Нема врска возраста. Баба ми се што е животно несакаше , ама кога мајка ми ( жена која имаше уплав од куче, а има и сега) го донесе дома кучето, она толку го засака , што и на смртна постела само него го бараше. Ако можеш од некоја другарка донеси дома на пробно види како ќе ти изреагираат, па ќе знаеш за понатака. Или нека ти дојде на гости некој со куче да видиш што како.
Да, многумина прифатиле откако им се донесло, но многумина и ги одбиле иако им се донесле дома. Пресранете да ги третирате кучињата ко експериментални глувци, Феминка22 е доволно возрасна да се разбере од збор дека луѓето не сакаат куче. Утре заутре кога ќе живее сама или може ќе се мажи, нека земе ако има услови. Баба ти прифатила, а нејзините ако не прифатат ти ќе го вдомиш после или како?
Пред се јас најмалце третирам куче како експеримент, да би ме познавала ќе мислиш и пишуваш многууу поинаку. Моментално ги имам 3, од кучка која ја собравме од улица и не постои жива сила што би ме убедила да ги дадам, фрлам или пак да експериментирам со нив. Душата би ја дала за нив. Ако читаш и предложив и да и дојде некој на гости со куче да види како би изреагирале, може ќе сменат мислење.
Ги прегледав ама неможам да најдам веќе година време барам имам вдомено две улични кутриња и сакам уште едно сибирски самојед ама никако неможам да најдам.
Дали некој од Охрид подарува машко кученце сакам да вдомам за од другите градови нема да можам да се снајдам за транспорт затоа прашувам за Охрид
Бишончиња за продажба ќе направат 40 дена пред нова година. Со педигре, вакцина, прочистени. Пишете ми лп
Давам Шитцу кучиња за вдомување бесплатно, мајка Шитцу со педигре, татко непознат, ќе бидат мали како мајка им, изгледот им е комплетно како на Шитцу куче, нема да бидат лингури.. За еден месец ќе бидат спремни за давање, имам две машки што ги давам.. Не ми пишувајте ако не планирате да ги чувате убаво, ако устата ви смрди на глад и планирате со корки леб да ги раните, ќе ве проверам.. Куче е обврска, и кошта пари, ако ги давам бесплатно, не значи дека ќе ги дадам на било кого, барам сериозен човек што ќе ги земе, а не преварант што нема пари леб да јаде, а сака куче да земе и после да го фрли на некоја улица. Прочистени од паразити, и првата вакцина ќе биде од мене.
Имам исто вакво малечко е едното, утре ќе ти пратам слики од него да го видиш, за 1 месец ќе биде спремно за вдомување, иста ваква шара има како ова на сликата.. До 3-4 кг раснат, ама малку се палави, уште од малечки се такви сакаат да си играат, се гризат едно со друго за ушиња, и така.. Се што сакам е убаво да се вдомат, и да бидат сакани.
Се супер тоа што си го пишала ама кога веќе барате толку и вие имате обврска кучката да не ви се пари со маалски фраер.
Еднаш мора да роди, па после се кастрира.. И не е со малски фраер, со познато куче е, ама мелез е тоа, не знам што е и затоа пишав така.. За Шитцу со Шитцу треба да најдеш мажјак и да платиш за парење.