Сакам да прашам...?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hipica, 16 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.743
    Допаѓања:
    6.739
    Пинку, да не мислиш на оние вреќи и боксерски ракавици што одат заедно во комплет, како играчки што се? :?: Зашто имам видено таков комплет во Охрид, 500 денари беше, вреќата минијатурна беше, ракавиците не ги загледав баш, а сакав да ги пробам.. Ама мислам дека нема да ми ги збере рацете во тие ракавици, зашто за деца се. А и другарка ми има помал брат, исто таков комплет има и ми рече дека неа не и ги собирало рацете во неговите ракавици. А и не ми е работава сега да трошам пари за играчки, иако би сакала јас што побрзо да си купам :lol: , ама сепак сакам вистински да си земам. Зашто, што, ќе земам јас такво, и после пак да купувам вистински.. Ама ако, убаво ме потсети, да се исфурам, да ми пројде меракот, може во меѓувреме такви да си земам. :D


    А за текстот, јас дури сега видов што си барала.. Леле, што им е бре на тие? Па побогу, 14 години имаме. |( Како и да е, мило ми е што си ја завршила работата и ич да не ти е гајле како и што си напишала, кога темата јасно е за второ одделенчиња. Е така да си знаеш. :) :*
     
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    сакам да прашам дали сум единствената што секогаш кога го следи срцето греши ? ;(
     
  3. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    да да меѓународен конкурс е и мислам дека се спроведува во сите училишта без разлика какви се на некои теми поврзани со екологијата и децата што ги направија и што ќе ги направат најдобрите проекти како што ја разбрав професорката патувааат (не памтам каде :D ),
    ние имавме еден проект добар направено и влезе во потесниот круг, мислам дека беше најдобар од градот или така нешто и требаше да го скратиме, ама не мрзеше сите и ни помина рокот и не го пуштивме и тогаш од кога помина се сети професорката да ни каже дека за патување беше :D
    јас да си кажам чисто за мотивација да ви биди :)
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    миме 87 не си единствената .... :* ајде без нервози :* :hug:

    А бројче ... 180 е таа со пумпица :) :* :* :* :hug:
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.743
    Допаѓања:
    6.739
    ^ Верувај, не си. Ама како и да е, што и да е ситуацијата, да знаеш дека се ќе се среди некогаш. Ништо не трае вечно. Ни радоста, ама ни тагата. На сите ни се случило, и тебе ти дошло редот. Ама да не се грижиш, во животот се е минливо. Ајде сега насмевни се, што и да е - ќе помине. :*
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    секогаш се вели SLEDIGO SRCETO
    секогаш кога го правм тоа грешам секогаш уморна сум ;( ;( ;(
     
  7. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Дали може редовен студент со државна квота да работи (да биде осигуран , а не на црно)? Можно ли е вакво нешто ? Или мора да биде вонреден студент за да може да работи ?
    Да работи половина од работното време , значи 4 часа.
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    5.426
    мислам дека не може бар така беше додека јас студирав. ако си пријавен тогаш мора да бидеш вонреден студент ;)
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Можат ;)
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Миме ако не згрешиш како ке знаеш понатака да постапуваш правилно ???

    Ако не бакнеш неколку жаби како ке го најдеш принцот ?

    На енкој начин некогаш и ти некој си повредила ...

    Во животот се е минливо ... освен смртта ...

    Грешиме, учиме, се поправаме, пак грешиме , јас би се плашела ако не правам грешки. Совршенство не постои. Сега што и да се десило ќе помине ...

    Сигурно е нешто со дечко ти ... ама стој .. кочи и смири се ... во нервоза не се контролираме ниту себеси ниту што и како кажуваме ... понекогаш гледаме само меѓусебно да се повредиме. Често тоа се дешава несвесно.

    Ќе се оладат и ке слегнат работите. Со убав културен муабет се ќе се среди ... а животот оди понатака ...

    Седни сега читај нешто ... а после во кревет слушалките на уши и пушти антена5 лав сонгс ... исплачи се ... и ќе спиеш мирно ...

