1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам куче

Дискусија во 'Дом' започната од akita, 16 април 2010.

  1. akita

    akita Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    24
    Има ли некој кој продава акита кучиња или знае колку чинат?
    Ако знае некој кај можат да се најдат нека пише.
     
  2. Mjauu

    Mjauu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Ооо и јас сакам такво,после филмон Hatchiko.Изглеа и ти го гледаше ама ;) .Јас мислам дека немат кај нас такви за жал
     
    На Madonna и DeDee им се допаѓа ова.
  3. Wind

    Wind Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    28
    Имам видено едно до сега кај Мелита во шоуто... Отиди побарај кај Мелита во продавница ама имај на ум дека се препремногу скапи ! :) Крсти го Хачи хахаха :)
     
  4. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Сакам куче!

    Ако има некој кој има, кој сака да ми подари или да си купам мало кученце по можност пудличка или некое друго кученце од нисок раст.
    Однапред благагодарна :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Сакам куче!

    http://www.facebook.com/pages/ANIMA-MUNDI-Zdruzenie-za-zastita-na-zivotni/144438226027
    Барби, линков е од Фејсбук, од едно здружение за заштита на животните, овде во Македонија. Има уште неколку, ама не можев да си ги најдам по профилот некаде.
    Види, испровери по нивниот профил, нон-стоп објавуваат за кучиња кои се подаруваат.
     
    На Bozica1980, BoaVista и Barbie-mwa им се допаѓа ова.
  6. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Сакам куче!

    Сакаш расно или нерасно куче?
    Тие што се подаруваат од здружението се нерасни кутриња,можеш да си земеш нерасно што ќе биде со мал раст.
    А ако сакаш расно што ќе биде со мал раст,кажи ми што раса сакаш па јас ќе се распрашам.
    Инаку јас имам Пудла 6 години,а како што прочитав ти би сакала Пудла да чуваш.
    Пудлите се одлична раса и од се срце ти препорачувам да си земеш Пудла,важат за најинтелегентни кучиња и дома не се митарат и нема да си имаш проблеми со влакна собирање.
    И серазбира Пудлите се исклучиво салонски кучиња и не се за во двор.
    Ако нешто те интересира конкретно за Пудлите како раса,слободно прашај ме.
     
  7. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Сакам куче!

    Па ајде голема услуга ќе ми направиш :)
    Инаку да расно куче сакам, но ако нема може и нерасно.
    Инаку највеќе пудла би сакала зошто сакам дома да си ја чувам.
    И многу ми се слатки :)
    Ако најдеш пишај ќе бидам многу среќна!
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.652
    Пол:
    Женски
    Сакам куче!

    Јас би ти препорачала да си земеш нерасно кученце од здруженијата кои се грижат за животните. Го добиваш избањато, прочистено од глисти, кастрирано и со стекнати навики. А плус тоа ќе направиш и добро дело, зошто ако не се вдомат тие кученца се заловуваат во Вардариште и се убиваат :(

    Е сега ако толку многи сакаш расно кученце и ако имаш мерак, можеш да земеш и расно.
    Ама јас секогаш на сите им препорачувам прво да ги разгледаат сликите од бездомните кученца, зошто куче си е куче иста љубов пружаат и нерасните и расните.
    Мене најискрено нерасните кученца ми се помили и поубави :)
    Еве и линкови :)
    http://www.facebook.com/pages/ANIMA-MUN ... 027?v=wall
    http://www.facebook.com/pages/SRCE-ZA-Z ... 3377435960
     
    На LightOFF, Barbie-mwa, Alanna и 2 други им се допаѓа ова.
  9. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Сакам куче!

    Се согласувам, на фејсбук има група заштита на животните и анима мунду ке побраш ке ги најдеш...значи толку многу убави кученца има...уникатни се! И секако не заборавај дека ако земеш некое од тие кутриња со тоа ке го спасиш неговиот живот, затоа што ако не се вдомат тие ке завршат во вардариште каде сите знаеме како завршува нивниот живот таму. Има многу убави мали што растат. Сега нели нормално ти си знаес и ке си одлучиш но пред да купиш барем ѕирни ги сликите што ги имаат објавено од кученцата кои се вдомуваат.... :hai:
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Сакам куче!

    Чувањето куче е огромна обврска и бара големо внимание, така што пред се треба да ги разгледаш условите кои би му ги пружила ако го земеш да го чуваш. Прво треба убаво да размислиш дали сакаш машко или женско кутре. Јас би ти советувала да земеш машко, од причина што 3ипол години чувам женски пекинејзер и имам проблеми при периодот за парење (сега мислам да ја однесам да ја стерилизираат затоа што веќе има родено дури 12 кутриња, доста и е, греотка е).

    Пудлиците се убава раса на кучиња, мене баш ми се грациозни, но ако не ти пречи да чуваш и нерасно куче - имаш прекрасен избор на сајтовите кои веќе ти ги препорачаа другите феминки. Навистина има преубави кутриња кои чекаат некој да ги вдоми за да не бидат усмртени во Вардариште. Да немав јас кутре - сигурно ќе земев од таму, има толку многу убави, мали, слатки кутриња :wasntme:
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Сакам куче!

    ^Уф ептем погрешно размислување имаш.
    Ова сега што ќе го пишам важи за сите што мислат дека машко куче е подобро од женско.
    Сите што мислат дека мажјак куче е полесно за чување од женка се во една ГОЛЕМА заблуда.

