Сакам да прашам...?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hipica, 16 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Жени, си ставив трепки, ама некако како да не ми се извиткани убаво нагоре :?:
    Да си пробам јас да ги навиткам? :?: Или ќе си направам беља? :worried:
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Извиткај ги само внимателно да не си ги одлепиш. Инаку можат да се навиткаат.
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    511
    Колку време одење има од медицинскиот факултет во Штип до строгиот центар на градот?
     
  4. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    СДП... како си одговараат ..јарец и шкорпија? :) И дали има некој што знае да ми направи натална картааааа? Отсекогаш сакам !
    порфавор ! :$
     
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.279
    Допаѓања:
    260.852
    Пол:
    Женски
    Знае ли некоја како да ги отстранам сликичките од мсн кои се создаваат со некој пишан збор? Сама сум си крива сто ги зачував ми беа симпатични но неможам да комуницирам сега а да не пишувам со големи букви :$
     
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Јарец и Скорпија – успешна врска
    Кога скорпија и јарец се заедно, тие не само што уживаат во една хармонична и скапоцена љубовна врска, туку тие истовремено се развиваат и созреваат како индивидуални личности. На почетокот овие партнери можеби ќе бидат премногу воздржани во смисла на отворање на чувствата кон партнерот и тоа може малку да ги обесхрабри. Јарецот има тенденција да биде многу претпазлив и воздржан, а скорпијата често е загрижена и „одлетана“ далеку во мислите. Поради овие карактеристики, ним може да им е потребно време додека да се опуштат и да се чувствуваат удобно кога се заедно.И покрај тоа што скорпијата и стрелецот се прилично срамежливи и не им веруваат лесно на луѓето за да им се доверат пред да ги запознаат подобро, откако ќе поминат повеќе време заедно, тие ќе сфатат дека нивната врска може да биде многу длабока, базирана на меѓусебна лојалност и искрен другарски однос. Скорпијата и јарецот можат да научат многу работи од нивната врска. Понекогаш можеби ќе им биде тешко да се разберат, но трудот ќе им се исплати.
    Од нејзиниот стабилен, вешт јарец, скорпијата може да научи како да ги држи нејзините бурни емоции под контрола. Јарецот треба да биде внимателен да не делува премногу површно кога упатува некои неосновани критики спрема својата сензитивна скорпија. Таа ја сака длабочината на нештата и интензивните чувства, а најмногу од се и е битна искреноста, особено на љубовен план. Јарецот понекогаш е толку зафатен со настојувањето да постигнува успеси и со заморувањето што другите мислат за него, па може да заборави дека воопшто има емоции во него. Од скорпијата, тој ќе научи да ја вреднува суштината на работите и богатото задоволство кое може да произлезе од длабинското запознавање на личноста која ја сакаш.
    Двата знака имаат заедничка особина да се посветуваат на конкретни цели кои сакаат да ги остварат. Па ако тие решат дека успевањето на нивната љубовна врска е следната цел која ја имаат зацртано, тогаш нема сила која може да ги сопре. Планетите Марс и Плутон управуваат со скорпијата, а Сатурн со јарецот. Марс и Плутон симболизираат агресија, храброст, сексуална енергија и способност за регенерација. Сатурн ги симболизира упорноста, амбицијата, одговорноста и трудољубивоста. Комбинацијата од овие 3 планети создаваат едно успешно партнерство, базирано на страсните емоции на скорпијата и амбициозноста на јарецот. Ова е динамичен тим одличен за бизнис зделки, но добро би било дел од таа моќна енергија која раѓа успеси да ја преточат во нежност и љубов.
    Јарецот е практичен и во животот му е многу значајно да поседува материјални богатства. Скорпијата пак, умее да се прилагоди на секоја ситуација и често нејзината реакција е заснована на чувства, а не на логика. Љубовната врска помеѓу фиксниот јарец и неговото фокусирање кон остварување на поставените цели и адаптибилната скорпија на конкретната ситуација, е прилично мирна и сталожена. Дали овој успешен тим ќе реши да ја пренасочи успешноста и упорноста и на љубовен план, ќе зависи од тоа дали на партнерите љубовта им е една од зацртаните цели. Ако е, тогаш дефинитивно целта ќе биде постигната.
    Јарецот можеби не е најромантичниот знак во зодијакот, но неговата вештина и смислата за бизнис може да биде од голема полза за врската, во смисла финансиски да овозможи убаво испланирана елегантна романтична вечера. Ако јарецот покаже барем толку мала иницијатива за продлабочување на нивната љубов, скорпијата со голем ентузијазам ќе ги прифати неговите идеи и ќе биде инспирирана и самата да предложи нешто романтично и забавно за нив двајца.
    Скорпијата понекогаш може да му дава некои остри коментари на јарецот, но со толку нежен секси глас, што јарецот најверојатно нема ни да забележи. Пожелно би било за мирољубивиот јарец внимателно да ги слуша суптилните нијанси во гласот на скорпијата и да обраќа големо внимание на говорот на нејзиното тело, за да може подобро да ја разбере. И двата знака знаат да бидат доста тврдоглави, а таа нивна карактеристика може да претставува потенцијален конфликт.
    Скорпијата љуби длабоко, со сите нејзини чувства, до степен од кој нема враќање назад, за разлика од „вкочанетиот“ јарец, кој знае да биде „отсутен“, непристапен и резервиран. Партнерите мораат да ги препознаат и прифатат овие нивни разлики и да се обидат подобро да се разберат, по пат на искрени и длабоки разговори, доколку сакаат нивната врска да успее.
    Најдобриот аспект од оваа љубовна врска е посветеноста кон реализација на нивните заеднички идеи и нивната посветеност и приврзаност еден кон друг. Овие партнери можат да си ги отворат прозорците на нивните души и меѓусебно да се научат на нови начини на перципирање и чувствување на работите.
     
