1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам куче

Дискусија во 'Дом' започната од akita, 16 април 2010.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Епа, не се сите такви. Еве, за пример ќе го земам моето Ерделче. Ерделите се големи кучиња кои што премногу лаат, но Беки многу ретко лае. На почетокот глас не и се слушаше дури. Само мумла нешто, а за гласно лаење-не. Исто така, Ерделите би требало да бидат заштитнички настроени, но мојава на сите мавта со опашот.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  2. #Maksi

    #Maksi Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки,

    Може да ми кажете ако знаете каде се продаваат лабрадори(да бидат малечки,околу 2 месеца)?
     
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1903938-LABRADOR-kucenca-vo-Play-Full-Team
    Кутрињава се ПЕРФЕКТНИ! Одгледувачницата-НАЈДОБРА! Јас да би земала Лабрадор од Плејфул тим би земала. Не знам колку коштаат, но колку и да се, знаеш дека се од проверена одгледувачница која што ги има најдобрите примероци. За жал, останато е едно машко и не знам колку би се справила со дресурата... ако не, овие не се лоши: http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1911107-LABRADORI
     
  4. #Maksi

    #Maksi Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Ги видов и двете.На сопствениокот од вториот линк му имам пратено е-mail,но проблемот е тоа што на кучињата не им е дадена првата вакцина :/
    А за тие од Плејфул не сум се распрашала,но ќе пратам и таму е-mail.Бевме ние за бело кученце,но и црно е океј :) Иначе исклучително сме за машко исто така.Ти благодарам :)
     
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Да не кажеш дека не си била предупредена, треба да знаеш дека дресурата ќе биде дупло потешка и дупло повеќе бељи ќе прави дома од колку што би правела женка. Ако прв пат чуваш куче, најдобро би било женка да биде...

    И, ќе ви кажам како да препознаете кои кутриња не се од толку добри сопственици.
    Прво, се' можете на сликите да видите. Видете на овој оглас:
    http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1908286-Rasen-Labrador-zenka-SO-PEDIGRE
    Јас лично не би го купила кутрево. Причини: претриаголнести уши, таткото е коски и кожа, а зошто ја немаат сликано мајката? Секогаш кога гледам по огласи за кутре да купам, гледам колкаво е знаењето на одгледувачот во врска со кучиња и со расата. Огласот на кој што беше објавена Беки, моето куче, не беше со многу слики, но се гледаше дека сопственикот се разбира од грижа на кучиња (патем сопственикот на таткото на Беки има салон за кучиња и се разбира во нега на крзното, а и чувал многу Ердели предходно). Таткото Diplomat of Monaline (Астор) ни го донесоа да го видиме сосе кутрињата и боже, таа елегантност што ја имаше.. :inlove: Цената не беше изгор, таман беше и така се решивме Ердел Териер да купиме. Јас пред тоа 4 години по ред читав за грижа на кучиња, гледав видеа, купував книги, отварав сајтови, читав по форуми. Свесна бев колкава одговорнист (а и привилегија) е да се чува куче. Сеедно ми беше која раса, важно куче да биде.:D :toivo:

    Друго, видете го ова:
    http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/1928333-Kuce-Haska
    Кучево од километар се препознава дека е самојед, како може сопственикот да не знае што раса му е кучето? :fubar: И во кутија куче ли се чувало? Пред да се земе куче треба да се изнакупат СИТЕ потребни работи за истото. Татко ми ја зема Беки додека јас со мајка ми и сестра ми купувавме работи во Џамбо. Кошташе 50 евра вкупно. За да се има куче, треба да се оддвојат доволно пари, исто како за бебе. (добро, за бебе ваљда повеќе кошта, не знам) Затоа јас 5-6 години штедев и на крај со свои пари купив свое куче, а и своја одговорност.
     
