Исто ти е дали ќе земеш маче или Померанец, односно како што го викаат Боо. И на двете ќе треба да им одиш по меракот или нема да постоиш за нив... Има диста Померанци во Македонија. Провери на Пазар3, таму има едно здружение, Сите раси на кучиња се вика. Имаат Померанци одгледувано и цените се од најмногу 600 до најмалку 400 евра. (жешки цени, нели) Ако ти е многу скапо ножеш да земеш мини германски шпиц. Тие се многу слатки и мили. 150 евра се деновиве. Незнам за коку ги земале тие што чуваат, но како што гледам на Пазар3 поевтини се. Со среќа новото кутре.
Како што имам слушнато,не се викаат тие Boo туку Pomeranian dogs Исти се.. од левата страна кучето е исто како вие што го викате Boo,само што не е шишано. Обично ги шишаат како Bichon Frise расата,али ако го земеш,многу голема обврска е,ако сакаш да биде како "Boo" треба скоро секој месец или на секои 2 месеца да го носиш на фризер..Еве ја чувам Bichon Frise и го носиме во Тафталиџе кај Тоше на фризер (па бањање,шишање,и сечење на ноктите е 1000ден) Па сега размисли си
И најпосле куче Од мала сум огромен љубител на кучиња, но добив од нив алергија Ама ете летоска земав хипо-алергично куче (не предизвикува алергија) и ете сме, среќно си живееме Има кучето веќе 5ипол месеци и ептен е палавко, весело е дома
Куче бу не постои ,тоа е само има на куче. Бу кучиња како што ти ги викаш,има и тоа доста во Македонија и се околу 400-500 евра. Тоа е помериански шпиц и спаѓа во 5та ФЦИ група,на кучиња шпицеви заедно со германскиот шпиц,самоједот,хаската,чау чау и др. Јас иако имам германски шпиц,несакам мали раси,а особено не од овие најмаливе,џуџести раси(чивава,померианец,пинчер и сл),и не дека ми се антипатични,ама не ги сакам баш.Слатки се не викам не,ама како кукли бре ми се.
Потешко дека ќе најдеш некој што подарува. Но евтини се. Имаше едни 1000 денари беа без педигре. Најмногу се 100 евра скапи. Побарај на Пазар 3 или Реклама 5.
Ти си одличуваш,секако,само дакам совет да ти дадам. Да најдеш некој да подарува тешко,ама можеш да најдеш за ефтини пари,и сега коа даваш 50 евра за без педигре дај уште 50,барем ќе зимаш куче со педигре и ќе знаеш што имаш дома. Јас искрено ни денар не би дала за куче без педигре,ќе платам а незнам за што ќе платам. И сега секако некој од подобриве кучкари/ки,ќе се спобунат тука,имало фалсификувани педигриња и сл,епа да има тоа педигрето лажно ако е,можеш да појдеш со продавачот на кучето во кинолошкиот сојуз и да си провериш дали е или не е оригинално педигре,дали е заведено таму или не,така да и ова не држи вода. Ти препорачувам да си земеш кученце со добро педигре и до добро легло,ако не сакаш па да даваш пари,подобро од улица вдоми поблагодарни ќе ти се. Зошо не е само зимај го кучето и после шутни го,ако немаш 100 евра минимум да платиш за кучето,тек подоцна а сега особено за зимскиов период пинчерот е куче на кое му треба облека и заштита од студот,храна,поводници,вакцини како и за секое куче,болестите и сл.Многу ама многу трошок прави кучето,а ако немаш пари да го купеш,тогаш вдоми,еве и јас се расправам и со домашни и со улични кучиња па ништо страшно.Не е страмно да имаш џукела куче,т.е. улично куче,страмота е да сакаш само расни кучиња.
Да прашам ако знае некој дали во Скопјево може некаде да се најде Англиски булдог и по која цена? и збор два за расава ако некој нешто знае..
