Сакам да и се извинам на мама Извини мајчичке моја не требаше да го истурам бесот врз тебе, не си крива ништо ти стравно ми е жал, не требаше да ги кажам тие зборови....
Сакам да се извинам на другарка ми.. Понекогаш станувам многу многу лошаа,агресивна и хистерична.. Се извинувам што изреагирав толку бурно,инаку ако се ја гледаме причината за таквото однесување и во право сум.. Но сепка извини не требаше така да се однесувам кон тебе.. ~~~
Им се извинувам на моите мајка и татко кои како тинејџерка не сум ги сфаќала дека сакале да ме изведат на прав пат ,да ми помогнат да израснам во здрава и нормална личност и сум ги повредувала со тоа што сум и превраќала и сум се однесувала недолично според моите години.. Сакам да и се извинам на баба ми што кога беше во најтешките моменти се однесував како размазено дериште,ама затоа по 5-6 месеци конечно сфатив дека на нејзе и е тешко и сме и потребни сите ние..внуците и децата..Затоа сега има внука на која се гордее Смешно но да на моето куче кое добило малоо плескање по газето кога сум била јас нервозна и затоа ветив дека веќе нема да го тепам па макар и ја направил најлошата работа на свет..
Што не ти е верно во моите години? Дека се мував со зафатен? Тоа е неиживеаност??? Ххахахахахаха . Темата беше на кој сакате да му се извините , и ете јас у иронија и се извинив на девојката на мојот мувач.
^ Пфффхахахахах... а ти да не си поарна од неа па?! Трагичното е што не и раскинува зошто ја сака и му е за у ЈАВНОСТ,а ти за у приватност,ако ме разбираш. Напиј се калциум,и тебе ти растат рогови. Ти си самата иронија по себе.
^^ Уште една иронија е никот - мирна Сакам да си се извинам зашто не си легнав рано како што си ветив смир смир
Сакам да се извинам на една толку мила девојка која имаше доверба во мене.. Не сакав вака да испадне, не сакав. И не планирав дека до тука ќе дојдеме.. Се извинувам што можеби ја разнишав твојата доверба во мене.. Се извинувам што кажав една мала лага што можеше да донесе уште 1000 други. И ти благодарам што ми веруваше.
Спојлер ^ Пфффхахахахах... а ти да не си поарна од неа па?! Трагичното е што не и раскинува зошто ја сака и му е за у ЈАВНОСТ,а ти за у приватност,ако ме разбираш. Напиј се калциум,и тебе ти растат рогови. Ти си самата иронија по себе.[/quote] Леле луге,не се расправајте со прости, немам врска со проблемов,дури женска негова ме напрајвте само си го кажав мојот став,таа ако е болна па уште сите не напрај Сакам да се извинам на баба што по толку време ме моли да одам и сеуште немам:/
Извини Тато мислев дека не си ми пратил пари, а всушност имало проблем со трансакцијата многу ми е жал што ги реков зборовите утрово за тебе
Од кого да почнам?! Многу ми е тешко да речам Извини, тоа најтешкиот збор во мојот речник, особено ако треба да се каже на галс. Можеби ќе мислите дека сум некоја гоределива популарна девојка, но не е така... Но, многу често знам да се спречкам со некого, иако се обидувам да ги избегнам караниците, едноставно некои знаат да ми ја прелеат чашата... Тогаш кажувам зборови кои не се на место... Но, не пцујам (барем ен пред нив) туку на некој сложен начи (индиректен) ги навредувам... Во ред, да почнам... Извини мамо, извини сестричке, извини тато, извини бабо, извини чиче, извини Г.(мојата пријателка) извини Тето, извини К. (бившиот ми симпатија) извини М.(другарката со која најчесто се караме) извини наставниче, извини Ж.(мојот пријател од мали нозе, кој го повредив на мали нозе, но никогаш не се извинив) итн... ИЗВИНЕТЕ И СИТЕ ОСТАНАТИ! Жал ми е што не можам тоа вистински да го кажам, но Извинете!
Извинете, сите вие кои сум ви згрешила нешто или несакајќи сум ве повредила, па сега имате лош впечаток за мене поради извинувањето кое ви го должам. Не, тоа не можам. Не можам да си го прегазам зборот и да ви се извинам во лице, не можам да си ја прегазам гордоста. И свесна сум дека тоа е лошо, ама таква сум. Тоа сум јас. Но, тоа што не знаете е дека јас во себе милион пати ја премислувам таа одредена ситуација, пробувам да сфатам од каде дошол тој избрзан збор кој ве повредил, кој никогаш не сум мислела да го кажам. Да, јас и не мислам многу кога зборувам. Но тоа не ме прави лоша личност. Сум ве исплакала милион пати, а моите зборови и постапки кои сите вас ве повредија, ме прогонуваат. Цело време. И најверојатно ме болат мене повеќе од вас. А, вие сите, не знаете. Ја гледате само горделивата девојка која избрзува со постапките и не знае да се извини. Ама си легнувате навечер.... и заспивате. А, таа девојка лежи будна чекајќи го сонцето за да заспие во спокој. За моите осумнаесет години, многу сте. Ама ви се извинувам. Јавно. Тука и сега. Жал ми е и од секогаш ми било, но лузните си го прават своето и не ми дозволуваат да ги изразам јасно моите чувства и мисли, повеќето време.... Сега полесно ми е, фала.
На прво место, на себе. Си приредив повеќе од доволно глупости. Извини Јас, доволно беше. После сите останати...
Нему... Многу го измачував. Грда особа сум..и не сфаќам зошто е сеуште со мене покрај сите мои зборови?! Да,совршен е...
Се извинувам ако сум се однесувала на начин кој ги натерал некои луѓе да мислат дека треба да им се извинам.