Сакам да прашам...?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hipica, 16 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    СДП да не знаете некој лек за крајници?
    Ќе ми излезат низ грло, могу големи се и многу загноени неможам да јадам ниту пак да зборувам. Отворам уста и ми се повраќа :puke:
    Од нив имам и температура и сум цела малаксана. :worried:
    Што и да знаете, кажете неможам повеќе. :(
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.156
    Пол:
    Женски
    Јади ораси. Мене ми помагаат.
     
  3. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    СДП знае ли некој дали можам од интернет да пуштам радио 2? македонското нели.. :)
     
  4. Latinna

    Latinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    108
    СДП дали можеби знаете како се вика една руска песна Тананана Москва.. :music: (нешто така)?
    Мислам Викторија Лоба ја има пеено. :)
     
  5. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Сакам да прашам дали железничката станица во Скопје има своја веб страна? Барав на интернет ама најдов само сајт на автобуската станица во Скопје. :^)
     
  6. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    http://www.mz.com.mk/Default.aspx?AspxA ... eSupport=1

    се надевам ќе ги најдеш информациите што ги бараш :)
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не сакам да те плашам барби , ама мислам дека ти си "печена" за на операција и верувај дека кога крајниците не се како што треба, само лошо ти влијаат на здравјето, срцеви болести и реума можеш да добиеш од нив, ношто добро.

    мене ми беа ептен распад систем, ама немав болка, и кога ми ги извадија (кога имав 9 години) докторот и кажал на баба ми дека целите биле со храна, и брат ми имаше проблеми и болки како и ти , и згора на се креваше и температура, се прашувавме од што ли може да биде, а тоа било од крајниците , ама и тој се оперираше(на 6 години) и така да се спасивме и двајцата, а мајка ми има многу болни крајници, и реума и какви не срцеви проблеми доби од тоа, оти тоа е жариште , и мора да се извадат потхитно-незнам што си чекала до сега, посоветувај се со доктор ке ти го каже истото.

    поздравче па пиши што си направила
     
  8. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Можеш на следниов линк http://www.radiomk.com/index.php?categoryid=10 овде имаш повеќе можности за кое радио да го избереш и да го слушаш :)
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.726
    Можеби требаше да поставам тема во Здравствени проблеми ама не сакав беспотребно да се трупаат теми.
    Епа не знам баш ова како да го објаснам, ама само на левата рака на зглобовите на прстите имам како задебелена кожа и таму на тоа место како да ми е задебелен зглобот, а тоа највише ми е изразено на среднот прст а помалку на другите прсти.. Па незнам од дома или кога бевме во болница на доктор викаа дека тоа било од ладно и дека во зима ми биле повеќе изразени а во лето се повлекувале.. И дека не сум носела ракавици. |( А ова ми се појавило негде кога сум била 5 години и од тогаш ми стои. Докторите ми ги даваа скоро сите витамини, витамин Ц, витамин Б, овој оној.. и ништо не бидна. Се влечкавме по болници, секој пат кога ќе отидевме во болница не м'кнеа да правиме ЕХО, ЕКГ, за ништо, за џабе.. Ме наклукаа со витамини, рибји таблети (како се викаат тие :^) ) и некои си апчиња и ништо.. Што би можело да биде ова?! :^)
     
  10. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Гледам сте расправале нешто за хороскоп па СДП кои се карактеристиките на машко Девица (дали се пе*ери? :^) се шалам :D ) и како си одговраат со женско стрелец?м? ^_^
     
  11. Mamba-Jamba

    Mamba-Jamba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    Немој ореви! Колку што знам јас од оревите може повеќе да ти се воспалат.. Јас кога јадам мн. ореви крајниците ми поцрвенуваат и ме тера мн. на кашлање.
     
  12. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    24.154
    Пол:
    Женски
    Девојки, како се смалуваа слики ?
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Машко девица? Оф леле, да ти кажам ал да не ти кажам дека двајца мои другари што се декларирани хомосексуалци се девици? :tmi:

    Шала на страна, машки девици ич не сакам :| Ама што е битен хороскоп. Уживај си таму ;)
     
    На Miss-Independent му/ѝ се допаѓа ова.
  14. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    аххх ако имаш големи крајници оди извади ги, јас минатата година ги вадев и сега сум супер (пу пу), не ме имаат фатено од тогаш, а и не е страшно :)
     
  15. Latinna

    Latinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    108
    И пак јас со моите прашања :tmi: :$ ..
    Да ве прашам женски,како идеа оние MB,KB,GB?
    Кое е најголемо,кое е најмало?И колку се отприлика 28 МБ за апарат?Колку слики ќе фати?
    Женски хелп!
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    kb-mb-gb
    сликите се обично по 2мб,значи околу 14 слики.
     
