Како сум се смеела на видеата. Инаку од мачка, корекшн, од мало маче имам видено во живо како бега ротвајлер На прошетки се сретнувам со жена што има spanish water dog. Кучево не излегува надвор кога врне и биколи ѓолови кога шета . Толку од теоријата за генот значи. Маж ми како млад дечко го има уапано комшиски лабрадор. Ние моментално имаме две кучиња од кои едно е лабрадор со типични карактеристики, краде јадење професионално . Моето е мирно воглавно, обожава да се игра со деца, другар со секое друго куче што сретне, прво е за галење надвор на отворено, ама наумило поштарот ќе го јаде, сиромав човек вика по мене да излезам надвор уште пред да стигне до вратата Не е само поштарот туку било кој што не го знае кога дојде, макар што јас како газда го пуштам човекот да влезе, убаво ќе го излае, па го издушка од глава до пета, и кучето решава кога е во ред дојдениот човек да го погали. Мене не ми смета да имам чувар дома, па и не го поправам овоа однесување. Да лабрадор е, фамилијарно куче, ама има големи заби па кој смее непоканет да влезе нека повели да ја испроба мирната раса И мене многу ме знаат за мирна раса, ама... кој не ја знае оваа кучка
Се продава Акита ину женско кутре старо 2,5 месеци.Со голем изложбен потенцијал,родители со шампионско потекло.Кучето има педигре,пасош,микрочип,ги има примено вакцините... инфо на тел:070 319 571 marinela_dimitrova@hotmail.com
Премногу сакам да имам куче, иако дома не ми дозволуваат планирам да земам за брзо време. Би сакала да имам самојед или лабрадор. Многу лесно се приврзувам за кучиња, ептен сум емотивна и многу ми е страв ако земам да не ми го отруе некој, да не му се случи нешто.
Најлоша идеја ти е да земеш куче без да знаат твоите... Кучето како прво е обврска во која не секој би уживал. Треба да знаеш дека ќе имаш цели 15 години, па и повеќе, грижа за тоа куче. И не сум баш сигурна дека самата ќе можеш тоа да го направиш зошто јас со сестра ми на почеток едвај наоѓавме време за себе, а не па една личност да се грижи за кучето. Треба да се биде искусен за сам да успееш во тоа. Треба да бидеш свесна дека цел месец ќе чистиш измет по дома, не може кучето да се врзи во двор и да му се дава леб и вода. Првата ноќ со моето куче ја поминавме катастрофа. Од сабајлето салонот и спалната на моите родители тонеше во измет. Но, како што поминува времето, со големо посветување на неа, ја научивме каде треба да се врши нужда, а каде не. После, не е само тренирањето за вршење нужда надвор, туку и здравјето, вакцините, ампулите, апчињата... исто и храната, за храната ќе треба до 100 евра да се потрошат. За куче треба СЕКОЈ член во фамилијата да биде спремен. Кучето ќе ви биде како + член. Имај во предвид дека ќе треба да му купиш поводник, ланче, креветче, храна, шампон за кучиња. Мене сето тоа ме кошташе 50 евра!!! Но за да го платам ова заштедував пари од родендени и одлични оцени на крај на школските години. Значи за 4 години заштедив над 500 евра и успеав да го добијам првото куче. А, да рачунај дека ќе треба да платиш многу пари за да имаш здраво куче. Самоједите коштаат над 250 евра, а исто и лабрадорите. Не видов колку години имаш, но јас имам 14 наполнето и успеав да се справам со овие работи. И додека разговараш со родителите не се бунтувај, туку смирено кажи им кои се предностите во чување на куче, како ја сплотува фамилијата и како ќе донесе радост покрај обврските.
Јас мојот самојед го земав 550 евра а и лабрадорите не се евтини кучиња. Ако земеш самојде треба ептеен да се грижиш за него,два пати во месецот на ветеринар,да му даваш различни апчиња-витамини (самоједите мора да ги земаат тие апчиња) и имаат добри страни, како на пр: можат да се вклопат каде и да живееш,слушаат наредби,многу се приврзуваат за сопствениците и непознати луѓе не напаѓаат.Всушност тие се едни од најдобрите кучиња,само треба да се има можност да се грижиш за него и треба да го одржуваш. И самоједите не вршат нужда по дома ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ. Ќе ја стави во уста каишката и ми ја носи,ми дава знаци (лае,квичи,рипа по врата) дека сака или да се прошета или да врши нужда.Многу паметни кучиња се. Едит: Заборавив да допишам дека и треба да ги прими сите вакцини а и тие не се баш евтини,треба посебна храна и таа е скапа. Ако можеш даси го дозволиш сето ова топло ти ја препорачиувам оваа раса на куче.