    На Dafnee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Нема потреба од натална карта Дафни.
    Секој на планетава знае дека шкорпиите се најдобри во кревет ;)
    Удовољена ќе си - ден и ноќ !
    I mean... doh ! ]:)
    :P :P :P
    :rofl:
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    ТрендафилЧе на тоа поле немам поплаки..напротив :$ Натална карта сакам, пошто ми е фикс идеја веќе некое време, имав широка дебата со една другарка дали и како е веродостојна, дали предвидува карактеристики И настани крупни во животот, и кога добив потврден одговор заедно со него у пакет добрив и желба да си ја чујам својата..онка... чисто пошто сакам. :D
    Да видиме мојава шкорпија уште колку долго ќе биде добра во кревет... :D И дали ќе стане креветот поле на културен натпревар меќу знаковите :rofl: .. здравје Боже! :rofl:
    ПС. Нејќам онаква ретардирана карта ко шо праат тв манијацине. Сакам некој што го знае научниот дел од астрологијата... тоа што е со пресметки математички...
    Благодариме. :*
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    5.410
    ја отварас апликацијата која сакаш да ја бришеш кликаш на неа и десно имаш create , remove е го кликаш тоа remove и ок и толку тргната ти е апликацијата т.е. емоцијата
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Братучетке, ни го избришаа посестринството ;( :)

    Како и да е, јарец + шкорпија = САКсес ;) Ич да не му ја мозгаш!

    Инаетџии малце и едниот и другиот, чисто глобално земено, ама воглавно си одговарате :)
     
  11. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    БраЧедо ( шо би рекле охриѓанКи) ич да не се потресуваш, јас реков посестрена си и тАчка тачкА тАчкицА...„ но со гума не се бришеееее срцето што пишуууува!„ Ја знаеш ли ти таа песничкааа? :D :hug:
    Викаш мојава шкорпија ќе биде а саксес?
    Уууууееееел.....Хи бетр. |(
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Ако Дафне сега си сестра со Пирамитка...тогаш автоматски си ми сестра и мене и на Боки ;) :D ....Значи ете едно сестринство на Фемина :muscle: ....
    СДП Дафниииии ти море Јарче си а?? :o :tmi:
     
    На Bokicka, Phyramide и Dafnee им се допаѓа ова.
  13. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    ЈЕСАМ! Бодам корнам. Јарче бај д бук... Дури со пресензитивната внатрешност.. Д ХОЛ ПЕКЕЏ. Јес с'р. :$
     
  14. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Најмногу 10 мин.Кога се симнуваш од Мед.фак до центарот е една голема удолница и брзо иде малце потешко е за качување. :D
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Такви сте вие однадвор бедеми големи колку кинески ѕид,а одвнатре свилен памук. :D
     
    На Dafnee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Јее Дафнеее и јас су Јарец :D

    Да прашам има ли во Ск лизгалиште како лани што имаше ?
     
    На Dafnee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angel4e123

    Angel4e123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    86
    Можеби е глупаво прашањево но сепак нели пак да прашам јас... :D :)
    Нова сум па малку и не разбирам кое каде стои и СДП дали можете да ми кажете каде стои опцијата за да пребарувам?Има една тема сакам да ја најдам ама не знам каде беше па за да ја пребарам..Ако има такво нешто ве молам пишете :)
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Скајче :o и ти си Јарче??! :tmi: Не би рекла....ама ти си ретко весело Јарче :D Кога ќе славиш роденден сдп?
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.805
    Допаѓања:
    202.806
    Пол:
    Женски
    Кога ти е отворена главната страница на форумот, имаш горе неколку копчиња „теми без одговор“, „непрочитани мислења“, „нови мислења“ и „активни теми“. Кога ќе кликнеш на било кое од нив, ќе забележиш дека на новата страна пишува „назад кон напредно пребарување“. Кликни на него, и можеш слободно да ја бараш темата што ти треба.
     
  20. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Утреееееееее ми е роденден :)
    Подзнак сум стрелец можеби за тоа. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.