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Клучни зборови: маж, девица, педантен, уреден, чист, внимателен, сериозен, рационален, практичен, критичен, аналитичен.

    MАЖ ДЕВИЦА
    Ако мечтаете за бајки, романса и принц на бел коњ- на погрешно место сте. Изјавите од овој маж ќе ги распрскаат сите Ваши соништа што ќе заборавите дека некогаш воопшто стеги читале Пепелашка и Заспаната убавица. Овој рационален и материјалистички тип цврсто стои на земја и тоа нема да се промени.
    Важно е да знаете дека тој е исклучително педантен и уреден . Неговата облека е здиплена под конец. Неговиот шкаф е како војнички. Целиот дом му свети од подот до таванот; со еден збор- се му е цакуп-пакум. Од Вас нема да очекува низ дома да се шетате во секси долна облека и да сте средени дваесет и четири часа на ден- тој сака да сте едноставни, природни и уредни жени. Ако сакате да го освоите никако не играјте со женски трикови- вашиот сексипил или агресивен настап поминуваат кај други, но кај него не- него на тој начин само ќе го одбиете. Не е склон кон авантури, флерт и промискуитет; неговиот рационален, практичен и критички ум тоа не му дозволува. За да го освоите треба да бидете невини- во изгледот, однесувањето и мислите. Негово свето правило е да не се извалка, дури ни во најголемата страст, која и инаку тешко се распламсува. Понекогаш полесно е карпа да се турне отколку мажот Девица . Во изборот на сопруга е внимателен подеднакво као и во грижата за своето здравје, исхрана, чистење и облекување. Тој сака искрен, отворен и рационален однос и не пробувајте да го лажете или нешто да мувате- нема да ви успее, зошто неговиот критички и аналитички дух сѐ забележува.
    Но кога ќе Ве засака тоа е засекогаш. Ретко кога ќе имате причина да љубоморите, мажот Девица најмногу обожава во удобноста, едноставноста и чистотата на Вашиот дом да се одмара со добра книга или филм. Со задоволство готви и ги чува децата. Сите Ваши роднини и пријатели го сакаат зошто секогаш им е на располагање за помош и совет. Стабилен е и практичен со парите- нема да одите на Филипини на одмор, но ништо нема да Ви фали. Нема да ја ограничува Вашата слобода- ќе Ве разбира како личност и како жена и со задоволство ќе Ве гледа како ја вршите работата што Ве исполнува, зошто Вашата среќа му е најважна. Често ќе Ве критикува, но тоа не сфаќајте го лично, туку како последица на неговиот аналитичен ум. Улогата на родител ја сфаќа многу совесно и сериозно . Децата ќе ги научи убаво да се однесуваат и изразуваат, ќе се труди да им даде најдобро образование и да ги изведе на прав пат.
    Се на се- со мажот Девица нема да Ви биде лошо . Ќе имате вреден и одговорен сопруг кој ќе Ве подржува, нема даги заборава родендените и годишниците; ќе биде внимателен кон сите и затоа почитуван. Важно е само секогаш да носите шамивчиња и влажни марамчиња и да изгледате чисто, уредно и природно. Што друго Ви е потребно? Ваква прилика не се пропушта.
     
    На Miss-Independent му/ѝ се допаѓа ова.
  18. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    268
    Најмало KB, па MB па Gb
    1 Mb= 1024 kb, 1 Gb = 1024 Mb.... ако не грешам.
    А колку слики че собере зависи од резолуцијата, ако се со подобра резолуција сликите ќе зафаќаат повеќе место.
     
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.726
    Вака идеа.. KB e најмало, па MB, па GB. Паа, 28 MB малку се за апарат колку што знам. E да, исто зависи од резолуцијата, колку е подобра, толку повеќе зафаќаат сликите..
     
  20. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    2.474
    сдп имате ли од оние електрични бокали за затоплување на вода? колку се функционални? и како им се движат цените?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.