Според мене болдираново во текстот е само перење на мозокот и фалење на расата. Лошо е тоа зошто на крај тоа кутре ќе заврши или во други раце или на улица! Ни едно куче нема така да прави без дресура, тоа сакам да кажам. Дресурата треба да ви биде на прво место зошто понатаму ќе биде потешко да се издресира кучето. Значи не е се розево кога ќе земеш мало куче. Ако го земете од 3 месеци, од одговорни сопственици, можеби ќе биде полесно. Ама ако земете куче од 7 недели, не бидете сигурни дека ќе рипа по врата. Тие нема да имаат причина да рипаат по врата, си можат и дома да си извршат нужда. Затоа, крпите и весниците што ќе ги измоча ставајте ги надвор на некое место кај што нема толку луѓе и кучето ќе знае дека надвор му мириса на неговата мокрача и ќе сака надвор. Исто така, ќе ги наведам лошите страни на чување на самојед и чување на лабрадор: Чување на самојед: -Имаат огромно крзно, планирај дека ќе треба барем еднаш во 6 месеци да го носиш на професионален грумер и да плаќаш НАЈМАЛКУ 600 денари за тоа; -Норидските раси на кучиња немаат толку добра ориентација и можат лесно да се изгубат и да не се вратат; -Те чека долго чешлање на крзното 3-5 пати во неделата; -Оваа раса е потврдоглава и треба да имаш живци за да го издресираш; -После секое шетање ќе треба да го чистиш крзното од трња, топчиња, листови, тревки и сл; -Треба да му овозможиш ладно место за во лето зошто греота е да се вари во летните денови; Чување на Лабрадор: -Треба да се земе со педигре зошто оваа раса на кучиња има многу генетски болести, а најстрашна е дисплазијата на колкови што е неизлечива болест; -Оваа раса на кучиња обично сака вода и секогаш кога има некој вир ќе сака да плива во него (ова не значи за сите лабрадори, некои се плашат од вода); -Бањање еднаш во 6 месеци, но ако е извалкан многу, може да се избања; Исто така, не го хранете прекумерно! 2 месеца- 5 пати на ден 5 месеца- 3 пати на ден 1 година- 2 пати на ден. Бидете спремни да трошите пари на дехидрираната храна кога ќе биде мало зошто тогаш растат и се развиваат! Не ја земајте најевтината храна, здравјето на една душа е во прашање!
Јас никому не перам мозок и нормално дека ја ,,фалам'' расата зошто е навистина така.Еве на пример ти имаш некое куче од добра раса и добро издресирано,нема да го фалиш дека слуша наредби или ќе го правиш глупаво? Јас никого неможам да го натерам да купи куче од таа раса.Само побара мислење и јас според мое искуство кажувам,сакав само да кажам дека ако е веќе решена за такво куче да знае дека и тоа има и добри и лоши страни.И ги кажав сите негови маани а ти ми викаш дека сум го фалела.Океј како сакаш тоа сфати го. И секое куче може да се издресира ако се има волја за тоа.Секако додека се малечки сеуште неможе да ве слуша потполно,но со тек на време може.
Барем убaво да се изразеше, вака испаѓа дека кажуваш дека Самоједите знаат каде треба да се ши нужда... И да, сите кучиња можат да се издресираат, но некои не прифаќаат дресура толку лесно како Басетите, Шиба Инуто, Самоједите, а некоиполесно, како Бордер Колито, Доберманот, Германскиот овчар. Edit: Е, сега кажувај ми колку сакаш дека за себе си го кажала ова! Јас не читам мисли, би сакала да ја имам таа супермоќ ама не можам.
Јас кажав конкретно за самоједите затоа што досега не сум имала друга раса на куче освен пудлица. (која за краток период умре и не можев ниту да ја дресирам па затоа не знам како би било) Зборев само за самојед и бидејќи сум немала искуство ете на пр. со лабрадор и не знам како е кај други кучиња. И бидејќи Madilyn спомна спомна дека сака или лабрадор или самојед,јас и го кажав моето мислење за самоједите затоа што јас имам самојед а не лабрадор и зборев конкретно за самојед. Ете ти ги знаеш карактеристиките на повеќето раси,но јас ги знам само на самоједите и споделив само мое мислење од лично искуство!
Да, ама зборот ми беше дека ни едно мало кутре не би научило за толку кратко време, па и да биде најинтелигентната раса на кучиња, Бордер Коли, нема толку брзо да научи. Кога се има куче важна е трпеливоста кај сопственикот, а не секој би го можел тоа, затоа сакам да дадам до знаење дека ако не можеш не земај. И не го ла/увам следново за сите самоједи, но важи за повеќето. Самоједите се едни од најтврдоглавите кучиња и не прифаќаат дресура толку лесно, затоа треба да имате силни живци. И многу луѓе ги разгалуваат зошто се како мендовци и обично кај таквите кучиња се предизвикува територијалност зошто се осеќа како алфата во чопорот.
