1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам куче

Дискусија во 'Дом' започната од akita, 16 април 2010.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Сакам куче!

    Полека бе Доберман, смири ги жичките, знам да читам и помал фонт на букви :)
    Инаку не ми е размислувањето погрешно, туку такво ми е искуството од чување женско кутре.
    Во тој период на парење што се јавува на 6 месеци, нас дома хаос ни се случува! Целата куќа ни е оградена, но татко ми става дополнителни жици и триста други чуда, ама џабе - кучиштата кинат и уништуваат се, само за да влезат внатре! Бидејќи пекинејзерот го чуваме внатре, ни се има случувано до влезна врата да ни доаѓаат кучиња. Во тој период не ни помислувам да ја шетам низ маало, освен ако не ме придружува татко ми за да ме заштити од кучињата бидејќи еднаш сестра ми ја нападнаа. Особено кучињата скитници знаат да бидат многу агресивни! Во тој период во маало и кај нас на улица доаѓаат секакви кучишта кои прв пат ги гледам! Којзнае до каде може да се осети таа миризба што ја пуштаат во текот на периодот за парење :^)
    Бидејќи моето кутре 4 пати се има окучувано и има родено 12 кутриња, секогаш сме имале проблем со женските - ретко кој прифаќа да ги земе. Иако, морам да признаам дека се понапредни од машките и први учат да стојат стабилно, да одат, да трчаат, сами да јадат и да лаат.
    За приврзување со семејството, не би можела да направам споредба зошто немам чувано машко куче.
    Би препорачала женско, ама под услов да се стерилизира.
     
  2. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    6.705
    Сакам куче!

    да не знаете каде можам да најдам женка з амојот далматинец , да ги спариме ..?
    тука во мојот град нема многу далматинци , мислам јас немам видено , спремна сум да појдам и негде во другиве градови само за да имам мали кученца :inlove: :inlove: :inlove:
     
  3. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам акита куче

    И јас сакам такво куче, се распрашував и дознав дека има во градот Врање 150 евра. Исто така мислам дека го има во Јапонија нивниот роден крај. :)
     
  4. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Сакам куче!

    Јас мн мн мн сакам пекинејзер. Ако може некој да ми каже од прилика колкава им е цената ?
    Иначе јас на страните за згрижување што се бендисав мн кученца и се потрудив да ги добијам, ама никој не сакаше да ми ги даде зошто сум била далеку од ск ;(
     
  5. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Сакам куче!

    Јас имам златен ретривер, машко. Има 6 месеци. Сега барам и женско ретриверче, сакам да земам, ама не постаро од 45-50 дена :) Ако знаете да продава некој, ве молам пишете ми, ќе ви бидам многу благодарна!
     
  6. maltese

    maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Сакам куче!

    Сакам малтезер или чивава ама чивавите се многу скапи, да не продава некој малтезер или подарува ???
     
  7. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Сакам куче!

    Сакаш Пекинезер или Пекинезер :) ?
    (намерно го напишав во наводници)
     
  8. MiSsSsCH

    MiSsSsCH Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Сакам куче!

    Девојки дали некој има некакви информации за чивава каде можам да набавам...Освен тие од 650 евра во бруно шоп !! :@
     
  9. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    Сакам куче!

    http://www.facebook.com/profile.php?id=1187243857
    Тука продаваат малтезери мнооогу се убави ке ги видиш,има луѓе од Македонија што земале така да ке се исконтактираш :)
     
  10. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431

    Прикачени фајлови:

  11. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    Сакам куче!

    Јас имам кученце не е расно , многу е слаткичко :) ако ненајдеш некој што ќе ти подари расно кученце јас сум тука :)
    Еве слики да го види и малечките
    Овие ми се од лани ...годинава чекаме принова :)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC00137.JPG
      DSC00137.JPG
      Големина на фајлот:
      260,9 KB
      Прегледи:
      494
    • DSC02399.JPG
      DSC02399.JPG
      Големина на фајлот:
      38,8 KB
      Прегледи:
      495
  12. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Сакам куче!

    Не е точно тоа дека нема вакви кучиња во Македонија :!:
    Кутрево на сликата е од расата Германски Тој Шпиц (Померанец) и овие кучиња ги има во Македонија али се доста ретки.
    Инаку Померанецот е ишишан на сликата и затоа изгледа како да е плишана играчка.
    Еве вака изгледа Померанецот/Германскиот Тој Шпиц во стандарден изглед.

    [​IMG]
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    Сакам куче!

    јас имав златен ретревер кога ми умре верувајте ми болна бев цела недела и сеа веке и незнам дали сакам да чувам :(
     
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам куче!

    Насекаде во државата страдаат и умираат кутриња од сите големини и бои. Не те знам лично ама малку ако прегризеш преку раса, можеш да си најдеш мешанче (или џукела, како што викаат човечките џукели) бесплатно. Добра сугестија ти дадоа, од Анима Мунди. Исконтактирај ги
     
  15. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Сакам куче!

    Е браво алал да ти е за реченицава :clap:
    Многу глуп израз е Џукела, јас џукелите си ги викам мешанчиња или улични кучиња, али џукела е стварно кретенски израз и уличните кучиња не заслужуваат така секојдневно да се малтретираат од страна на исфрустрираните личности.
     
    На moni24 и EleMental им се допаѓа ова.
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Сакам куче!

    Можеби има ама се многу скапи 500 евра и повеќе ;)
     
  17. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Сакам куче!

    Па потражи можеби има некоја кучка пред раѓање и земи си кученце а за купување многу се скапи :$
     
  18. melisss

    melisss Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Сакам куче!

    И јас многу сакам миленици !
     
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам куче!

    Јас луѓе не ве разбирам: сакате расно куче ама секое ви е скапо! :^)
    Епа, ако е така, отидете во Вардариште или на страната на фејсбук Заштита на животните побарајте куче! Ем ќе си поминете со поефтино, ем ќе направите добро дело!
    Вдомете го бездомникот кој се шета низ вашето маало-тоа е уште подобро!
    И пред да земете имајте ги предвид трошоците. Најдобро е кучето да го храните со кучешка храна и тоа таа да биде прилагодена за неговата возраст и килажа! Да го бањате со шампон за кучиња и да внимавате на одржување на бојата и сјајот! Да го вакцинирате навремено! Да го шетате, дресирате, воспитувате... Многу е нечовечно да го земете само колку да имате куче, а потоа да најдете милион изговори за да го забаталите!!
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Сакам куче!

    Едно нешто што не можам да поднесам кај самопрогласените љубители на кучиња (животни воопшто) е фактот што кучето не го купуваат за љубовта што ќе им ја дава, за тоа што го прават светот поубаво место со тоа што се грижат за друго живо суштество, туку заради желбата двапати годишно да отидат во парк и сите да се восхитуваат на скапата раса.

    Сакате куче? Знаете колку кученца си ја чекаат судбината по стационарите? Знаете колку од нив се подготвени да ве сакаат со секој атом од нивното битие, без разлика колку ужасна личност сте?

    Ако сакате куче, сакајте го заради заемната љубов што верувајте, не може да се спореди со ниедна човечка љубов што ја знаеме. Сакајте го зошто тоа зависи од вашето милосрдие. Преку глава ми е дојдено од погрешни мотиви!
     
    На Werewolf_Bae, butterfly.93, Alanna и 2 други им се допаѓа ова.