СДимСИ на моите за предходно напишаното во афект... уште сум им лута, ама ги сакам... секакви работи ми излетуваат ццц И сакам да му се извинам на дечко ми што сум дрска понекогаш...
Зборот ИЗВИНИ е само збор за мене. Нема апсолутно никакво значење. Не го употребувам скоро никогаш бидејќи кога нешто ќе направам еден збор не може да ми ги поправи грешките. Јас така барем мислам. Мразам исто кога го употребуваат и кога се карам за нешто уште повеќе ќе се закарам ако ми речат извини. Единствено го употребувам кога некој ќе поттурнам во гужва..чисто од култура
сакам да и се извинам на другарка ми што 2 дена по ред ја извисувам за искачање sorry мила моја ќе на надоместам друг ден
Ви се извинувам ако ви имам згрешено нешто .. а исто така сакам да и се извинам на мама што и се дерев за боите во мојата соба, а сепак излезе по нејзино
...Офи срцка, а бе кому да кажеш..на компјутерот ли?? Џабе, денес никој никого не регистрира..луѓево изгубиле осет за се.
Јас ви се извинувам на вас девојки...Затоа што секогаш кога ви праќам поздрав во СП,вие не враќате! И се извинувам ако ви сметав ... И не сакам на никој да се извинам...Сакам мене да ми се извинат...Одредени личности заради нивното кретенско однесување...
На другар ми, на кој што му се развикав синоќа..Греота.. И на вас, драги членови на фемина, доколку имам нешто згрешено..
Сакам да им се извинам на Исаак и на Лолипап доколку ги навредив во една тема. Се случи поодамна, но чувствувам вина. Извинете.
И јас сакам да се извинам ако во некоја од темите навредив некој од форумот, зашто немам таква намера, само сакам да си го кажам моето мислење и не сакам да се карам... Толку.