таа сака заштита за сите Македонци.
    Прличев потоа го опишува ритуалот на капењето на мртовецот, тажачката на Неда, како и историјата на семејството, дека и Кузмановиот татко исто така се борел и храбро загинал.
    На крајот од поемата, сосема кратко, но многу сугестивно е прикажана Марија, свршеницата на Кузман, која од силна љубов знае само за верност до гроб. Таа го презира својот убав лик, ги распушта косите и фрла пепел врз нив, сосема се отуѓува од животот и убавините што може да и ги донесе, па затоа се закалуѓерува.

    ...Румената лика од болката свенала многу;
    лицето — восок и стана...

    И почна од луѓето да се отуѓува; веднаш
    в мисли да потоне знае...
    Си шепотеше сама...И сите ја сметаа, бедна,
    за поулавена да е...

    Гробот на Кузман е секогаш осветлен со кандило и на него цвеќе има, бидејќи таа не го заборава, а не треба да го заборавиме ни ние.

    Ликови

    Со особено мајсторство и во хомеровски дух, Прличев ги насликал ликовите во неговата поема. Сите ликови се длабоко сугестивни, силно впечатливи, носители на возвишени, но и реални особини.
    Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа е храбра - гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата - да стане водач. Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка.
    Во ликот на Неда, Прличев го насликал и ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит.
    Кузман е загинат уште на почотокот од поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањата на другите ликови, ретроспективно (преку навраќања). Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите со него. Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како - љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта кон девојката Марија со која сакал да го минува животот и да создаде семејство.
    Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели - пљачкаши, немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените атрибути на чесност - носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда население. Тие и самите борци, имаат респект кон борецот, така ја покажуваат својата човечност. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го неговиот смртен непријател.
    Марија, свршеницата на Кузман, иако е опишана сосема кратко, е исто така впечатлив лик. Таа е достојна на љубовта на големиот јунак, верна до гроб, бескрајно вљубена, тивка и искрена. По смртта на својот љубен, таа нема повеќе за што да се радува, се повлекува во калуѓерство, посветувајќи му се целосно на споменот на таа љубов.
    „Сердарот“ има врвни уметнички квалитети. Поемата е симбиоза (обединување) на фолклорот, Хомеровиот стил и сопствената силна уметничка дарба на Прличев. Богатството на јазикот, стилските изразни средства, силината на претставувањето на ликовите, фабуларниот тек (со ретроспективни навраќања) ја ставаат оваа творба на највисоко место во периодот на Романтизмот, но и денеска.
     
  4. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    • Инспирација: Македонската народна песна за Кузман Капидан (1142 стиха, запишана од Кузман Шапкарев)
    • Тема: Борбата и отпорот на Македонците во Западна Македонија за зачувување на својот гол живот од нападите на Гегите.
    • Структура на поемата: 912 стиха
    • Неда е олицетворение на Прличевата мајка.

    Аку си осмо, во учебникот има еден извадок. Анализа на извадокот:

    • Лирско-епски вид: поема.
    • Основен мотив: болката и оплакувањето на големиот јунак Кузман
    • План по логички целини:
      а) Опис на Неда.
      б) Четворица Албанци го носат мртвото тело на Кузман.
      в) Општа е жалоста во Галичник и Река.
      г) Голема е болката на мајката по загубениот син.
      д) Обраќањето на Неда кон народот.
      ѓ) Голема е почитта на Албанците кон јунакот.
    • Структура на песната:
      -четиристишни строфи (катрен)
      -наизменичен петнаесетерец и осмерец
      -римата е вкрстена, машка и женска (шум-друм, здрава-става)
    • Стилот е сликовит (стилски фигури): епитет, градација, удвоен епитет (пушката светната ладна), компарација, метафора, хипербола, персонификација.

    Ова ми е во тетратката по Македонски.
    Имаш и на википедија: http://mk.wikipedia.org/wiki/Сердарот


    Еве, пред мене ти пишале Најтвокер и Старки. Потруди се да ја прочиташ, барем до пола, ако не можеш цела. :)
     
    На starbucks и eemmiilliijjaa им се допаѓа ова.
  5. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    850
    Црни ми се...страв ми е да не ми обелат :( :devil: пред една недела си ги купив јбг,што малер ќе бев :sweat:
     
  6. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    Sure check
     
    На slatkichKa123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Едно прашање до вас :)
    Дали образувањето на росата е физички или хемиски процес ? И зоштоо ?
    Дали рѓосувањето на железото е физички или хемиски процес ? И зошто ? Ќе ме испрашува .. Хелп ми ! :(
     
  8. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266


    образувањето на росата - физички
    рѓосувањето на железото - хемиски
    ;)
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Ај ѕирни го ова, можеш и цело да го препишеш пошто не е Википедија :D :wasntme:
    http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?I ... 135C915E4B
     
    На Siksi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    http://www.facebook.com/pages/Slatka-Ul ... 9096179610

    Тука дефинитивно имаш најголем избор, ама за цена не знам :(

    Сдп после колку време од отварањео на капките за нос може да се користат? Отворени ми се некаде 22 август мислам, во ред е ако ставам од нив или нови да купувам? :?:
     
  11. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    П-Р-Л-И-Ч-Е-В. Се надевам дека знаеш дека е Прличев, а Парличев ти е печатна грешка. ;)


    Григор прличев е роден 1830 год. во Охрид. Творел за време на преродбата. Својот живот го посветува на просветителството. Бил близок со браќата Миладинови (Димитар му бил учител) и ја продолжил нивната учителска дејност. За својата поема Сердарот во 1860 година во Атина ја добил највисоката награда за поема - Лавров (Ловоров) венец. Со тоа влегол во историјата на македонската литература како наш најголем писател во 19 век. Најмногу за неговиот живот се дознава од Автобиографијата, а ја напишал и поемата Скендер-бег (еп). Умрел во 1893 год. во Охрид.



    Мислам дека можеш да ги користиш ако биле убаво затворени. Не сум сигурна, нека одговори некој поинформиран. :)
     
  12. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Зависи за кои капки станува збор?
     
  13. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Како се вика филмот со Силвестер Сталоне во кој он има син и се бори во туркање на рака? :?:
     
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Адрианол, за нос се :)
     
  15. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Дали да му пишам ? ;)
     
  16. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    СД ги П Битолчанките дали има теретана, некое место кај што се држат аеробик часови кај големото (горното) Веро, кај Педагошка, натаму некаде? Фала :)
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Колку провизија се зема за административните такси ако плаќам повеќе на една уплатница? :wasntme:
     
  18. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Може некој да ми ја објасни поврзаноста на насловот на песната од Ацо Шопов ,,Раѓање на зборот`` со стиховите Глужд на глужд/ Камен врз камен/ Камена шума/ Изѕемнина? :worried: :worried:
     
  19. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Не може да платиш повеќе на една уплатница, мора на посебни, иначе доколку ти дозволат така да платиш ќе ти земат исто како за една 15 денари во пошта, 50 денари во банка. :)
     
  20. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Како да го заштитам ѕидот и фотографиите на facebook за тие што не ми се пријатели да не можат да гледаат?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.