Му се извинувам на дедо ми поради тоа што забораив на време да му честитам роденден иако подарокот го купив оддамна!
Би сакала да и се извинам на девојката на мојот мувач , не знаев упоште дека постоиш ... ЈБГ тоа е , мила , бидна што бидна , ама јас не планирам да се откажам од него , иако тој те лаже дека не ме бара веке. Знам дека последниот пат го натера да ми пише да не му досагам , ама извини мила , не сум јас таа што го бара , тој тебе не те глеа со месеци , не знам дали му фалиш , не би дискутирала на таа тема , ама мила, како не ти е јасно дека тој повеке е со мене отколку до тебе Јас таков не би го трпела ни 5 секунди. Да еве ти се извинувам и што ти упаднав на работа така ненајавена ама стварно не знаев дека си обична девојка - испод ниво си му и него и мене , ама ЈБГ - ти си девојката за у јавност , ама нема везе нек ти стојат убаво роговите што ти ги набива со мене ( не само со мене и туку еден куп други) ... Аха еве и ке ти се извинам зашто ти го крадам секој пат кога сакам а ти тоа не можеш да го спречиш... Посакувам да не те знаев , ама судбина ! Чувај си го таков каков што ти е , нека те вара и мота , може боља прилика нема да најдеш. Ако се пронајдеш у ова - еве уште сега ти се извинувам - ДOДЕКА ТИ ГО ЧИТАШ ОВА ТОЈ МЕ БАРА МЕНЕ ( А ТЕБЕ ТИ КАЖУВА КАКО ВЕЧЕРВА ПАК КЕ СПИЕ САМ ) . Поздрав - и извини што сум боља од тебе у секој поглед . ПС-не би сакала да ти го земам , не фала , не сакам да носам рогови ко тебе , btw тебе поубаво ти стојат . Јас ке си го имам за мои потреби .
Сакам да му се извинам на моето кученце што го мавнав толку силно и мислам дека цел ден ми беше луто .. Нема да се повтории!!
Сакам да се извинам на мајка ми,зашто понекогаш сум стварно ужасна кон неа,а таа буквално се прави за мене! Извини мамо сто те повредувам некогаш,а немам храброст да ти кажам во лице и да те гушнам кога ти се извинувам!
И јас сакам на мајка ми да и се извинам за сите нервози кои ненамерно и ги предизвикав, навистина не сакав. И за сите моменти каде што ме молеше да му попуштам на брат ми а јас одбивав и за секој пат кога не сум ја послушала, многу, многу ми е жал навистина ќе се обидам да не ми се повтори повторно бидејќи навистина не заслужуваш.
му се извинувам на дечко ми затоа што мисли дека сум крива,но се прашувам кога тој ќе сфати некои негови грешки колку болат...
Петти пат ја отворам темава, пишувам и не праќам. Ме гризе совеста за нешто што (не) направив, веќе доолго време, и едвај собирам храброст да напишам. Извини, на најмилото суштество што некогаш постоело во мојов живот, извини што не бев тука во последните мигови од твоето постоење. Ти ми беше единствен постојан извор на среќа, единственото нешто за кое би го дала животот, а дури и се најдов во такви ситуации и бев решена да те спасам тебе, но сепак ете, животот сакаше да не бидам тука во клучниот момент за да те спасам. Извини што можев да бидам тука порано, но немав доволно храброст да се спротивставам на други личности и чекав на истите да превземат нешто. Иако малку време беше во прашање, извини што не стигнав да се поздравам за последен пат со тебе. Извини што не бев свесна за фактот дека си заминуваш засекогаш, во себе не сакав да го прифатам. Извини што кога ги затвораше очите не бев тука за тебе, иако ти секогаш беше тука за мене и ми ја подари целата љубов во твојот живот. Жал ми е што мораше да бидеш толку уплашен, да можам да го поправам сето тоа без размислување ќе го поправев. И извини што и ден денеска немам храброст да ја дознаам целата вистина за тој ден од страв дека вистината ќе ме гризе цел живот. Ми подари еден преубав дел од животов, иако можеше да трае и подолго. Извини што на време не приметив дека нешто не е во ред.
Извини што те сакам волку многу,извини што за се ти простувам иако тоа ме повредува. Извини што мојата толеранција е многу голема што понекогаш ја злоупотребуваш. Извини што прифаќам дека сум крива кога не сум,извини што сум слаба на тебе.Извини што бев покрај тебе во најтешките моменти кога можев да го изберам полесниот пат до среќата,знаејќи дека тоа и на мојот живот ќе се одрази и ќе ми се измени на многу полошо.Извини што сум ти единствено рамо за плачење,единствена личност на која што можеш да веруваш бескрајно.Извини што и покрај се' јас не чинам. Извини што не знам да сум себична.Тоа е мојата најголема грешка.
И се извинувам на една моја професорка . Навистина ми е жал што и го повредив авторитетот и егото... Не само што таа е повредена туку и ЈАС!
Извини мама , многу те сакам. Најмногу на свет. Незнам како ќе се снајдам во овој свет без тебе, еден ден кога ќе си заминеш на другата страна. Но знам дека и кога ќе бидеш таму јас ќе те чуствувам во срцето, душата и во моите соништа. Жалам за сите маки што ти ги создадов, за сите непроспиени ноќи, кавги и недоразбирања, но така растевме и учевме двете една од друга во овој заеднички живот кој ни беше даден. Но, најмногу од се ти благодарам што со сите сили се трудеше од мене да направиш човек со ум и срце и да одам по вистинскиот пат во животот. За тоа нема да можам никогаш вистински да ти возвратам, но сакам да знаеш дека ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ НА СВЕТ ♥
Прости ми што те навредив,ја признав веќе душо вината.Моите зборови заборави ги ко да не ни биле кажани!
Тебе да ти се извинам мило. За сите непроспани ноќи и болката што те режела ко нож поради мене и мојата неодлучност и недостаток на храброст.
Сакам да ти се извинам, зошто бев "сач а пејн ин ди есс", премногу дури и за тебе, да се чудиш дури, за тебе не знам дали некогаш ќе постои поимот премногу со оглед на тоа колку ми го дигаш притисокот во последно... ама сепак, признавам претерав. И да, се извинувам на моето мило друштво што бев посесивно-демотивирачка-растуризабава личност на секоја собиранка. до вас.
Извинете што ве оптеретив со некои работи што не мораше да ги знаете за мене, што ми создаваат чувство на одбивност бидејќи сега ги злоупотребувате... И си се извинувам себе си за тоа. Извини што во моменти на лутина многу пати ја преминав границата.