Ми падна на памет да направам промена во мојот живот, да создадам некоја нова рутина. Сметам дека темава е добра за споделување идеи, искуства, поттикнување, но ако администраторите / модераторите не мислат така тогаш комотно нека ја џитнат во канта. Новата рутина која сакам да ја воведам во животов е што сакам наутро да станувам во 5-6 часот и да одам на трчање. Прво ќе почнам со пешачење, па брзо одење па после трчање. Мислам и поздраво би се чувствувала. Го практикува ли овде некој тоа? Дали вие имате некоја рутина која сте ја вовеле во вашето секојдневие или сакате да воведете? Спортување, грижа за миленици, грижа и нега за себеси, можеби јога, медитација, свирење на јавни места... што и да е што не е или не било досега карактеристично за вашето секојдневие.
Добра идеја. Јас едно време станував исто така рано и вежбав пола саат на Орбитрек, па се туширав, па доручек, па работа и денот ми беше многу подобар искрено. Многу препорачувам физичка активност од сабајле.
^ Ова. Значи она баш да те рассони, а не да те доутепа, преправајќи се дека те рассонува како кафињана. Инаку @Bitter-Sweet , не мора само физичка активност, промени во стил, ново хоби, интернетов инспирира, ќе најдеш супер идеи.
Мене се' ми здосадува по одреден период, така што би била среќна ако постојано патувам и работам (работата да не ми е врзана за едно исто место) и менувам средини. Постојано да запознавам нови луѓе. Последниве неколку години не можам да се врзам за исти луѓе и места. Едноставно не ме исполнуваат едни те исти рутини. Периодов ми е исто една голема промена во "процес". Дали погрешно, или исправно ќе видиме. Ама во секој случај сакам нонстоп да си поставувам нови предизвици. Не можам да ги сфатам оние со (за мене) монотоно, нити би можела да живеам во такво секојдневие. Иста работа, исто живеалиште, исто друштво со години/децении итн.
Одамна го мислам тоа со трчањето или пешачењето рано сабајле,пошто, и бездруго во ниедно време станувам,ама ете, никако да се наканам да се одлепам од кревет и лаптоп тоа време. И јас сакам нешто да сменам.Ми фалат..курсеви за јазици, некој клуб за дискусии -за што год- што ќе го посетувам,налик ФФФ ете, само во живо да е сето.. па дури и за црткање и готвење... повеќе шетање во природа..надвор од Скопјево. едит: ама е, и јас го имам тој проблем..ми здосадува брзо. Физичка активност на сабајле,ептем да се слагам со Анон, не знам нешто друго да така добро ми делува на расположение ко тоа. Цела енергија во телото и мозокот особено ти се менува, раздвижува. Можда ќе се наканам..мможда
Нешто што сакам да променам во животов е да гледам на работите како да морам да ги направам. Зошто едноставно не речам "Јас сакам да го направам тоа, сакам и можам. За мене е лесно." Јас сакам да одам на забар. Сакам да сјаам со убава насмевка. Сакам почесто да се смеам. Сакам да вежбам. Сакам да го обликувам моето тело. Сакам да трчам наутро. Кога улиците се мирни, кога сеуште е свежо, кога изгрева сонцето. Сакам да се грижам за себе. За своето тело, за својот дух. Сакам да се сакам себеси. Да се ставам на прво место. Сакам да учам нови јазици. Сакам да читам книги. Ништо не морате во животот. Но кога сакате, па и кога можете, why not.
Одлична тема ! Вака ги читам мислењава и си мислам...што знам, не сум совршена ни па некогаш ќе бидам. Никој не е, ниту ќе биде. Ама за промена, имам да. Еве можеби би било убаво ако го променам тоа да се дерам кога сум изнервирана и да лупам врати. Значи колку и да сум изнервирана ќе се трудам да бидам смирена. На оваа тема сепак треба убаво да се размисли, сега не знам што друго би променила ама не викам и дека нема. Наскоро најверојатно ќе напишам уште едно мислење.
Имам и јас такви фикс идеи пред да одам на работа да тркнам по едно кругче околу, па да си направам нормален доручек ( ко од филмовите ) еден туш, спремање и трк на посо. И се будам околу саат порано пред алармот, али стани де кога ти топличко сабајле во кревет.. И така си остана ова само идеа, па може и ќе се оствари некогаш
Многу работи би сакала да променам. Прво би сакала да променам начин на исхрана, следно би вовела физичка активност. Би сакала да си го променам духот и умот за да се чувствувам слободна и отворена кон авантури и предизвици. Би променила средина на живееење, би се отселила во друго непознато место далеку од сите, би сакала да имам храброст да отпатувам сама во непозната држава.
Јас пробав да се сменам, си реков ајде, можеби и треба, сум била со кратка коса како машко, како машко зш сум се замарала со машки работи, сум била како газда, сум била доминантна ... пробав луѓе и да бидам недоминантна (макар што и не знам како сум доминантна ама нема врска), пробав и коса да пуштам за атер на синот и тоа не можам, не сум јас кога ќе се погледнам, не сум задоволна и пак кратка ... пробав и да не сум ко газда и то ане знам како го правам ама нема врска ... не можам да не се замарам со машки работи за мене тоа има оправдани причини ... заклучок = колку и да се обидуваш и да вежбаш и да се контролираш, не бре не оди, тоа си што си и добро ми е.
Сaкaм и плaнирaм (oткaкo земaм плaтa ) дa се зaпишaм нa фитнес декa имaм прoбaнo дa речaм oд денескa ќе вежбaм aмa некaкo немaм нaвикa. Знaм декa ќе ми биде пoубaвo. И не сaкaм веќе дa сум дo тoлку "нaмуртенa" кoгa стaнувa зa некoи рaбoти. Дo сегa мнoгу пaти сум се oбиделa дa не стaнувaм тaжнa или нервoзнa зa некoи рaбoти и еднoстaвнo не мoжев aмa сегa мoрaм-дoкoлку бидaм пoстрoгa кoн себе би успеaлa.