Не е точно,се повеќе се препорачува и применува кастрирање пред прв циклус,еве и до година.Небитно вие си знаете.
Апсолутно неточно и застарено убедување. Моето куче нема родено, а и направив стерилизација затоа што од почеток ставот ми беше дека нема да ја парам.
Тоа што го мислите вие и тоа што е добро за кучето се две различни ствари.. Убаво е еднаш да роди, за нејзиното здравје е тоа добро, за нејзината психичка состојба.. И тие имаат чувства, а моето куче е најгрижливо на цел свет, ќе згрешев ако и го скратев тоа чувство да биде мајка.. Искача на тераса, јас во меѓувреме го земам едно од кутрињата, се враќа кај нив, гледа дека го нема, и почнува низ соби да го бара, доаѓа до кај мене, гледа дека ми е во раце, си се враќа пак на тераса.. Во меѓувреме јас го враќам кутрето кај другото кутре, она доаѓа од тераса, гледа дека не е кај мене, и пак почнува избезумено да бара каде е низ куќа.. Ја земам во раце, ја носам со мене кај кучињата, гледа дека двете и се тука, се смирува одма.. А ќе речеш куче е, и тие имаат чувства и тие знаат дека се мајки.. Најверојатно едното ќе го дадам, а другото ќе го оставам, немам срце двете да ги дадам бидејќи е многу добра мајка.
Не е кучето човек за да размислува да биде мајка и да е повредена ако не биде. Со оглед на тоа колку кучиња има на улица, парење треба да е на последно место.
Јас многу имам читано на темава и баш е подобро дур не добило циклус да се стерилизира.Процентот понатака да добие некој тумор е само 5 посто.
Девојки имам прашање.. Веќе имам маче ( чувано. пазено. галено ) ама сакам да и земам друштво бидејки имам чувство дека многу и е досадно кога нема никој дома. Од кога знам за себе златен ретривер е кучето што го сакам но, некако никогаш не се погоди период да имам шанса да земам. Е сега прашањето ми е дали некоја од вас знае некоја одгледувачница на златни ретривери кај нас или најдалеку Србија?
Ако сака некој да купи малтезерче со примени копмплет вакцини чип и пасош нека ми пише, цена поволна.
Се продава миниатурен шнауцер женка родена на 16.07.2024г. прочистена од паразити и примена вакцина. Повеќе инфо во инбокс
Дали знаете каде може да се најде мини пудли ? Прашав овде кај нас на едно место ми кажаа 4000евра …. Ве читав некој спомна Белград било подобро? Ако знаете некое да препорачате
Не знаев дека толку се скапи, јас за бишон барав на интернет од 300 до 500 евра се, ок цена ми е ама повеќе некако ми е претерано. Барај по групите за миленици, таму можеби поефтино ќе најдеш Само треба да се разбираш, јас искрено ич не се разбирам и кога ќе решам да купам нема ни да приметам ако некој ми подметне мешан бишон. Гледам многу има така што нудат велејќи дека е чист бишон и од коментарите на тие што се разбираат сфатив дека многу подметнуваат.
да баш тоа читав дека подметнуваат… и јас не се разбирам затоа прашувам дали некој знае за сигурни одгледувачи ☺️