Сакам да прашам...?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Hipica, 16 март 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    yawn да тебе не ти е ни гајле дали ти купил или не иако длабоко во себе си очекувала поклон веројатно. Тоа е знак на невнимание според мене освен ако не е од екстремни финансиски причини, па и заради тоа да е се наоѓаат пари еднаш е матура можел било што не мора скап поклон. Јас секогаш добивам за се и сешто и за без врска поклони од дечкото, и да не добивав стварно го сметам тоа како невнимание и кажи му го индиректно некако почни што ти купиле другите да му кажуваш не лично и ќе му текне. :)
     
  2. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Виде тој се што добивав јас,почна незгодно да му станува и си замина.
    Јас реков,не сакам подароци онака нешто за внимание ќе беше доволно пари можат да се соберат ако се сака,1 месец пред матура да заштеди некој денар.
    Исто и роденденов,ми беше пред 2 месеци пак ништо од него :)
    Малку незгодно ми станува,пошто во повеќето ситуации јас сум таа која му купува нешто или плаќа некаде :?: Ама сама сум си крива,така се поставив.Му реков дека не ми се битни финансиите на луѓето и ова си го зема ептен здраво за готово. :|
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Аха, а долго време сте во врска или новопечен пар сте 3-4 месеци? Епа штом видел и стварно му станало незгодно мислам дека ќе му дојде памет. Инаку за роденденот срамота, ај матура ама роденден :worried: Вака, не му купувај ти поклони за се и сешто и ќе видиш ќе му текне. Јас пр. во мојата врска ретко купувам само за роденден, Валентајн и од странство поклон, толку се 3 во врска повеќе од 1 година. Тој е тој што треба да купува а и веројатно можеби ти си во подобра финансиска состојба но тоа не значи дека не треба внимание да ти покажува и да биде романтичен да те изненади. Не му купувај веќе ти, и чекај да видиш како ќе се одвиваат работите :) И не плаќај. Ај некогаш да, ама тој е тој што треба да е кавалер и џентлмен да плати, или па ти својот дел тој својот т.е. или по пола плаќајте кај и да сте :) Едит: ако не е во состојба постојано да оди на некои места, излегувања не го терај можеби не стои добро финансиски одете на пообични места, помирни, поевтино да поминете. Ако е, и ако те покани тогаш оди и плати си го својот дел а ако ти рече: не, јас ќе платам - израдувај се! :)
     
  4. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    yawn, искрено потполно ја сфаќам мајка ти и сигурно неа не и била битна цената на поклонот туку гестот. не сум материјалистка не ми значат големи работи верувај не го пишувам ова ради тоа. до душа шише вино е ок подарок, ама јас би однела на подалечен пријател не на некој толку близок. колку за споредба, јас цела година скоро тргав пари на страна за да му купам нешто на дечко ми и он беше матурант годинава. знаев дека моите тешко дека ќе можат да ми дадат и си собирав. може вие не сте толку долго заедно, ама ситница секогаш може да се најде. Значи матура како матура не е толку битен настан, ама се знае дека нешто се носи и нема оправдување за тоа, единствено дека е знак за големо невнимание.
    едит: ок, сега прочитав и веќе е претерано. за роденден да не ти куши ништо, ништо?? ти да плаќаш??? значи никогаш не сум мислела дека дечкото треба да плаќа, особено кога се работи за млади како нас кои зависат од родителите, ама женското да плаќа е понижување. зошто ти да му плаќаш?? што си му ти спонзор на него? во ситуацијава искрено он е спонзорушата и тоа апла. не знам што да ти кажам, јас не би можела така. и кога немам за искачање не искачам никој др нема потреба да ми плаќа и да ме финансира. јас искрено не би била во врска со таков дечко. или укажи му некако или не знам... ама не е во ред ова. и тебе од дома ти ги даваат тие пари, не за него да го частиш.
     
    На yawn му/ѝ се допаѓа ова.
  5. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Заедно сме 6 месеци,не очекувам премногу од ова време кое сме заедно ,ама не очекував ни волку малку :worried: .Гледа дека сум во подобра финансиска состојба и смета дека имам се па од него не ми треба ништо,така го сфаќам јас ова.Но, мене не ми се нужни подароците туку неговата почит преку нив.Ако е човек посветен и креативен може нешто рачно да изработи,да подари некој албум со наши слики,да ми изреже едно CD со нашите омилени песнарки,да ризикува да собере цвеќенца од туѓ двор и да ми направи букет од љубов па дури и да ми напише некој стих.Се тоа без да потроши пари ами само малку време .
    Ама ништо.Чека само на мене за се :doh:
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Девојки, знае ли некоја брз дресинг за цезар салата?
    Итно ми е
    Фала
     
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^^^
    3 лажици сенф, 2 лажици маслиново масло, 3 лажици балсамико и 1 лажица соја сос, измешај убаво и посипи ...
     