    Женките се каде каде поприврзани за семејството, а циклусот што е 2 пати годишно и што трае неколку недели не е ама баш никаков проблем.
    Со мажјаците е многу потешко затоа ако осетат женка во циклус им се исклучуваат сите жици во главата и веќе не размислуваат трезвено,па ти викај како будала по него да се врати али не те ферма исто како да непостоиш.
    А покрај тоа што ако помирисаат женка во циклус ќе побегнат по неа,уште полошо што може да ви се случи е тоа ако се погодат двајца возрасни и зрели мажјаци и женка во циклус.
    Е тогаш доаѓа до општа тепачка за да се знае чија е женката,а особено што мажјаците си имаат некое свое его па и кога нема женка они сакаат да си се докажат кој е поголем фраер.
    И можат двата мажјаци крвнички да се степаат и да едвај ги одвоите и да има последици од тепачката.
    На женките циклусот им трае 15тина дена и добиваат на 6 месеци,значи женките треба да ги пазите само 30тина дена во годината а додека мажјаците треба да ги пазите да не избегаат и да не се здават со друг мажјак 365 дена во годината.

    Затоа мојот избор секогаш ќе биде женка.

    На страната на мажјакот е само поубавиот и покрупниот изглед од женката,а се друго е на страната на женката.
    Е сега покрај сите толку добри страни што ги поседува женката,апсурдно е да земаш мажјак само ради изгледот.

    Еве со Пудлата бидејќи е женка 6 години буквално немам никаков проблем ниту се здавила со друго куче ниту пак незје ја имаат нападнато,а додека со Доберманот кој ми е само 6 месеци стар веќе почна да си ја покажува машката страна и досега 2 пати го имаат нападнато повозрасни мажјаци а еднаш и он се скара со еден мажјак ради една женка што беше во нивна близина.

    Значи мој совет само женско куче,никако машко. :!:
     
    На vetre, Legadema и snegulka21 им се допаѓа ова.
  12. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Сакам куче!

    Мојата кучка ( мај бич :D ) добиваше еднаш годишно, ама затоа и траеше цел месец. Хигиената сама си ја водеше, проблеми немав освен еден ротфајлер што сакаше да ја спари ама му збрца два заби во врат и после бегаше од неа. :devil:
    Кога имаше довбиено не ја пуштав од ланец, ептен ако нема џукелчиња во близина затоа што тие се многу упорни ( неразбран народ ). :D
    Кога имаше три годинки ја парев ( со згодем момак од нејзината раса ) прво не му даваше , ама се смилува ја спари и после и на него му мавна два заба во врат. А бе кучка, си заврши работа и ајт пријатно. Имав многу кученца, ама затоа што и беше прво парење ( и последно ) не останаа сите живи, мислам дека 9 останаа.
    Е тие се посебна приказна, мали штрумфови, плачев кога ги давав .

    Немој да мислите дека женките се потешки за чување, они се поемотивни и приврзани со семејството, ама кога треба знаат и да бидат агресивни за да се одбранат.
    Според мене и мажјаците и женките си имаат предности и маани, што и да земеш нема да згрешиш.
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Сакам куче!

    девојки сакам кученце хаска
    но некако цените солени ми се се распрашав над 200евра се ако има некој информации за вакво куче со пониска цена плс пишетеми позз :*
     
  14. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Сакам куче!

    И јас сум за женско куче,поприврзани се за семејствот а и помили од машките :inlove:
    А во врска со хаска мислам дека имаш и поевтини од 200е,побарај на Пазар 3 може таму ќе најдеш :)
     
  15. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Сакам куче!

    Кумовите мои купија зенска хаска возраст-50 дена и ја платија 4.000 некаде од Драчево
    Ако си заинтересирана мозам да се распрасам и да ти писам бројце :)
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Сакам куче!

    те молам би ти била многу благодарна :) ако ми најдеш бројче може да ми пишеш во лична порака :)
    однапред благодарам :*
     
  17. caki.83

    caki.83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    34
    Сакам куче!

    дечки јас сакам англиски булдог, ама многу бе се скапи бееееее :^) не се нормални бе кажете ми каде да најдам за поевтино или некоја друга раса... пекинезер би било исто така добро пошто веќе имам еден ама да биде женка не сакам да паравам одгледувачница на пекинезери :lol: само ако може за поевтино или на подарок :?: :inlove: однапред ви благодарам :bow:
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.652
    Пол:
    Женски
    Сакам куче!

    Еве линк за тие што пишаа дека сакаат мали кученца. Во Вардариште има 17 мали кученца од кои некои се мешавина од пудли, крокери и сл :)
    http://www.facebook.com/album.php?aid=2 ... 027&ref=mf
    [​IMG]
    [​IMG]
    Седумнаесет мали кученца се мрзнат и измачуваат во Вардариште. Во кафез полн со измет и на сосема мокро теписонче лежат, се тресат од студ и полека умираат. Дехидрирани се и гладни. Доколку сакате да земете миленик, ве молиме одлучете се за некое од овие мали душички. ИЛИ БАРЕМ ПРИВРЕМЕНО ЗГРИЖЕТЕ НЕКОЕ, А НИЕ ПОТОА ИНТЕНЗИВНО ЌЕ ИМ БАРАМЕ ДОМ. НИЕ БИ ИМ ОВОЗМОЖИЛЕ БЕСПЛАТНИ ВАКЦИНИ, А КОГА ЌЕ ПОТПОРАСНАТ СТЕРИЛИЗАЦИЈА ЗА СЕКОЕ ОД НИВ.
    ВДОМЕТЕ И СПАСЕТЕ ЖИВОТ
     
    На Werewolf_Bae, Alanna, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Сакам куче!

    И јас сакам кученце,мало по раст,нека се постопли малку и ке одам за Ск од Вардариште да си земам некое,толку се слатки и мали,молат некој да ги земе и да им овозможи подобра иднина.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SweetCandy

    SweetCandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    20
    Сакам куче!

    Снегулка а од каде си?Ако можам некако да ти помогнам за кутренце да немора да доаѓаш до Скопје.