Сакам да прашам...?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hipica, 16 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Абе луѓето во автобус не се поважни од мојот врат во моментов ви се молам ! :D
    си се смеам ,ама ме боли , како робот сум , ако сакам да се свртам морам со цело тело на една страна, кажувајте лек . :^)
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.523
    Допаѓања:
    92.151
    Пол:
    Женски
    Лукс врзи ракија,а да и напиј се некое апче за опуштање. се извинувам што го запоставивме твојот врат за сметка на не дружељубивите луѓе во автобус ;)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  3. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    Ме болеше 5-6 дена, жилата на вратот само онака со рака ја масирав од време на време (мене левата страна ме болеше), осеќав болки и кога се вртев на страна ама не големи, најмногу ме болеше кога спиев на левата страна :worried: И ете само од себе ми помина. Сигурна сум дека ми беше од спиењето, бидејќи не спијам баш мирно, и често знае да ме боли од тоа.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Lux ептен те сфаќам вееерувај... Јас пред едно три недели имав заспано изгледа некако лошо+сум се испотила на вратот од што ми се напикала косата во него кога станав сабајлето бев укочена, испотена, косата цела виткана, абе крш! СКОРО ДВЕ НЕДЕЛИ бев укочена како робот, ме болеше ненормално многу, дури пиев и кафетин, аналгин и масажи правев за да попушти, неколку ноќи по ред од што ме болеше не можев да спијам. Во живот немав искусено таква болка на вратот!!! Па и под вратот над левата плешка, цела бев укрутена, настината заникаде. Масирај се, со кремче, можеш да се напиеш ибупрофен или аналгин или кафетин за да попушти болката. :*
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    -За да не седне некоја дебела тетка до мене и почне да се прелева на моето столче...остај тоа, туку и ќе мрчи со носот демек друг и е крив што е толкава и плус торбата гнасна мене во скут ќе ми ја плесне.
    -За да не седне некој некој човек до мене и почне да ми зјапа во цицки и демек случајно си го чепка таквото...па уште ако му направиш намќор-фаца ти се смешка, ко небаре си му намигнала.
    -За да не седне некоја тетка до мене а оваа пријателкава нејзина и вика : " Седни ти , едно столче е , јас ќе стојам " ( а во себе ја пцуе) , па разврзуваат некои бесни муабети, а да ги прашаш кога последен пат измиле заби нема да знаат .

    ...и уште 1000000 други причини.

    П.С Луксче, јас често така се укочувам , масирај се со ракија или со тоа ладното кремче што уствари ги загрева мускулите ( јас користам Фиталп на Фитофарм ).
     
    На Lolo5, Trendafilka и Lux им се допаѓа ова.
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Фала ви на помошта, ама не ми се верува да ме држи до две недели, не е толку силна болката, ама доволно силна за да прави проблеми.
    Сега ќе ставам ракија и ќе се напијам аналгин, кетонал немам пиено, и ќе ангажирам некој од домашниве да ме измасира ама прееска кога ме масираше сестра ми страшно ме болеше не се издржуваше, во секој случај фала.

    Едит Ирена сега мајка ми ми даде од докторс АнтиКолд се вика оваа маст(лута е на ментол мириса и лади)веројатно имаат ист ефект, прво ќе се намачкам со ракија, па после со неа, се надевам ќе ме попушти.
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.523
    Допаѓања:
    92.151
    Пол:
    Женски
    Лукс подобро парацетамол напиј се и нека не те масираат, врат е, како што те боли да не те стиснат погрешно.
    Морав да допишам ако имаш коњска маст, мачкај се. Одма ќе ти попушти.
     
  8. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    ^^^ Лукс, до сега барав во шкафчето со лекови, памтам дека татко ми еднаш се мачкаше со една маст за болка во вратот, во делот одма каде што се спојува со грбот... и ја најдов.
    Се вика Counterpain Cream, и внатре пишува:
    Се користи за домашна употреба, при вкочанет врат, болки во стапалата или било какво здрвување или болка во мускулите. Внатре има и упатство како се користи, првин со топла крпа на болното место па после да се мачка итн.
    Kупи си ја ако ја немаш, во големо пакување е, а навистина помага... Па пиши дали ќе ти помине. ;)
     
  9. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Lux мачкај се со некоја крема за утоплување,ако имаш дома по фиоките јас се мачкам со маст за реума од мајками отпушта верувам ти многу боли одила сум до брза помош инекција да ми стават за само да ми помине сочуствувам со тебе.
     
  10. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    И ракија е добра опција за да те измасира некој и ќе те стопли. Е малку ќе подсмрднуваш ама нек ти пројде, поважно е. :)
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Секси не знам дали има таква маст овде во нашиве аптеки ама веќе се намачкав со антиколд и аналгин се напив, а Марама имам дома Алпа (и таа е лута ) мајка ми си чува вакви работи има таа подвижна и неподвижна аптека за секој случај и ако таа се вика коњска маст може ќе делува.
    Сонче не е дотолку страшна работата,не ми се верува да дојдам до инекција,се издржува, фала за грижата , се измачивте , сакав само да прашам од што може да е.
     
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Нема проблем... :)
    Па можно е да е од неудобно спиење, ти се укочил вратот или пак од промаја може да е исто така... Можно е и од тежок ранец ако си носела или сл... Побрзо да ти помине... :*
     
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    СДП што е Лаицизам, т.е. секуларизам??
     
  14. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.872
    Допаѓања:
    24.147
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Секуларизација - Лат. Saecularisatio
    Претворање на нешто црковно во световно (на пр., на установа, посед и др.).

    Лаицизира - Грч. Laikos
    Лиши/лишува од свештеничкиот чин, врати/враќа свештеник во положба на световен човек, распопи/ распопува.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сдп уште нешто.. :$
    Дали има тема Ренесанса и ако има каде е?
     
  16. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.872
    Допаѓања:
    24.147
    Пол:
    Женски
    СДП
    Девојки денес цел ден се мачам од ФБ да избришам нешто од мојот sид и никако не бива :@
    Т.Е да објаснам подобро, можам да избришам се, освен каде имам пишувано на нечиј sид...
    Пример:
    _________ wrote on _________'s Wall.

    Ви се има случено и на вас или.. :?:
     
  17. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170

    Истото и мене денес ми се случи и не знам што е работава?
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    Секси, мислам дека нема.
     
  19. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833

    И кај мене исто :envy: фб нешто зеза |(
    а отворам од кај сестра ми на фб и на мојот ѕид нема ништо
     
  20. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    СДП дали знаете некоја интересна игра за на компјутер да си симнам од некој сајт за неограничено и без пари?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.