    На molikaMk и mims-89 им се допаѓа ова.
  6. #Maksi

    #Maksi Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Леле,па ти си експерт за кучиња ^_^ WOW,секоја чест.Се воодушевив.Јас многу не се разбирам од кучиња но сепак знам нешто.За тоа второто одма се познаваше дека е самојед.Последнава недела со сестра ми запнавме и постојано читаме на сајтови,отвараме видеа за дресура.СЕ АМА БАШ СЕ! Денеска се утепавме од барање кученце,па затоа тука решивме да се обратиме.И среќа сме имале што налетавме на тебе.Ние тоа првото кученце,од првиот линк сакавме да го купиме али нашите не ни дадоа дека е женка.Тие сметаа дека е многу потешко со женка,па ни дозволија само мажјак да купиме.Па како што гледам дека си експерт па да те прашам,од толку пребарување денес најдовме само ова и уште едно.Па еве линк http://www.vrapce.mk/ad/73982 нас не ни личи многу на лабрадор,но еве сепак ти повеќе знаеш па тебе те прашуваме :) Исто така го најдовме и ова http://www.vrapce.mk/ad/69254 ова се златни ретриверчиња :)
    Па дај мислење за нив,од толку пребарувања само ова го најдовме али некако не сме сигурни дека се добри. Исто така ако имаш уште некое кученце од расата лабрадор или златен ретривер те молам прати. Иначе ти благодарам однапред <3
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Црн ретривер?
    Не за џабе се вика Златен(Golden) затоа што се жолти!
    Јас до сега не сум видела ни чула за црн (златен) ретривер. Не ми е логично ни педигрето, тоа кошта околу 30 евра по кученце, а они ги продаваат за цена пониска и од педигрето. :^)
     
    На makedonkamak и Daleron им се допаѓа ова.
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    @#Maksi Објасни им на твоите или дај им да прочитаат некој текст во врска со разликите меѓу машкото и женското кутре. Женките не обележуваат територија како мажјаците, нема да мочаат по цела куќа и побрзо се дресираат. Ако купите мажјак, да знаете дека цела куќа ќе ви ја обележи како негова територија (изуринира). Одлучете си вие колку средства за чистење и оцет ќе потрошите додека го издресирате. Една и единствена маана кај женките е тоа што добиваат, но се решава со стелиризација. Мажјаците почесто бегаат од дома, полудуваат кога ќе осетат женка во циклус и ако се територијални, се здавуваат со други кучиња. Женките како мали се поживи и подоминантни во леглото, но како што растат се смируваат и се поповлечени и помили. Многу поприврзани за фамилијата се од мажјаците и подобри чувари на куќата.
    За кутрињата. Кутрето од првиот линк е ок, се гледа дека е лабрадорче, ама не е сигурно дали е снимено и не може да добие дисплазија на колкови. Кутрињата од вториот линк се мешанчиња од лабрадор ретривер и златен ретривер или златен ретривер и маалски фраер. Освен рамновлакнестиот ретривер, друг црн ретривер не постои. А патем, рамновлакнест ретривер (Flat Coated Retriever) е многу ретка раса и нема ни еден примерок од таа раса во Македонија. А, плус тоа скоро никогаш не се мешани со Златни Ретривери.
    Ако веќе земате машко, земете го тоа од првиот линк што ти го пратив, од плејфул тим кутрето, тоа барем сигурно е и е од супер одгледувачница.
     
  9. Kissed

    Kissed Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    118
    Се продаваат Shih-Tzu кученца останати 2 машки и 1 женско кученце со целосна документација. Цената на кученцата зависи од нивната возраст. Сами избирате на колкава Возраст ќе го подигнете кученцето 2 или 3 месеци. Кученце на 3 месечна возраст чини 500 евра а кученце на 2 месеци 400 евра како и да одлучите со кученцето добивате:
    педигре
    работна книшка
    здравствена легитимација / пасош
    1ва вакцина
    2ра вакцина
    пакет пелени
    1кг храна
    цуцла за вода
    држач за цуцла за вода
    А во цената од 500 евра добивате плус
    ревакцина која задолжително се прима на 3 месечна возраст
    микрочип
    За резервација се плаќа 100 евра а остатокот од износот се плаќа при самото подигање.
    Родители:
    Majka – Lucy MACEDONIAN CHANPION
    Tatko - Solaris Avis Kissed by my love Inter Sampion
    JCAC x 6, JBOB x 6, BOB x 6, BOGII x 1, BOGIII x 1, CAC x 4, CACIB x 3 R.CACIB x 1
    PUPPY BIS x 2
    JUNIOR BIS x 3
    JUNIOR BIS II x 1
    JUNIOR BIS III x 1
    BIS x 2
    JUNIOR MACEDONIAN CHANPION
    JUNIOR GEORGIA CHAMPION
    MACEDONIAN CHANPION
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] ФОТОГРАФИИ ОД РОДИТЕЛИТЕ
    [​IMG]
    [​IMG]

