Јас имав јоркширски териер, ама од средните и една од најретките раси. Ама моиве дека ме испокаса на едни пријатели во гевгелија го дадоа колку сум плачела и не сваќаа и ден денес им се лутам Рики го крстив и мноогу го сакав сеа им се заинаетив, малтезер ке си купам или пак ке си вдомам некое од овие анима мунди (иначе рики беше исто од здружение) .Коа ке наполнам 16 им реков дека не ги тркалам, еден ден само ке видат како нешто малечко искача од мојата соба
Незнам што си чувала ти, ама среден јоркшир териер како раса не постои, тие се само мали, значи нема средни и големи. Друго, такво куче чини минимум 400 евра, дај кажи како и јас да си земам такво од здружение
Не знаев каде да го ставам текстов, ама ме расплаче малце па сакав да го споделам http://www.kafepauza.mk/zivot/posvo...hebi-beshe-najdobrata-odluka-vo-mojot-zhivot/
Девојки сакам да си земам Хаска (машко) незнам каде да најдам ..а воедно и да не е многу скапо .. :/ Ве молам помогнете ми !!!!!!!!!!!!!!!! Голем обожавател сум на Хаски !!! <3
Општи прашања Инес незнам како да го преведам.. Еве ти го на англиски па разгледај по интернетов - miniature golden-doodle Од златен ретривер некоја мешавинка е..
дали некој знае да ми го опиши германскиот шпиц какви кучиња се... ? Значи се одлучив да си земам такво мноогу ми се мили и сакам да знам повеќе за нив. Едвај чекам да си го земам
Aприкот пудла Потекло: Германија. Дата на објавување на оригиналниот валиден стандард: 05.03.1998 Намена: Чувар и пес придружник. Класификација: Група 5 Шпиц и примитивни типови. Секција 4 Европски Шпиц. Без работен испит. Кратко историско резиме: Германскиот Шпиц е потомец на каменото време « Peat Dogs » (Torfhund) « Canis familiaris palustris Rüthimeyer » и покасно Lake Dweller’s (Pfahlbau) Шпиц; тие се најстара раса на куче во Централна Европа. Бројни други раси се произведени од нив. Во земјите каде не се говори германски, Шпицот е познат како Keeshonds и а Тој шпицот како Pomeranian. Општ изглед: Шпицот е популарен поради своето воодушевувачки убаво крзно, кое стои исправено поради бујното под-влакно. Особено импресивна е силната, грива, како гердан околу вратот и грмушкастата опашка носена свиена над грбот. Лисичестата глава со алармирачки, бистри очи и малите шпицасти, блиску поставени уши му ги даваат на Шпицот неговите уникатни карактеристики, односно неговиот дрзок изглед. Важни пропорции: Односот на висината на гребенот и должината на телото треба да е 1:1. Однесување и карактер: Германскиот Шпиц е секогаш внимателен, жив и особено посветен на неговиот сопственик. Лесно се подучува и лесно се тренира. Неповерливоста кон странците и недостатокот на ловечки инстинкт го прават идеален чувар на домовите и фармите. Тој не е ниту плашлив, ниту агресивен. Отпорноста на временските непогоди, стабилноста и долговечноста се неговите најистакнати атрибути. Глава: Кранијален ( Черепен) регион: Шпицот има глав со средна големина, гледано одозгоре, изгледа најшироко назад и преминува во клиновидна кон врвот на носот. Стоп: Умерен до означен, но никако нагол. Фацијален регион: Нос: Носот е округол, мал и целосно црн, темно кафеав кај кафеав Шпиц. Муцка: Муцката не е предолга и стои во пристоен дел на черепот. ( Кај Wolfspitz/Keeshond , голем Шпиц и среден Шпиц односот на муцката и должината на черепот треба да биде околу 2:3, Кај минијатурниот и тој Шпиц околу 2:4). Усни: Не се многу нагласени, блиску поставени до вилиците и не формираат набори кај аголот на устата. Тие се комплетно црни кај сите бои, а кафени кај кафениот Шпиц. Вилица/Заби: Вилиците се нормално развиени и покажуваат комплетен маказаст