Дечки се продава, ако е некој заинтересиран, тел.за контакт е 070/511-161 Раса shih tzu, идеален е за чување во домашни услови, многу е весел, среќен и мил цена: 300е
А си сретнала ли некаде во Македонија Корги? И ако да, ако можеш да ми кажеш каде. Се утепав од барање, ама стварно не можам да најдам, ми кажаа дека ја немало оваа раса тука.
Во Македонија нема одгледувачница за корги.Баравме и ние кога баравме куче. А мопсови има многу,ги продаваат од 250 еур.нагоре
Има,порано беа поскапи ,имаше скоро од шампиони родители ги продаваа 300 еур.на пазар3. Ние имаме во комшилук едно,толку го земаа 300 ,ама многу ми се чудни овие кучиња,ко да имаат проблем со носот,дишењето,споро одат,што знам,да не е склона кон болести оваа раса.
Една од најстарите раси е таа. Најаристократска нели. Имаат пречки во респираторен, да, ама не е фрка како пример кај пикинезерот.. Само мн крчат
Приметив тоа,така и диши ова ко со пречки,а и споро оди многу,што е ок,кај мене француската пудла е брзата птица итрицатребаше да си земам и ја мопс.
Мрцини се. Малтезерката ми е невротична со луѓеич не сака. Тоа од кога и ги вадеа конците после стерилизација, да не види луѓе. Овој французинов не е невротичен ама е хиперактивно будалесто дете. Има милијарда играчки дома,а последно со балони игра. па и уште му купувам со цел памет. Еве го мајкиниот.
не ги можам јас. Посебно пинч не ги можам. Не моеш фацата убаво да му ја видиш од шо ко мрднат мрда цело вр
Јас прво за пинч се залетав,тоа кога појма немав за кучиња ,мм викаше не, смален доберман уклучен на батерии. И добро,зема другарка ми пинч и доаѓаат на гости,малтезеркава го кулира,а тој да и се приближи преку масичка и кревети во дневна скокаше,толку енергично куче немам видено,уште по завеси да се качуваше. И овој мојов е немирко,ама не е колерик. Керка ми последно запињаше за јазовичар ама доста се две
Јас сеуште незнам што да одговорам на луѓе кога ке се шокираат , кога ке кажам дека спијат со нас и секаде се со нас. А и знам дека мислат колку сме ненормални со кучињава Како и да е,сите кучиња се убави,јас и неколку маалски си имам,и сега со овој памет не би купила куче,би вдомила една лепотица црна што ја хранам.
Денес баш таков муабет слушав. Сме се вратиле 200 год назад коа луѓето спиеле у штала. Сеа си прајме дома штала со животните. Небаре исто е добиток и милениче. Ама јас не влагам у дебата, искулирана сум скроз. Мој кревет. Со шо сакам ќе спијам. Затоа и куќа сакав. Зашо овде во ак иам 3 улични што ги ранам. Па да се збереме. Ама тешко ќе се оствари у пм..