    контакт телефон 078/209100
     
    На A-j-a и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. Vice70

    Vice70 Нов член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Дали некој продава Чау Чау куче, нека биде 2 а може и 3 месеци старо не мора да е со педигре и немора да е вакцинирано само да биде исчистено од паразити и цената ако може помала :):)..
     
  11. June

    June Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    барам црно лабрадорче машко, да биде старо од 1-2 месеци, и по можност од прилеп,ако има некој што чува нека ми пише во порака, благодарам :)
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Сакам да купам куче наскоро, ме интересира да ми кажете што откако ќе го земам, пудлица е, вакцини, нега, цени на вакцини се што знаете :)
     
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    24.814
    Постојат црни, но како лабрадор ретривер. Лабрадорот е подраса на ретривер и ги има со светла "златна", црна, кафена и сива боја на крзното.

    Него, која е цената на бигл кутре?
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Имаш 100 теми за тоа што те интересира, а и уште 1000 мислења за грижа на мало кутре исто така. Прочепкај по категоријава, имам отворено и специјална тема за Вакцинација, а и во темата Грижа за домашни миленици на предходните страни имам изнапишувано за грижа за мали кутриња.

    Ретривер е широк поим. Црн лабрадор ретривер, Рамновлакнест Ретривер (тие се црни ретривери со долга рамна длака). Пишав тука за Рамновлакнестиот ретривер. И не, лабрадорот е раса, не подраса. Ретривер си е посебна крвна група, според ФЦИ 8ма крвна група. Навистина ме иритира кога ќе кажат "сакам Ретривер". Каков ретвивер? Има Чеаспик Беј ретривер, Златен ретривер, Лабрадор ретривер, Рамновлакнест ретривер и многу други.

    На бигл цените се движат од 150 до 350 евра. Само знај дека се прегласни кучиња и можат да ти ја кренат куќата во вис. (и да, смрдат и прдат често)
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  15. PugletLove

    PugletLove Нов член

    Се зачлени на:
    15 септември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Сакам куче паг по можност да биде во регионот на Струмица :inlove::inlove::inlove::l:
    Однапред ви благодарам :l::inlove::e:
     
  16. Natasa. P

    Natasa. P Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    1.941
    Допаѓања:
    6.630
    Пол:
    Женски
    Baram masko malecko kutre rfotvajlerce. Ako ima nekoj da prodava ili znae nekoj blizok koj sto cuva, ve molam pisete. Odnapred blagodaram.
     
  17. badgirl2

    badgirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Девојки сакам да вдомам куче, но некоја мала раса, како пинч, за да си го чувам кај мене на спратот, бидејки мајка ми не сака животни. Од Штип сум, па ако има некој во близина што подарува или продава по поволна цена информирајте ме. :)
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Kako mislish na spratot? Pred vlezna vrata od stan?
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  19. badgirl2

    badgirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски

    хаха не, мислев на спрат од куќа, таму каде што живеам јас.
     
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Океј, но мајка ти се согласува? Таа неќела животни, а тек сега ако ѝ донесеш куче кое што ќе живее 15 години (па ако е со мал раст и повеќе)... Куче не е мала работа, не е работа, воопшто. Тоа е суштество кое следните 15 години ќе зависи од твојата грижа, треба да се посветуваат минимум 5000 денари годишно.