  8. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Фала ти ме спаси ;)
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Епа нема да чека ко ќе види дека ти не мрдаш со мал прст. Немој ништо да си му купила, дури и за 7 месеци чекај да ти честита се се буквално од него да си чекаш. Да го доведеш во ред, 6 месеци не се ни многу ни малку таман време се надевам не е касно да се доведат работите во ред :)
     
  10. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Yawn треба да смениш нешто. На секоја од нас би и било криво да не добие ништо ни за роденден ни за матура.
    Изгледа он се опуштил...ах има пари оваа нека си плаќа, а од мене не и треба ништо. Ама подарок не е ако ти треба нешто туку е внимание. Никој не зборува за некои скапи работи. И за многу малку пари може да се подари нешто и јас не го оправдувам дечко ти. И да немал пари знае дека си матурантка и можел да заштеди некој денар.
    Кога ќе треба да излезете и да одите некаде кажи му дека немаш пари и види како ќе реагира. Од таа реакција ќе можеш многу работи да извлечеш и ќе знаеш што треба да правиш понатаму ;)
     
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    СП ве П да не се отворило средно драмско, а јас незнам? :?:
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Девојки, кориснички на Џи Џи Џи Јуууунит, овај Џи Мејл де, како да не ми се прави секој нов мејл important со тоа жолтото знаме?
    Да не знаете случајно? Ова им е некој новитет ли који им е враг :?:

    Не дека е битно ама ме нервозира така малку, а и плус не сакам нотификациите да ми се битни мејлови :wasntme:

    Благодарам однапред ;)

    Со пријателски поздрав,
    Пирамида
    (се мрднав од официјална кореспонденција) :D
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    57.076
    Пол:
    Женски
    Пирамитке кога ќе го отвориш меилот имаш горе знакчиња + и -. Удри на минуската ако ти е во импортант, уште еднаш нема жолт да ти стигнува од тој испраќач. Е ќе мораш на сите различни по еднаш така да им удриш.
    И мене ме нервира ова новово сега, па им изнакликав на сите минуски :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Yawn извини вака, ама од ова што го читам се прашувам дали дечко ти е со тебе заради љубов, или нешто друго? И мислам дека и ти треба да се запрашаш. :?:
     
  15. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Јавн тоа што не ти подарил ништо е знак на невнимание,некултура и непочитување.
    Јас би се навредила искрено! :^)
    Никој не бара дијаманти и Кавали фустани.Доволоно е во знак на внимание бонбоњера и букет цвеќе ако ништо друго.
    Не викам дека не те сака или нешто,ама не е се до љубовта,за добра врска е потребно и почитување и внимание.
    И тоа од двете страни,секако. :!:
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    И како така, со празни раце дојде, Yawn? Има право мајка ти, срамота е пред е, непочитување кон тебе. И треба да се лутиш и ти, а не да се се секираш дека мајка ти се лутела. Во право си е жената.
     
    На yawn му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Некое медицинско лице колку е трајна пломба на заб без работна рака? Зборев со други луѓе им кажав дека 450 денари за трајна пломбичка на заб ми е нон-сенс тие ми викаат сегде по толку земале. Не ми се верува ! Ги жалев лекариве, ама најголеми мафијаши испаднаа што викаат луѓево се изналапаа пари. И затоа сакам да прашам колку е шишенцето од кое многу мал дел на забот ќе ти стави?
     
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Е баш така. Верувам и дека ти би била посреќна со набран букет отколку со некој незнам колку скап поклон, и дена би била најсреќна со напишан стих. Така да тоа со финансиите не е никакво оправдување. Парите немаат врска со добар поклон. А дека требал да ти го одбележи роденденот и матурата со поклон - требало. Некоја ситница, било што, да те потсека на тој момент. Далеку од тоа дека треба поклонот да биде најбитен, ама сепак е знак на внимание

    Мене лани за роденден дечко ми вечерта во 12 ми го честита со нараквица која сам ја правел и тоа украл од кај мене од моите материјали дома што ги имам за правење накит :D па и мислел со што ќе ми одговара. Бев пресреќна и ја носам иако изгледа ко да ја правело мало дете, утре дента добив дигитален апрат и предпоставувате дека не се израдував ни пола од тоа што се радував за обичната лошо направена нараквица :)

    Значи факт е сакаме поклони од блиски личности, подарени од срце и се знак на внимание. Макар немаат никаква вредност.
     
    На mims-89, marama, yawn и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.928
    Yawn да бил во право немало да му падне глупо и незгодно и да стане да си отиде , нели? Знаел и он чим си отишол дека не е ок што не купил ништо . Не знам што е причината , можда немал пари ? Ама можел да тргне па на страна , не е тоа одеднаш , се знаело дека ти е матура . За ова можеме ние да збориме и да нагаѓаме .. Ама он си знае што и како . Ако ти смета ова тогаш седни го прашај го некако , ако не батали ја работава :)
     
  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    ^ Лелеле бре жении, и јас сум слаба со поклони кон дечко ми.
    И за последниот роденден нада. :x
    Жал ми е, не се чувствувам удобно, ама така налагаше ситуацијата. :worried:
    Ептен бев без скршен денар. :$
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.