Себе си!! Извини маче шо со години ги ставав сите пред тебе.Извини и за сите изгубени мигови кои нема да се вратат никогаш.Додека сите си гледаа само за својата среќа јас тебе те терав да гледаш за сите!! И извини што дури сега ти се извинувам, дури сега можам да те погледнам во лице...ама мора да признаеш дека сепак не бев пи*ка до крај и дека ова не заврши толку лошо за нас
Сакам да и се извинам на мајка ми ,што понекогаш баеги и се издеравам,али после некако грев ми паѓа Сакам да му се извинам и на дебелиот мој,за ситее лоши работи што му ги имам плеснато во моменти на нервоза,а он се понаша како ништо лошо да не сум рекла,и ме толерира постојано..ахх од љубов е...
Ме изнасмеа бе macence85 ! И јас по некат знам да си се извинам сама на себе .... Да не бидам офф .. и се извинувам на сестра ми што и се испораздрав прееска, а детето не беше криво што мене треба да ми дојде теткава со црвено ферари
Сакам да и се извинам на Пирамидката што и го расипав роденденското расположение со моите проблеми Ќе ги средам, верувај во мене, а сега на славје
Сакаш да фатам да тепам?! Остај ти славје, гледај да се среди проблемот, оти ќе тепам - овој пат не тебе! Кој ми ги секира другарите, исто ко да ме секира мене! Хасаааан катс! И ја користам оваа прилика, на овој ден кога знам дека се ќе ми биде извинето (ваљда) да се извинам ако несакајќи некого сум навредила, повредила, или била остра со моите реакции - нисам хтела мајке ми! Стварно сум пацифист, се во име на љубовта и коректните односи!
прво себеси. Извини, ангелче што дозволив да те занемарам и да ставам туѓи мигови, мисли и грижи на прво место. Ветувам дека нема да се повтори. Како што пред некој месец почнав вистински да те ценам така и ќе продолжам. Нема веќе потценување и омаловажување. Второ сакам да се извинам на тато. Извини, тато за вчера. Не беше крив ти, туку јас. Признавам јавно (уште да видиш)!
mamicke izvini znam deka sakase da go gledas filmot no sakav i jas.jas ne popustiv a ti nalutena (nervozna) si legna.izvini te molam ne sakav da te iznerviram i nema da dozvolam da se nalutime za eden glupav film.mwa mama
Едно големо извини од мене за мене... А да....... прости ми зошто те правам будала некогаш ама јас стварно те сакам
Сакам да му се извинам на сите што им го згрешив името минатата вечер , ама и беше роденден на мојата најдобра другарка и мораше некако да се прослави тоа
... на сите феминки што треба да ме трпат денес... девојки слободно скролајте ме... и со извинение унапред
Сакам да и се извинам на мајка ми Мамичко,извини за тоа што во последно време сум,ама баш "никаква" ќерка,извини што некогаш не ти се јавувам на телефон,зашто знам дека ќе ми кажеш нешто што не сакам да го слушнам,извини што многу малку ти помагам по дома,и извини што 8ми март ти го шеститав со празни раце,зашто не можев да се наканам да излезам од дома да купам нешто Извини што сум толку големо разочарување се мразам самата себе
на мојот татичко тато извини за све извини што многу те повредив но и ти ме повреди и се страмам од некои мои постапки не се правдам неможам да повервам колку големо срце имаш и колку ми имаш простено и после све ти татичко си еден и единствен се колнам и ветувам дека ќе бидам човек на место како что ти сакаш и заслужваш се колнам татичко се колнам дека за све ќе се оправдам извини тато
Мама и тато. Знам дека сум проблематична ќерка и ви ги вадам живците со мојот дух, размислувања, тврдоглавост и што уште не. Ама едната ќерка мораше да е таква.
И јас сакам да си се извинам на самата себеси, што сум дозволила на некои луѓе да ми го расипуваат денот.
Сакам да и` се извинам на Искра (Спаркс), бидејќи и одземав од времето за учење до тебе прекраснотијо