Спојлер Срам, не срам, ме трефна и ми тежи. Ах, другар, ќе се тепаме. What about the pinky promise? Секој заслужува некого што ќе обрне мориња и планини за него, а јас моите веќе ги обрнав. Но, не за тебе. И не заслужувам такви пофални зборови. Немој. Ти не знаеш што навистина кријам во себе. Можам да ти возвратам на зборовите со подеднакво исти зборови, ама душата не ми дава да ги напишам. Нема да бидат искрени ни малку, а јас уште верувам во длабокото значење на истите и не можам туку-така да ги делам од ракав. А, би ти значеле ли кажани напразно? Би ме смениле ли? Реторско прашање... Јас не чувствувам никакви пеперутки при твоето здраво, не се прашувам секој ден како си, каде си, добро ли си, ме мислиш ли, дали ќе се појавиш да ми пишеш, ниту пак се пресекувам кога ќе го сториш истото. Ништо околу не ме потсетува на тебе, ниту пак губам здив на убавите зборови. Не сакам да си лечам рани со тебе и не сакам да бидам себична, да се држам за тебе само затоа што несебично си се пружил за утеха, очекувајќи љубов за возврат. Не е тоа размена на материјални добра со кои можам да тргувам. А, и не можам да се тешам дека со твоја помош побрзо ќе помине. Би сметала дека те искористувам, а тоа не е моја особина. Не минува. Всушност, и потешко би било. Ти би се борел да освоиш некое место во моите мисли и срце, а јас би мрчела да те претворам во негова копија, само за да си ја згаснам жедта, да го покријам тој недостаток, таа празнина. Ете, такво ѓубре сум. А, ти можеш некому да бидеш голема Љубов. Љубов, а не утеха. Други ќе те гледаат онаков каков што си, ќе те сакаат за тоа што си ти, а јас тоа не можам. Јас во твоите очи не би те гледала тебе, не би те барала тебе. И гадно би те излажала ако ти кажам дека ти си тој на кого помислувам првиот миг кога ги отворам очите. И секој ден, час, минута, секунда... Јас секогаш преферирам сама да минувам низ вакви периоди. Така си давам себеси време да сфатам што јас сакам, без ничие влијание, зошто така, тоа не би било моја одлука, туку одлука на вината и чувството дека некому должам за стореното добро. Никој не заслужува да биде така емоционално измамен, а јас сметам дека сум доволно зрела и самосвесна да не дозволам да ми се доближиш за да бидеш само утеха која постојано ќе ме убива поради тоа што не е реалноста која сум ја посакувала. Би те убило и тебе, гледајќи колку сум празна и покрај сиот труд. Затоа не се мачи. Јас и кога би била на милиметар од тебе, би била отсутна за илјадници километри. Лути ми се колку сакаш што те игнорирам, ама јас друг начин и не знам. За твое добро е. За мене секогаш ќе останеш почитуван и братот што го немам, но ништо повеќе од тоа. Иако никогаш нема да прочиташ, барем тука ќе ти се извинам, кукавички. То е то друже. Фала на разбирање. Извини.
сакам да му ссе извинам на сите спрема кои сум постапила лошо или неодговорно иако за срејча не се многу !!!!!!!!!!!
На мајка ми и татко ми. За сите нервози што сум им ги предизвикала, како и несакајки - така и намерно, од инает. За сите оние лаги кои им ги имам кажано... За тоа кога им повишувам тон и навредувам мислејќи дека со тоа ќе им " вратам " само затоа што ми забраниле нешто... За тоа што сум неблагодарна кон нив и не секогаш го ценам она што го правеле, прават и ќе го прават за мене ! МАМИЧКЕ, ТАТИЧКО... ВИ СЕ ИЗВИНУВАМ ! ВЕ САКАМ НАЈМНОООГУ !!!
Гадно ја зезнав работата кај една членка,Се извинувам знам дека ја занишав твојата доверба во мене но сакам да ти кажам дека навистина ми е жал Не би сакала да ја именувам членката таа сама ќе си се препознае
Сакам да и се извинам јавно на Луничка-по грешка манав лајк на постот дека не те примиле на работа,односно прочитав дека те примиле.Жал ми е многу уште еднаш ти се извинувам длабоко и се надевам дека наскоро ќе ја добиеш посакуваната работа.
Сакам да и се извинам на личноста која ја повредив не сакајки еднаш оддамна го чувам тоа извинување длабоко во мене
на мајка ми извини мамо ама многу сум напната деновиве и неможам да постигнам се и морам малце да си екслодирам
Да му се ивинам на него извини што толку те сакам, извини што толку многу се грижам за тебе те напнувам извини што ти го предадов срцево... Од сега си сам... толку од мене, овој пат навистина
Сакам да и се извинам на мајка ми бидејки кога и да сум нервозна што и да ме праша и одговарам со дерење,но одвнатре пукам тогаш и неможам да издржам,но таа молчи ме слуша,тивко во себе ја споделува тагата со мене.Мајче ти за мене си најважното нешто,те молам прости ми,извини!Тоа се моите особини,карактеристики. Те сакам
Сакам да му зе извинам на тато бидеќи некогаш го вадам од контакт,а немам намера... Да и се извинам на мама бидеќи само таја е единствената која се радува,плачи заедно со мене...Мамо извини што кога сум нервозна нонстоп ти се дерам иако и ти некогаш ме вадиш од такт со твоите старински муабети,но знам дека ми мислиш добро...Срцка ми си,незнам што ке правев без тебе,те сакам! И да му се извинам него...Душо моја,извини за сите мои епизоди,сите мои испади,извини што незнам понекогаш да си ја држам устата затворена,извини што во моментот се губам и не ми текнува на последиците што можат да произлезат од тоа...Никој не е совршен и ќе заборавев ТЕ САКАМ! Ти ми си силата со која што се будам и спокојот со кој заспивам,душо моја
Сакам да им се извинам на некои луѓе кои ги навредив и ги нареков грди и глупави...мислев дека веќе знаат дека се такви
Сакам да се извинам на некои личности што гордоста не ми дава да ги именувам, сум ги навредила во моментот и после ми било криво... општо, како во реалниот живот, така и овде.
Би му се извинила на еден мој другар. Онака ептен го претерав моето "кажување" буквално го закопав детето. Веќе 4 години сме скарани заради тоа. Мн сакам да му кажам извини ама има нешто што не ми дава да прозборам...
Ухх, камо да можев и во живо ова... Најпрво, на баба ми... Затоа што мислам дека ќе направам нешто што најмалку го очекува од мене. И ќе се разочара. На мајка ми и татко ми, затоа што не бев и сеуште не сум ќерка каква што посакуваат. И заслужуваат. На него... Затоа што колку и да несакам да признаам длабоко во себе знам дека тој е во право и дека навистина го оставив тогаш кога му бев најпотребна.