Овие се минијатурни пудли и коштаат 250 евра најмалку. Треба да се чешла и да се носи на професионален грумер, но можете да земете стрижач за кучиња од Џамбо со сите големини и гледај видеа на Јутуб како се прави стриже пудла. Според мене тоа е најевтино. Ќе почнеш со „фризирањето“ кога ќе има кучето 4-5 месеци. До 4-5 месеци фаќај му ги ноџињата, држи му ја муцката и тоа ќе се навикне да биде мирно додека го стрижеш. Јас така ја научив Беки да биде мирна. (Беки е Ердел и не ја стрижам, туку правам hand strip, што значи кубење на влакната, а тоа боли за некои кучиња, но Беки не покажува дека ја кубе) Пудлите исто така се едни од најинтелигентните кучиња и се супер за сопственици кои немаат искуство со кучиња, исто така и се супер со деца. Само треба да знаете дека не смее да се разгалува многу, се смее да се крева во раце и не смее да спие во кревет со вас! Така ќе се осеќа несигурно и може да предизвика агресија исто така. Исто така кучињава се хипоалергични и многу малку се митарат и се погодни за во стан.
(Ова само за луѓето кои сакаат да го земат првото куче) Пред да се одлучите која раса на кучиња ја сакате, треба да размислите колку можете да посветите внимание на кучето. Еве кои раси на кучиња не се препорачливи за сопственици кои прв пат ќе купат куче: *Пит Булот *Ердел Териер (јас земав вакво куче, прво куче ми е, но не земајте пример од мене, кај мене е друго) *Бул мастиф *Сбирска Хаска *Аљаски маламут *Чау-Чау *Булдог (американски и англиски) *Бернардинец *Германски Овчар *Далматинец *Ваимаранер *Ротвајлер *Шар-Пеи *Акита (Јапонска и Американска) Кај сите овие кучиња мора да се изгради вашиот алфа статус кон нив, што повеќето не искусни сопственици не го знаат тоа и многу грешки прават во психичкиот раст кај кутрето како: -Пуштање на кучето да лежи во истиот кревет со сопственикот (алфите си имаат посебно место за спиење, јадење и сл, а другите кучиња од чопорот НЕ СМЕАТ ДА ПРИПАРАТ ТАМУ, ако му дозволите на вашето куче да спие со вас, кучето ќе сака да почне да владее со вас) -Давање на од вашата храна додека јадете на маса (не само што е штетно за кучето, туку исто така прави тоа да се осеќа над вас со тоа што му служите, му давате храна од вашата, алфите не ја делат храната со другите од чопорот) -Доаѓање накај кучето за да си играте со него, на место тоа да дојде кај вас (кучињата од чопорот СЕКОГАШ се приближуваат до алфата за да го забавуваат, а алфата ги вика, што значи, ако вие дојдете накај кучето, тогаш го поттикнувате тоа да стане алфата) Тоа се најчестите грешки кај некои сопственици. Едит: Еве кои кучиња се препорачливи за сопственици кои прв пат ќе купуваат куче: *Померанец *Шетландски овчар (вие што го викате Леси куче) *Јоркширски териер *Малтезер *Мопс *Ши-Цу *Папилон (мојата омилена раса на кучиња!!!!) *Бостон Териер *Бишон Фризе *Кавалер Кинг Чарлс Шпаниел *Лабрадор Ретривер *Пудла (сите 3 големини (џуџеста, минијатурна и стандардна)) *Златен Ретривер (најдобар избор за прво куче)
^ Малтезерите се многу помали, овие кутриња се 2 месеца најмногу, а малтезерите на 2 месеца се многу ситни. Еве мини пудла на 2 месеца: Еве малтезер на 2 масеца: Исто така, ако убаво видиш, ќе видиш дека кутрињата се со виткано крзно, што кај малтезерите го нема тоа. Од малтезер до пудла има огромна разлика.
Многу е слатко! Веќе кога сме кај Малтезерите, ќе кажам што знам за нив. Прво, не се погодни за чување во стан/зграда зошто многу од нив лаат. Лаат кога се среќни, лаат кога се нервозни, лаат кога се возбудени и тн. Малтезер може да се земе во куќа и да се чува внатре. Овие кучиња се живи и верни кон само еден сопственик, а тоа ги прави не толку добри кучиња за луѓе со семејства и мали деца. Исто така брзо се нервираат и не сакаат да бидат многу гушкани. За да ти лежи во скут, може, ама да се гушкаат- не сакаат сите Малтезери. Не се трпеливи со мали деца и често може да се случи да ги каснат. До сега, сите малтезери што сум ги видела биле вакви. И да, кога земате малтезер, пожелно е да се земе женка зошто мажјаците се обично по самостојни и не се приврзуваат многу кон сопственикот, а некои можат да бидат и претериторијални и да напаѓаат (ако се погрешно израснати). Јас не ја сметам расава добра за почетници зошто поради нивната слаткост често се галени, прегалени од страна на сопственикот. За расава треба да се има цврст карактер и да не се попушта многу.
Лелелеел моево е се обратно од ова што напишавте. Не сум почетник вака имам чувано: Вучјак, доберман, кокер црн со кафени палежи и самоједи 2 .Првиот самојед ми го украдоа на 1,2 години, вториот го посвоив и лани умре од срцев удар.Е сега ова има 8 месеци мажјак и според вашето кажување се мислам дали е малтезер