    А утре ... па утре е нов ден ... нов месец ... ново се.

    Ти праќам една гушка. И одма да се смириш. :*
     
    На mime87 и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.279
    Допаѓања:
    67.898
    Пол:
    Женски
    Не може да биде пријавен.
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Кате кај нас во сред лето носат чизми високи па ти види сеа.
    Април е ај ладничко пак може.
    Ама во мај ако затопли 30 степени како што знае некад јас лично не би ги носела.
    Иако 50% од девојките сигурно би ги носеле.
    Така да ти ако мислиш дека може да ги носиш и ти одговараат и не е надвор многу топло носи си ги.
    Иако јас летно време обожавам сандали и салонки, не сакам да се сварувам во чизми и не ја почитувам таа мода, си ги делам обувките на зимски и летни :)
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.956
    Допаѓања:
    164.232
    Знаеш што е добрата работа кога го следиш срцето?!
    Па да,може некогаш ќе те заболи,ќе клекнеш,ама непогрешливо бираш,затоа што она кое што го сака срцето,е она кое не се заборава никогаш,ако не му биде удволено,а се сака искрено.Срцето никој пат не греши во однос на одлуките,секогаш ги прави исправните,макар биле повредени од крајниот исход,затоа што поголема е болката ако воопшто не го послушаш,затоа што тој копнеж засекогаш ќе остане во тебе и повеќе ќе те боли.
    Претпоставувам зборуваш за љубов...јас познавам девојка која сака еден дечко,а е со друг.Од другиот добива работи заради себични побуди и е од страв да не остане сама,а не затоа што вистински го сака,а со другиот не,затоа што страв и е да не биде одбиена,да го повреди другиот,да не остане сама...и е понесреќна,отколку кога би го оставила,би пробала со другиот,па дури и да биде повредена,да знае дека сепак,тој никогаш не би бил со неа или тој е идиот,отколку да мисли дека би можела,а не е,туку е со некој друг.
    Се надевам дека ме разбра.Ама срцето никојпат не греши,секојгаш не носи до тоа кое што вистински го сакаме,иако е неразумно и ирационално на моменти,ама што има врска,секогаш не носи до нашата вистинска среќа,а не не теши со трошки,тоа е безчувстителен учител.
     
    На LivingGlam и teddybear им се допаѓа ова.
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    ти благодарам од срце исто како да разговарав со некого ќе го послушам твојот совет :* :*
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  15. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    сдп за тие што гледаа м2 дали некој знае фустанот што го носеше сања тој во виндич стил со цветциња од каде е
     
  16. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    687
    Имам исти камел(окер) боја.Одлични се(за парите :?: )
    Мојот одговор е : ДА! ;)
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Девојки сакам да почнам да пијам апчиња за контрацепција. До сега немам пиено.
    Е сега кажете ми што е најдобро, да одам да си се консултирам со мојот гинеколог или има некои што можам да си ги земам на своја глава. Не знам како идат тие работи.
    Хормони се во прашање и не сакам да си играм со здравјето.
     
  18. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    најдобро да одиш на гинеколог, мада што јас попив еден период микрогиног околу 250 ден без рецепта и препорака од гинеколог, мајка ми е фармацевт па ми дозволи да пијам, се пијат мислам дека 25 беа,(не ме држи за збор) значи 25 дена па чекаш 3, 4 дена и добиваш, ги попив заради нередовен циклус!
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Не најдобро туку обавезно гинеколог.
    Нема зафрканција со тие работи, ти планираш потомство да имаш нели? За се што е поврзано со тоа треба консултација од доктор.
    Затоа фино лепо на гинеколог, може некои и тестови да ти изврши дали е се во ред па да ти препиши потоа апчиња.
    На своја глава НИКАКО.
     
  20. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Така и си мислев дека е најдобро да направам. Не сум баш упатена како идат овие работи со апчињата за контрацепција. Не сакам да зезнам работа па да ми порасне брада еден ден :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.