..на жената која што ме донесе на овој свет, Жената која што ми овозможи прекрасно детство и Жената која што ме сака безрезервно. Жената која што ги игра најважните улоги во мојот живот. Улога на мајка и најдобра пријателка истовремено. На Жената која што никогаш не ме повредила, која што ги истрпила “машки“, доволно силно сите зборови кои што и ги имам упатено, сите мои испади и напади на хистерија, која што била до мене кога сум била најсреќна, која што никогаш не ме оставила кога сум била на дното. На Жената која што секогаш ми подава рака, ме вади од секоја пајажина во која што самата се уплеткувам, која што ми ги дава најмудрите и најискрените совети базирани на своето искуство.. На Жената која што ме учи на најважните работи во животот..која што ме научи на основните вредности, која што ме научи пред се` да го сакам човечкиот род и сите луѓе околу себе. На Жената која што ме турка во животот кога сметам дека имам пречки на патиштата кои што не можам да ги поминам, која што ми влева секојдневно надеж дека еден ден ќе биде подобро! ИЗВИНИ МАМО за секој еден погрешен збор кој што ти го имам упатено, за секое трескање на вратата кога сум изнервирана, за моето однесување кое што понекогаш не доликува на моите години. ИЗВИНИ затоа што многу пати кога го очекуваш најдоброто од мене, знам да те разочарам, затоа што многу пати наместо да те послушам пак си терам по свое, а сепак кога ќе згрешам пак доаѓам и ти се жалам на тебе, а ти и тогаш тагуваш со мене и се соживуваш со моите проблеми иако имаш милион свои! ИЗВИНИ, затоа што сум себична и упорно барам милион работи, а знам дека и покрај твојата енормна желба да ми ги пружиш, едноставно не можеш. Денеска е твојот ден, па затоа и го пишувам ова тука. Иако не ти купив ништо за роденден, ти давам едно ВЕТУВАЊЕ кое што ќе се трудам премногу да го исполнам, а тоа е дека ќе направам да се гордееш многу со мене, повеќе од сега! Дека НИКОГАШ повеќе нема да те расплачам, дека ќе ти ја пружам сета среќа на овој свет, секако, во рамки на можностите.. Овие солзи додека го пишувам ова, се доказ дека сум навистина искрена и дека секој збор потекнува од длабочините на моето срце. Те сакам најмногу и ГОРДА СУМ на тоа што те имам во животот!
На татко ми зашто сум исто онолку проклета нерва од човек како и он и затоа што како и он врз мене, така и јас врз него ја истурам. А не сакам, воопшто не сакам! На себе, затоа што мислев дека ако излезам од принципите ми кои цел живот ги поштувам ќе значи дека конечно и ја иам г'з за нешто ново, а уствари само си се прегазив....секогаш и си бев у право тоа ме правеше човек поразличен од толпата И ГО ЗНАЕВ ТОА... Има и еден цел грст на луѓе кои немав храброст да ги погледнам.. и тоа затоа што ме болеше тоа што ми го кажуваа. Е и на нив им се извинувам пошто не ги слушнав како што требаше да ги слушнам...
Да се извинам на сите пријател(к)и кои ги имам налутено и навредено, знам дека некогаш претерувам,но тоа е.
прво на мајка ми, за се што сум и згрешила па на тато и даде иако повеќе внимавам со нив да си се извинам на себе за се што си имам сторено на љубовта на мојот живот...извини
На мама Мамо, извини за сите мои мали и големи испади. Знам дека сум избувлива и инаетлива личност, ќе се обидам да се корегирам Ќе пробам да бидам поголемо лигле и да се гушкаме почесто
иако верувам дека никогаш нема да го прочита ова, упатувам едно големо ИЗВИНИ до една личност кој има прекар РОЏО. можеби во живо нема да имам прилика да ти се извинам за случајот пред 5 години кога се заљубив во тебе па одлепив до даска, ти титкав, ти праќав смс за да те испровоцирам да ми дојдеш. тогаш не размислував дека можам да ти направам некој проблем. ИЗВИНИ
Сакам да и се извинам на бејби.90 Знам дека не го одржав зборот ама навистина беше неизводливо. Марфиев закон (незнам кој број) - секогаш кога треба негде да одиш, некој ќе ти се тупне. Бејби извини
I hate that I let you down And I feel so bad about it I guess karma comes back around 'Cause now I'm the one that's hurting, yeah And I hate that I made you think That the trust we had is broken So don't tell me you can't forgive me 'Cause nobody's perfect NO! http://www.youtube.com/watch?v=qQag6Efg7oY
Сакам да се извинам на вас форумки што не сум знаела толку време дека е толку забавна странава... 2 години само хопоскоп гледав и некој работи а во форумот не ни одварав,мислев дека е глупости...а баш сум била глупа..неможам да станам сега толку сте ми интереснии...ве сакам и ви се извинувам што до сега сум мислела дека оваа страна е глупа...
Сакам да си се извинам на самата себеси... Бидејќи од секоја ситуација премногу строго се однесувам према себе и секогаш во мене ја барам вината... Само за да го оправдам другиот