Сакам да прашам...?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hipica, 16 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. femina.sk

    femina.sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2010
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    144
    Каде можам да најдам масло од сусам?
     
  2. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    4.792
    Фемина по маркетиве или во продавница за здрава исхрана има.
    Околу 100 ден е мислам. :)
     
    На femina.sk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    :o Тена.... Зарем не слушна за ова дека е измама.....?

    Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје преку соопштение предупредува за можна измама околу Виза лотаријата, позната и како Лотарија за Зелена карта.

    Од амбасадата информираат дека единствен начин граѓаните да проверат дали се добитници на виза е преку официјалната веб-страна на лотаријата, почнувајќи од 1-ви мај 2011-та до 30-ти јуни 2012-та година.

    Поради тоа, од амбасадата ги советуваат граѓаните кои ќе добијат пошта, порака, телефонски повик или електронска пошта дека се добитници на виза да бидат внимателни, поради тоа што владата на САД нема да испрати известување до добитниците.




    Прочитај го следниов текст (преземено од сител, објавено завчера)

    Измами околу Виза лотаријата на САД

    Вашето барање е прифатено, гласела пораката која Сашко Коневски ја добил по електронски пат откако аплицирал за зелена карта за САД.

    Се било одлично додека не забележал дека најпрвин треба да уплати 681 долар на сметка во Англија за потоа да ја добие.

    Сашко вели по консултацијата која ја имал со Американската Амбасада во Скопје му било соопштено дека содржина во и-мејлот е лажна.

    - На 9 февруари ми стигна тој мејл кој што го носи печатот на американската влада, значи убаво се средено, единствено што ми дојде сомнително беше тоа што пишуваше дека парите треба да се уплатат по Јунион трансфер во Англија - изјави Сашко Коневски.

    Единствено Американската Амбасада и никој друг па дури ниту неговото семејство не знаело дека поднел барање за учество во Виза лотаријата, изјави Коневски. Тој вели дека неговите податоци не биле заштитени од страна на Американската Амбасада и доколку во блиска иднина не се преземе ништо во врска со овој случај подготвен е да поднесе тужба.

    - Можам со сигурност да гарантирам дека моите податоци не се заштитени. Ако продолжи вака јас верувам дека би се соочиле со тужба - дециден е Коневски.

    Од Амбасадата велат дека знаат за ваквиот вид измама и испратија предупредување до граѓаните кои имаат поднесено барање за зелена виза, во кое се вели :

    -Почнувајќи од 1 мај 2011 до 30 јуни 2012 сите лица што се пријавиле на оваа лотарија можат да го проверат статусот на своите пријави преку Entry Status Check на веб-страницата на E-DV www.dvlottery.state.gov.

    Оваа опција за проверување на статусот на пријавата ќе биде ЕДИНСТВЕНИОТ начин преку кој ќе се информираат добитниците на лотаријата за 2012.

    Антонио Крстевски
     
  4. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Фала ви многу девојки...И јас така си мислев,само што ај пак да прашам, сепак повеќе глави мислат подобро од една...Фала уште еднаш
     
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    23.871
    Пол:
    Женски
    Девојки помагајте! Сабајлево ми дојде тетката, и стомакот ме кине! Немам дома кафетин менструал, и умирам од болки. Се напив парацетамол пред еден саат ама не помага. Цела се тресам од толкушто ме боли! Се свиткав целата, лежам ама џабе е. Некој лек да не знаете???
     
  6. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Пробај со чај од нане, мене секогаш ми помага :!:
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Аналгин хепи, или спазмекс ако имаш. Мене ми има и аналгинот помогнато а имам силни болки. Не е како кафетинот нормално, ама ќе ја ублажи болката.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Топли облоги, најтопли што можеш да издржиш, директно на стомакот ниско кај јајниците. И пикни се под кебе. Ако немаш менструал а толку ти се јаки болките, пробај и со кетонал, иако ова е ако ептен не можеш да издржиш. Инаку аналгинот би требало да помогне...Ако немаш ни тоа... стисни заби и мењај врели облоги. Само никако немој андол да се напиеш пошто многу обилно ќе крвариш, дури опасно е.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Хепи ако толку многу те боли оди во Брза помош ќе ти стават инекција и ќе ти помине за петнаесет минути. Јас вчера бев како тебе :worried: . Се напив едни Дикло џет (аптекарката ми препорача) - ништо. Кетонал форте - ништо, умирав од болка. На крај отидов, матичната беше затворена и на брза помош ми бапнаа кетонал со спазмекс, исповратив (цел ден имав нагони), и после пола саат ко нова бев.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    6.772
    СДП што треба да се направи ако се изгориш и на местото од внатре имаш нешто како водичка...тоа мислам нормално е .но ако пукне некако тоа после ..??ако се засуши местото не е опасно нели ??
     
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Или Кетонал форте или Спазмекс
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Не го чепкај...само ќе се повлече.Си требала дома под ладна вода да го чуваш или да намачакаш Јекодерм.Со Јекодермот се спречува секаков плускавец и црвенило.Одма поминува изгореницата.
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Аналгин во никој случај не се препорачува за менструални болки.
     
  14. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Малку е глупаво прашањево ама озбилно ќе отворам тема за вдомување. |(
    Дали има некој што подарува мало маченце старо до 2-3 недели? По можност женско.
    Сериозна сум. Ептен се попалив нешто по чување маченце. :D
     
  15. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    Ако немаш никакви апчиња вака напрај: едно мало крпче натопи го со ракија и стај го на стомакот . јас така еднаш имам направено и ми помина . ;)
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Луѓе ако има преголеми болки ни топли облоги ни ракија нема да помогнат. Помага тоа на мали менструални болки.
    Си знам по себе, зашто обавезно се трујам со кетонали, ама ни ракија, ни топол блог не помага, пробано е се, е сега не сум дошла до инекции, зашто секогаш зимам кетонали, тоа кафетин менструал е најлошото апче што може да го измислат. Мене ИЧ не ми помага!

    Така да Хепи или нека отиде некој да ти купи од дежурниве кетонал или спазмекс, или оди на дежурен лекар по инекции, ако стварно ти се јаки болките.
    Јас еднаш бев во таа ситуација татко ми одеше да ми купи кетонал, јас вриштев дома и плачев.

    А иначе порано чекав да имам ненормални болки па да пијам кетонал, и така секој месец ем умирам од болки ем чекам 1 саат да делува кетоналот. А сега веќе друга шема правам, а осетам дека ми почнуваат болките одма кетоналче и поминувам со далеку помала болка. Јес да има месеци и кога не ми успева и ова обично станувам во ноќ со огромна болка и тоа ми е смрт.
    Затоа мразам што сум женско |(
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    СДП дали знаете дали кај нас може да се најде парфемот на Bourjois - Silver Dream?

    [​IMG]
     
  18. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДП дали постои тема за алкохолот? барав но не можам да најдам
     
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдп ми помина циклусот а подуаноста на стомакот никако да ми помине,викам ај можеби е од пиење многу течности но се што си пинаам веднаш ме тера во вц...од што може да ми е подуеноста :!: а не ми е од прејаденост :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.