Да,може да се најде англиски булдог. Во стандардот за ова големо куче улога има темпераментот. Булдогот е активен, остава впечаток на одлучност, сила и енергичност. Способен е да покаже голема сила, но не покажува никаква наклоност да го користи тоа. Добродушен е, многу трпелив, па така децата многу го сакаат, а и тој нив. Тој е одлична дадилка за деца, многу е одговорен и внимателен кон непознатите. Кога ќе загризе, тешко пушта. Булдогот не е многу послушно куче. Ако редовно се изнесува на прошетки, лесно се прилагодува на живот во стан. Тешко поднесува големи горештини.(ова од википедиа е,оти искрено ни јас незнам многу за оваа раса) Предноста е во тоа што е мало,но силно куче,набиена градба има и доста е издржливо. Животниот век им е од 8-12 години. Тежина на мажјакот знаеш дека е нешто повеќе од тежината на женката.Истото е со висината. Висина од 31-40цм. Тежина од 22-25кг. Мене искрено не ми е многу атрактивно куче,па не би се одлучила,ама ако тебе ти одговара на условите и карактерот,тогаш одлучи се за оваа раса.
и да сакам куче,кучето не ме сака мене... 5 пати се бркав со куче и јас како Џејмс Бонд во акција,спасила сам се!
Искрено се мислев помеѓу Pug и англиски булдог ама се предомислувам за Паг бидејќи сакам во двор да го чувам, ми рекоа дека двор не било добра опција за Паг. Или па француски булдог ... По огласиве на интернет не можам да најдам никој што продава вакво кутре па ве молам ако знае некој некаква информација каде може да се најде, нека ме извести!
Нити едното нити другото не се за во двор,или еве вентуално ако немаш никаков друг избор,зимај го англискиов булдог,поиздржлив а и поголем е.Jас ќе разгледам и ќе ти пишам во ЛП ако дојдам до некоја информација,да продава некој англиски булдог.
Немам опција да го чувам внатре, така да дворот ми е единствена опција.. Затоа барам кутре кое ќе може да живее надвор Ако дојдеш до било каква информација и ме известиш, неизмерно ќе сум ти благодарна!
Кажи ми дали имаш тераса?Ако имаш,направи му куќа или нарачај готова,веќе изработена,и чувај го таму. Во двор не е сигурно.Можат да ти го украдат,а за бокс не е зошто сепак е мала раса,мало куче е и гревота е во бокс да се чува. Само навечер ставај го во кучичката на тераса а преку ден нека е дома,ќе го изнесуваш на почеток повеќе пати,а кога ќе нарасне доволно ти е по пола час двапати дневно,насабајле и пред легнување,нема да ти прави неред дома.
Сањичка, земи си боксер ти? Тие се слични на булдозите, но се повисоки и поиздржливи за надвор. Само, немој како мало да го чуваш надвор зошто неможат да си ја регулираат телесната температура до 3 месеци. Еве ти и слики од боксер:
Не, многу се мили и слатки. Обожаваат деца, постари луѓе, но ако намирисаат некој со лоша намера го лаат. Еве ти видео, ќе се информираш за нив: http://www.youtube.com/watch?v=59ZjA7TSNaQ
Папилон,не би и го препорачала ако нема многу време за да му посветува на кучето. Боксерот е куче кое бара цврста рака за дресура,искрено не е за почетници. Не е агресивно куче,ама уште помалку за деноноќно да биде врзано во двор. Не дека англискиот булдог е нешто многу поразлично,всушност секое куче дури и најфлегматичните кучиња како францускиот булдог и чивавата,сакаат истрчување,тренинг со кој ќе ја истрошат енергијата.Предноста е што е издржливо во надворешни услови,и можеш да го чуваш во бокс,само треба доволно време. Пример францускиот булодог,му е доволно 10-15 минути прошетки,ама боксерот е куче кое бара минимум 1 час двапати дневно. Не го земај боксерот ако си почетник и незнаеш како со куче. Јас еве сакам доберман,ама како што немам многу време за една мала раса на куче да одвојувам,за доберманот пак ич. Ќе ме изеде(не буквално) ама куќата ќе ја распадне да не го прошетам еден ден. Енергично куче,бара цврста дресура,долги прошетки и доволно слободно време. Минимум 4 часа дневно за прошетки,јадење,дресура... Јас немам време да му го овозможам тоа и да ги задоволам потребите негови,не е куче што ќе трчка низ двор цело време. Ти си знаеш,сепак ти одлучуваш,ама гревота и за кучето и за тебе.
Зависи како ќе го го научиш,јас имам еден другар мн ретко го шета,дека кучето у двор му седи,па не бара мн за да го шетаат.