Дечки не знам веќе каде па ќе пробам и тука. Давам кутренце од расата пинч женско е уште едно ми остана и никако да му најдам домче зошто за жал сите бараат машки. Доколку има некој заинтересиран нека ми пише
баш ми е жал што дури сега го прочитав мислењево, мој другар очајно бараше дом за премилото самојадче, дури беше спремен и во други градови да го достави
Ако кученцето е без педигре, но со сите примени вакцини, дали може да се извади пасош и која е постапката?
нормално дека може нема потреба да е расно. одиш на ветеринар и носи картонче за препис на вакцини. Ако го носиш надвор од мк мора да прими и беснило и да се чипира
На која возраст кучињата полово созреваат и може да се направи кастрација? Дали процесот е поврзан со расата (прашувам за белгиски овчар кој има 9 месеци) или само со староста на кучето? Ако темата не е соодветна за вакви прашања,се извинувам. Нека се премести во соодветната.
Возраста на полова зрелост е индивидуална, но најчесто кучињата со помал раст побрзо созреваат од оние со голем. Јас мислам дека безбедно е да се кастрира после 18 месеци, идеално би било две години.
Дали може да ми помогнете Вчера на моето куче приметив како устата од црна и стана црвена дали е тоа некој проблем??
Многу сакам да чувам куче. Омилени ми се пудла и доберман. Но дали доберман е многу опасен како што кажуваат?
Не се опасни. Како раса потребна им е многу дресура и трошење енергија, за да не станат невротични и деструктивни. Многу е битно од каде доаѓаат зашто голем дел од доберманите страдаат од дилатирана кардиомиопатија. Гледај да купиш куче од одговорен одгледувач кој прави здравствени тестови на неговите кучиња, ги изложува и докажува на натпревари и ги селектира единките со најтипичен карактер за расата.
Здраво,јас чувам кученце Германски овчар старо е 2 месеца ама ќе одам надвор од Мк па би сакал да го вдомам ако сака некој нека ми пише и исто така и персиска мачка стара 1 година
Здраво. Јас сум нова на форумов и баш и не ги знам сите ствари, сакам да купам/вдомам куче, раса далматинец. Од Скопје сум, барав насекаде, нема, а огласите се стари на Реклама5 и Пазар3. Би ми било мило доколку некој ми даде било каква информација во врска со ова, фала.
Дечки што мислите за отварање градинка т.е. место каде што ќе ги оставате своите кучиња додека сте на работа? Ем ќе е одлично за милениците, ем вие не мора да се секирате дали додека е само дома направило некоја беља и слично?? Мислења дечки??
И јас веќе долго време барам Корги, ама за жал во Македонија ја нема оваа раса, и општо на Балканов е премногу ретка. Освен да си нарачаме од странски одгледувачи што доставуваат до други земји, ама па прилично се скапи овие кученца.