1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да прашам...?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hipica, 16 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    фала многу, е сега ќе бркам врски во матично ;)
     
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Може сега јас едно прашање?
    Од што може да се исклучува компјутер после 10 минути работење?
    Од вирус? или....?
    И дополнително прашање во врска со ова пак, од што не може да се пушти монитор ?, а компјутерот (куќиштето) е во ред и си работи, ќе ве молам за одговор (навистина ми треба и друго мислење), благодарам. :|
     
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Провери да не ти е така подесено, да ти се исклучува комп. на 10 мин.
    А куќиштето, појма немам што би можело да му е, провери ги сите каблови, да не ти има некој изгорено...
     
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Компјутерот после 10 минути мое да се исклучува од повеќе причини. Моја претпоставка е дека системот прегрева или некој од деловите прегрева. Мора да се види на лице место. За мониторот. Па можеби кабелот не е добро штекнат? А второ, ако е користен истиот монитор на друг компјутер, може сега да не е компатибилна резолуцијата која е подесена на сегашниот компјутер на кој го имаш закачено мониторот па треба да се наштелува.
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    За мониторот или некој кабел не дава сигнал од позади, убаво провери ги извади ги и пак стави ги сите кабли, посебно оној големиот со едни две штравчиња.
    А мене ми се исклучуваше компјутерот ради тоа што загреваше процесорот а вентилаторот/кулерот не ладеше. Па или исчисти ги перките, од позади онака дувни или земи правосмукалка и помини кај перките (така прават и во сервис, не е страшно ништо) или ќе треба да се смени кулерот.
    Најчесто значи компјутерите се гасат од презагреаност. Ама не е секогаш тоа причина.
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    А како да проверам кога не работи, не се пушта мониторот, а друго се работи? тоа прашувам,
    инаку лап топот се гаси после 10 минути работа,ама се мислам почна да се гаси од кога ги симнав објектите од нет и ги инсталирав можда десет пати дека не ми се појавуваа во играта,а друг бил проблемот со нив.
     
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Чекај сеа лукс, збориме за десктоп комјутер или лап топ ???? Со кој имаш проблеми ?
     
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Мониторот воопшто не се пушта? Никаков сигнал не дава, ниту кога ќе го вклучиш компјутерот?
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Мислам дека лаптопот ти прегрева. Треба да се провери...
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Двата кабли се во ред, дури го сменив и едниот, мониторот си е негов, не е од друг компјутер.
    Ама мене ме јаде јанза јас да не имам нешто зафркнато, за да се спушти една игра од интернет, а за да не морам да го изгаснувам комп. направив скрин сејверот да се појавува после сега не знам точно ама мислам беше 400 и нешто минути, и кога после другата ден станувам и комп пуштен , а мониторот исклучен и од тогаш не се пушта.
    Може да е од тоа? и што да направам сега во овој случај? ако знаеш многу ќе ми помогне.
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    И за двете, малер сум , во еден месец двата лом :devil:
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Да :( од што може да е, хммм ама мене си ме мачи тоа што го пишав со скрин сејверот ама...

    Значи не можам сама, треба да се носи на сервис, инаку кога ќе го пуштам пред да се пушти виндоус има две опции дали да почне виндоус нормално или нешто за да се провери еророт и ако се одбери кое било се пушта ама пак после некое време се гаси, ништо ќе го однесам на сервис излгеда, а со мониторот живци искинав.
     
  13. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    куќиштето најверојатно ти го има фатено вирус, уште не научивте дека не се симнува се од нет, а мониторот најверојатно ти цркнал, ќе треба нов да купуваш.
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    ^ Фала ти Неса многу ме утеши, јас барам некое решение дали може да се поправи, а ти нов :) , мака ми е , за мониторчето со рамен екран е :(
    Вистина има можда 3-4 години ама, ;(
     
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Лукс, прашај си во некој сервис јави се или однеси го, мора да се поправа :)
    Не тагувај предвреме :D
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    јас сум администратор, затоа ти кажувам. треба да инсталираш нов антивирус и после да го форматираш компјутерот, а за мониторот тоа е. Мониторот и куќиштето си работат одделно, не зависат едно од друго. Сори
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Лукс, ајде без нервози, најди си добар сервисер и носи ги двата. А за во иднина ти препорачувам за лап топ ладнилник плус, она под него што се става ете ко ова
    [​IMG]

    јас имам слично нешто и до сега не сум имала никакво проблеми со загревање, а додека некои мои другарки не се знае колку кулери сменија (демек до кулерот им е), а не сфаќаат дека му треба плус ладење на ова чудо :D


    Едит: И не се скапи ладилнициве, околу 1000ден се.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Lux, мислам дека не е расипан. Ај прати ми пп, да се исконтактираме.
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Фала ти Блонд за ова досега не сум знаела, ќе побарам и ладилник ;)
    Благодарам на сите за одговорите и Ким нема да тагувам еве :)
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Лукс мојот лаптоп пред некое време исто така сам се гасеше, а проблемот бил многу едноставен.
    Батеријата била цркната и само ми ја извадија и во power options во control panel за батеријата да се подеси никогаш да не се вклучува ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.