Ова е охридско здружение за заштита на животни. Они ќе ти го подарат најубавото, пиши им порака: https://www.facebook.com/AnimaliaOhrid/
За среќа не сме имале жустра ситација и се надевам и нема. Ама искрено јас немам срце да носам со мене солзавец или петарди (ова па никако не ми иде, нема нешто што мразам повеќе). Не сакам да вознемирам и да му наштетам на ниту едно животно зашто не се они криви, неодговорни луѓе се.[/QUOTE] Да, тоа е веројатно начинот. В раце 30 кг (кога ќе порасне) со пешачење и не ми треба теретана ни еден ден. Се шалам, во ред постапуваш и фала на советите и споделувањето. Видов дека имаше „совети“ од некоја форумџика за тоа како да носиме петарди и слично, на кои не успеав да вратам навреме, ама да, тоа никако не доаѓа предвид - крајно несовесно е. Јас имам зборувано со некои познаници и баш еден од нив, поради вакви проблеми, со себе секогаш носи стап. Е сега, и тоа не знам колку е во ред и од друга страна практично, затоа што се шетаме во град, не одиме во планина... * стапот секако не го носи за да ги удира кучињата, туку верува дека би се уплашиле од самата појава или можеби замавнување во празно.
Страшно што кучињата не можат да си ги изберат сопствениците. Какви се небулози прочитав, вие хрчак не би требало да имате,а не куче. Ви текнало на 25г да чувате куче, бидејќи ви фали внимание и љубов,немате никакво познавање за кучиња, и сега ќе делите памет по форумиве. Само напред, ќе продолжам да ве читам и да се смеам, а кој што сака реален одговор нека ме контактира во порака
Здраво сакаме куче, но не знам која раса би било тоа. Да е среден/мал раст, да сака деца и да не е агресивно/љубоморно. Игриво. Вие што се разбирате што би предложиле? Имаше некои кучиња поспани биле,го изгубив постот. Која раса е тоа ?
Верувам нема да те убедам, но решив да се пробам уште еднаш. Секое куче одгледано со љубов и внимание ќе биде онака како што ти ќе го воспиташ. Ако го земеш од мало бебе. Исто како децата. Расата како раса игра улога единствено во одредување на сталежот помеѓу општеството и никако поинаку. Верувај ми дека и нерасното ќе го сакаш како свое дете. Ем ќе направиш убаво дело, ем нема да финансираш таков синџир на злоупотреба на животни за лична корист. Оди кај девојкава на профил само што се родија бебиња кои ќе бидат мала раса. Ова е истата “раса” како мојот Ози дури и си личат со мајчево. Игриви, одлични со деца и галеници прави. https://www.facebook.com/100008346100236/posts/2814417495513093/?d=n Пиши и на самиот профил буквално е експерт за кучиња. Ако не ти се допаѓаат овие ќе ти најде други малечки кутриња кои веќе се социјализирани со други кутриња и мачки (огромна предност од сам почеток).
Здраво, ми треба мала помош во врска купување на куче. Сакам да е од расата Mini Sheepadoodle но не можам никаде да најдам. Размислував да пишам на Anima Mundi но претпоставувам дека имаат мн работа а мене ми треба побрзо бидејќи се работи за поклон за роденден . Дали некој од вас овде знае каде би можела да купам (продавница, човек што продава), јас сум од Скопје па ми треба нешто во моја близина или евентуално во поблиските градови. Благодарам однапред.
Тоа не е раса, туку мешанец од две различни раси. Ако сакаш мешанец во ЈП лајка има бесплатни, ако сакаш расно побарај тибетски териер, ласа апсо, пули, лагото ромањоло ама цените за здраво расно куче се над 500 еу.
Дали знаете каде има кај нас големи пудли? Мислам на оние кралски, или стандард што ги викаат, најголемите. Не најдов некој да чува, за да се распрашам. Ај плс ако имате инфо, многу ќе ми значи. Фала
Prevaranati Francuskive buldozi od nasive odgleduvaci site se genetski bolni,umiraat mladi posebno od kaj Darko od Gevgelija,Tesla prevara e . Drugar daj info Kade si procital na koi strani ? Da se nadovrzam, ne se site odgleduvaci odgovorni,od odgleduvac se kupuva kuce koga ke ti pokaze deka e3pati vakcinirano,5pati procisteno I genetski testovi na roditelite, so toa ke bide siguren deka kuceto e zdravo I ke si bsrate dogovor na notar, vo sprotivno se e rizik od. Genetski bolni kuce koe ke umre vo prvite 6meseci ili ke bideme celo vreme po veterinari . No ova e Makedonija, zatoa kinologijata e na nezavidno najnosko nivo, samite odgleduvaci se stanceri koi gledaat biznis a ne napredok I zacuvuvanje na standard I zdravje na rasite.
Одговорен одгледувач е тој што дава гаранција за кучето,за зал кај нас многу се ретки, другите исповрзани се со судиите и на изложби знаеме што се случува, гаранција не даваат затоа што продаваат фалш, конкретно француски ,норми све е болно .
ќе внимаваш многу,од кај и да купуваш барај да ти даде гаранција дека е здраво кучето, потпишана на нотар дека нема лоша генетика,дека е уредно и навремено вакцинирано и прочистено,едни милион кученца изумреја од неспособни одгледувачи ,препродавачи...
Па еве денес еден колега ми кажа негов другар имал со педигре, па евр да видам што ќе каже. Па се надевам нема да е таков болесник да дава болни кучиња. За вакцини сама ке си вакцинирам не ми е тоа проблем.
Здраво,има болесници се со цел да се дочепат до некој денар, не го земај ако нема три вакцини најверојатно е болно и затоа ме е вакцинирано, телото и срцето треба да се здрави за да ја издржат вакцината ,не се лажете. Шансите да преживее се помалку од 10 проценти.