загриз со 42 заба, кореспондирајќи со забната формула на куче, односно горните заби блиску ги преклопуваат долните заби и се поставени исправено на вилицата. Кај минијатурниот и тој шпицот недостатокот на неколку премолари(пред катници) се толерира. Клештовидниот загриз е дозволен кај сите вариетети на Шпиц. Образи: Образите се нежно заоблени, не испакнати. Очи: Очите се средна големина, издолжени, малку закосени и темни. Капаците се црни кај сите нијанси на боја, темно кафеави кај кафеавиот Шпиц. Уши: Мали, поставени високо и релативно блиску едно до друго, триаглести и зашилени; тие се секогаш носени високо. Врат: Средна должина и е поставен широко кај рамената, благо заоблен и без гуша и е покриен со дебело, раскошно крзно кое формира голема грива. Тело: Горна (грбна) линија: Горната линија започнува од врвот на здрвените и начулени уши и се спојува со благиот завој на краткиот, прав грб. Грмушестата опашка која скоро го покрива грбот, ја заокружува силуетата. Гребен: Високиот гребен паѓа неприметно (колку е можно пократко) во правиот , цврст грб. Слабина: Кратко споена, пространа и силна. Задница: Задницата е широка и кратка, не бега наоколу. Гради: Длабоките гради се добро заоблени, предградите добро развиени. Долна линија: Градите достигнуваат колку е можно повеќе, стомакот има благи свивки. Опашка: Поставена е високо и е со средна должина. Се протега нагоре и паѓа надолу по грбот, право од коренот. Таа лежи тврдо на грбот и е покриена со грмушкасто влако. Дупли локни на врвот се толерираат. Екстремитети: Предни: Општо: Прави, доста широк фронт. Рамења: Лопатката е долга и добро лежи наназад. Надлактиците формираат агол од 90 степени со лопатката(скапулата). Рамото е со развиена мускулатура и е цврсто поврзано со градите. Лакт: Зглобниот лакт е силен, блиску поставен до градите и е свртен ни на напред ни назад. Подлактица: Подлактицата е средна должина во релација со телото, силна и потполно права.Заднината на подлактицата е пердувеста. Дошапје: Цврсто, средна должина, предното дошапје стои во агол од 20 степени од вертикалата. Шепи: Предните шепи колку е можно помали, округли и затворени, таканаречени мачји шепи, со добро заоблени прсти. Ноктите и перничињата се црни кај сите нијанси на боја, а темно кафеави кај кафеавите кучиња. Задни: Општо: Задните нози се мускулести, со добро украсени перја до скочниот зглоб. Задните нозе стојат право и паралелно. Колено: Зглобот на коленото е силен со умерено аглување, кој е свртен ни напред ни назад при движење. Скочен зглоб: Скочниот зглоб е средна должина, многу силен и вертикален до земјата. Шепи: Мали колку што е можно, добро затворени со добро заоблени прсти , таканарешени мачји шепи. Перничињата се груби. Бојата на ноктите и перничињата е темна колку што е можно повеќе. Движење: Се движат право напред со добра рамнотежа, еластично и течно. Кожа: Кожата го прекрива телото без брчки. Крзно: Влакно: Германскиот Шпиц има двојно влакно: долго, право и кратко, дебело, налик на памук подвлакно. Главата, ушите, предната страна на предните и задните нозе е покриена со кратко, дебело, кадифено влакно. Остатокот од телото има долго, богато влакно. Не брановидно, кдраво или издвоено на грбот. Вратот и рамењата се покриени со дебела грива. Задната страна на задните нозе е добро пердувеста, на задните нозе има изобилство од пердувести влакна од задникот до колената. Опашката е грмушкаста. Боја: a) Wolfspitz/Keeshound : Нијансирано сива. b) Giant-Spitz : Црна, кафеава и бела. c) Medium size Spitz : Црна, кафеава и бела, протокалова, нијансирано сива и други бои. d) Miniature Spitz : Црна, кафеава