Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да прашам...?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hipica, 16 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Офи, јас знам рецепт, млеко со многу шеќер. Наводно тоа помагало. Е, како и што треба да биде дозата, поим немам. Пробај дај му со шприц, нека има многу, многу шеќер внатре. :)
     
  2. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Офи да не се прејаде или да не има голтнато нешто играчка,предмет или слично...мора на ветеринар,вака не можиш да знаеш.Иначе не и давај аспирин,андол во никој случај,аспиринот им бил отровен! А иначе повраќале и кога се чистат од влагната што ги проголтале кога се чистат...Ако продолжи ноќва,гледај да не поврати и чиста течност или па недај Боже со крв и треба да кажиш на ветеринар...Ако има глисти има едни апчињ,ќе ти ги кажат.САма ништо ми се чини неможиш да направиш пошто нема ни да ти јади...
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Ама јас веќе му дадов Андол пред саат ипол некаде. Денес не сакаше да пие млеко ич со сила му дававме по малку, и на крај за да не биде гладно му дадовме од таа мачешката храна, ја јадеше убаво и сега неа ја поврати. Сега му дадовме малку водичка со шприц, почна да се превртува и воопшто нема сила на нозе да се дигне а сака, таман ќе проба паѓа ... :worried:
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Офи, не му давај млеко, мислам дека не треба, можно е да е настинато, освен да му дадеш малку супа, да видиш дали ќе му се подобри состојбата, не жешка, млака, бидејки и тоа пијат.Повраќаат обично од влакната, од што се чистат, а поради тоа обично и барат трева за да го прочистат организмот,па повраќаат, ова веќе кога се поголеми.Но, подобро однеси го на ветеринар да видиш што ќе ти каже, што се случува со мачето, знам дека обично ветеринарите препорачуваат да им се дава супа кога се настинати и треба да се внимава на исхраната, да се избегнува тешка храна.Значи, прво однеси го на ветеринар.
     
  5. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Зошто кога се обидувам да звонам на еден број...се прекинува и пишува повикот е прекинат, а сеуште не ни зазвонило. Пробав на друг број си звони нормално.
    А исклучиво кај тој број никако неможам да зазвонам никаков контакт не се воспоставува веднаш се прекинува. Што е проблемот? Можно е да се намести да не те бара одреден број? :^)
    не сум баш запознаена со ова..
     
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Леле сепак можно е и да е некој отров незнам...да не те плашам,ама ако не можи ич да мрда,да влечи нозе можно е да е труено.А за андолот не сум сигурна,ама за аспиринот да.Сепак,не му давај апчиња до утре.Ама давај му вода барем,ете супа можи,иначе ќе дехидрира...Подобро течна него тврда храна.Или стави лепче во супата,ако сака да го јади.Леле душиче...ДАј Боже андолот да не е штетен и да биди подобро.Да бев ветеринар можи ќе знаев некој поубав совет да дадам,вака утре побрзо носи го. Држам среќа!
     
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Да,на некои телефони има опција,нешто како ‘црна листа’, да не може да ти заѕвонат тие броеви,или да ги гаси автоматски.
     
    На Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Ама од скриен барам, а и не ми го знае овој број... :^)
    кога автоматски ги прекинува повиците, добива некаква информација дека е баран ?
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Епа тогаш не верувам дека може,освен ако телефонот е смарт енаф да го препознае и покрај тоа што го криеш.

    Нешто друго е,веројатно до другиот телефон на кому му вртиш.
     
    На Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  10. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    Има опции во одредени телефони но мислам дека samsung телефоните ја имаат таа опција, можеш да забраниш да ти звони кој било број и додека звониш тебе ти го прекинува повикот а на тој што го поседува телефонот му стига информација дека е баран од страна на тој број и ако сака може да ја отргне забраната од тој број, инаку може да зе стави забрана и за повикување од страна на скриен број.
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Кога некој што има самсунг ќе те стави во reject list и кога тој го бара, прво дава знак на звонење, а потоа како да те исклучил(зафатено), а не вака :)
     
  12. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    Епа тогаш незнам може други телефони имаат слични опции..
     
  13. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Ова се случува кога корисникот на бројот е во друга држава и му се уклучува мрежа која нема склучено договор со операторот кој тој го користи или пак доколку е недостапен (исто во друга држава), други причини незнам,вака ми се прави и на мене па затоа мислам дека е до тоа. :*

    Едит:се имам јавено во One(на тој оператор сум јас) така ми кажаа...веројатно и кај тебе тоа се случува.
     
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ако ти е Асус екранот има на него едно како квадрат и во него s буквата, треба да ти биде на стандард мод, може ти е изместено на тие посветлите, има повеќе.
    Во Базаро има микрофони, има поефтини, 150-200 денари, ама да не те лажам не знам ни колку се квалитетни ни колку траат.Има и поскапи накај 600-700, поскапи од 700 мислам дека нема, ама не сум ги пробала ни овие.
    http://www.ahashare.com/torrents-details.php?id=147738
    Би требало да се сите сезони.
     
  15. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Слушнавте на вести пред некој ден пензиите во Грција ке им ги намалат на "само" 1400 EVRA месечно? Гревчиња... Имаат ПОЕВТИНА, поквалитетна и поубава облека од кај нас, јадење, интерсни места за шетање...ама што ке прават со толку малку пари? Па нормално дека се кренаа на штрајк, све живо излезе на улица. Ама ние нема зашто да искачаме, ние веке сме си на улица, само што од пусти резил не сме почнале да просиме. Уствари кој од кого да проси...Пензионерот во Македонија од невработениот син, исфрустрираната мајка од депресивната комшика? Море греота за Грците, остај ние сме си навикнати на циганската :од данас за сутра...
     
    На LadyNN му/ѝ се допаѓа ова.
  16. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381

    Ајде да се цитирам себеси зашто и денес продолжува проблемот, два дена веќе, значи не само на youtube туку и други видеа да пуштам ми закочува, ова прв пат се случува а друго се е во ред, брзината на интернетот и т.н само со видеа има проблем, па ако има некој што се разбира во компјутери да ми каже во што може да е проблемот и како можам да го решам..?
     
  17. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Истиот проблем со видеава го има и една моја другарка, прво и рекоа дека нема доволно меморија, ама после испадна дека е вирус, провери дали имаш добар антивирус.
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  18. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Па и јас се сомневам во вирус, со меморијата не би требало да има проблем, само си реков нешто друго да не може да биде... добро ОК фала на одговорот
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Јави се во Телеком или од каде и да користиш нет услуги и кажи им за проблемот. И мене ми правеше така пред некое време, се јавив, правеа нешто таму кај нив и сега ми е ОК.
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  20. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    смеам вечер да пијам алкохол, ако пред половина час сум се напила апче бедоксин? :?:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.