и бела, протокалова, нијансирано сива и други бои e) Toy Spitz/Pomeranian : Црна, кафеава и бела, протокалова, нијансирано сива и други бои. Црн Шпиц: Кај црниот Шпиц, подвлакното и кожата мора да се црни и кожата на врвот мора да биде сјајно црна без беви или други маркации. Кафеав Шпиц: Кафеавиот Шпиц треба да е со подеднакво кафеава боја. Бел Шпиц: Крзното треба да е чисто бело без никави траги на жолто, што често се случува, особено кај ушите. Протокалов Шпиц: Протокаловиот Шпиц треба да е обоен во среден опсег. Други бои на Шпиц: Терминот «другите бои» ги покрива сите нијанси на бојата на кожата, како на пример: павлака, крем-црна боја, портокалово-црна боја, црна и тен и particolour (со бела боја, како главна секогаш). Црната, кафеавата, сивата или портокаловата мора да се распоредени по целото тело. Големина и тежина: Висина до гребенот: a) Wolfspitz/Keeshond 49 cm +/- 6 cm b) Голем Шпиц 46 cm +/- 4 cm c) Средна големина 34 cm +/- 4 cm d)Минијатурен Шпиц 26 cm +/- 3 cм e) Тој Шпиц/Pomeranian 20 cm +/- 2 cm Кучињата под 18cm се непожелни. Тежина: Секоја тежина на Германски Шпиц треба да кореспондира со големината. Грешки: Секое отстапување од горенаведеното се смета за грешка и се зема во обзир во зависност од интензитетот на отстапувањето. Сериозни грешки: - Грешки во конституцијата/градбата. - Глава премногу рамна; Изразено јаболчеста глава. - Месо боја нос, очни капаци и усни. - Кај Wolfspitz/Keeshond, Голем Шпиц, Среден Шпиц заби кои недостасуваат. - Грешки во движењето. - Кај сиво нијансиранатата боја недостаток на изразена маркација на лицето. Елиминациони грешки: - Меѓупростор кај фонтанелите. - Предгриз или подгриз. - Агресивни или срамежливи - Ектропија или ентропија. - Бели дамки кај сите, освен кај белите шпицеви. **Мажјаците мора да имаат два очигледно развиени тестиси спуштени во скротумот.
Јас сакам самојад.Барам барам и нема.Ако најдете ве молам контактирајте ме,барам со педигре,не ми е толку важна цената.
Има на огласи,на пазар 3 има само многу,побарај и на другиве страни за огласување,има мешанчиња,убави кучиња,на анима мунди иразгледај на фб има.
Aприкот пудла Хе, хе... не мислам дека тоа би било Априкот пудла тие би требало да бидат помали. Видов една феминка напишала дека е голдендудл. Тоа е дизајнер раса, некој ја нарекуваат џукела, но тоа ти е мешавина од златен ретривер и пудлица и е прифатена како раса. Слична на голдендудл е лабрадудл. Има многу такви мешавини, еве некои кои што ми се познати: -Кавапу, кавалер кинг чарлс шпаниел и пудла; -Малчи, малтезер и чивава; -Кавашон, кавалер кинг чарлс шпаниел и бишон фризе; -Чивини, чивава и јазовичар; -Чорки, јоркшир териер и чивава; -Пагл, мопс(паг) и бигл; Тоа е тоа.
Здраво би сакала да ми помогнете вака имам малтешка пудлица и читав на интернет дека треба ушињата да и бидат спуштени ама на моето куче се дигнати, сите други работи ги има како испуштање на солзи долго бело влакно ниска раса и др дури и мн други луѓе ми имаат кажано зошто има дигнати уши и тоа ме загрижува од таму кај шо ја земав се јавив за да прашам и таа жената ми рече дека е мала (има 5 месеци ) дека требала да порасне али се распрашував и другите вакви врсти на кучиња уше од мали имаат спуштени незнам што да праам ако може некој совек ако има некој вакво куче или каде да се обратам
Каде да најдам доберман(по можност во Прилеп,Битола,ако веќе нема може и во Скопје)ве молам многу сакам доберман ќе си умрам за доберман ако има некој на форумов што чува нека пиши инаку имам услови за чување живеам во куќа и имам голем двор,исто така да ве прашам само како одат цените ве моламммммммм ?