Дали има некој малтипо? Нешто повеќе сакам да знам, дали се мирни, дали пуштаат влакна, колку се захтевни? Не се баш ефтини па сакам се да знам околу нив. Јас сум повеќе за бишон ама дете повеќе вакво сака. Мене ми е битно да е со мал раст, да не пушта влакна, секако ќе го сакам кое и да е. И секако да не ми гризе по домот
Да не очекуваш дека нема да гризе, животно е, не може препарирано да седи секако. Ќе лудува, ќе скока, ќе му се оди во тоалет во ниедно време навечер, куче ти е исто обврска како дете. Сите кучиња се захтевни зошто мора стимулација да играат за да си легнат и спијат, да го изнесеш надвор, да го трчаш со топче, стапче, да шетате во природа, да рачунаш каде ќе го однесеш или да си го понесеш со себе на одмор кога ќе одите итн. Истото е и за бишон. Те молам не ме сфаќај погрешно зборувам генерално, ама куче не се зема за да е занимација за детето и после фрли го какошто многу прават, јас не велам дека си една од нив ама мораш да сфатиш каква обврска си земаш при зимање куче зошто буквално е огромна обврска исто и како дете, па храна мисли му, вакцини, пасоши, граници ако го носиш со тебе, па проливче имало итн. Мора ептен ептен да сте спремни.
Тоа ми е јасно, како член на фамилијата е. Само па не сакам се да ми биде лом по дома, во нов дом сме вселени се да ми е заби и гребаници. До скоро зајак чував ми почина , ама зајак никогаш повеќе не би зела, 6 години го чував многу е тежок за чување во однос на хигиена затоа сега прво се информирам.
Не може да ти гарантира за жал никој дали ќе грицка. Ние истиот ризик го преземавме кога земавме кутре и испадна кутре што не погледнува ни грицка нешто, освен полначот еднаш и чорапи повеќе од тоа не грицкал. Меѓутоа семејната лабрадорка што ја имавме затоа, покољ направи. Како и да е мора да очекуваш дека на почетокот ќе замочкува кај ќе стаса, може да ви се искака додека стекне навика на пелена па потоа надвор.
Ма додека е мало ке моча и кака кај стигне Ке извадиш теписи и ке бидеш со џогерот у раце нон стоп Коа ке му никнуваат заби ке настрада некојаногарка од стол кревет
Ново мало милениче има лом да ти право по дома освен ако не му правиш crate training и да нема достапност до мебел инаку ќе се исфрустрираш и ќе го оставиш на друг или на улица....
Земи си постаро куче, не мора новороденче. Новороденчињата треба да ги учиш на хигиенски навики и повеќето гризат кога им се менуваат заби. Поголемите кучиња ги имаат поминато овие фази. Ние зедовме бишон 1 година стар. Е, тука проблемот е привикнувањето на ново семејство. Ќе треба повеќе време, ама со трпение и љубов, се ќе биде
Ќе се нервирам само, не ги оставам на друг на улица па ич. Зајакот ми правеше лом па ни не помислив на друг да го дадам.
Куче се тренира и мало да е се тренира, не мора да значи дека ќе биде лом, може да се стави и оградица доколку не е надгледувано во некој момент, ќе се научи дека за гризење се само играчки, додека е мало ќе се научи да моча и кака на пелена (покрај шетањата надвор). Се' се учи. Ама дека е захтевно, дека бара многу, бара. И ова не е ни најтешкиот дел. Мислам дека најголем проблем е кога ќе треба да го оставиш, односно кога ќе не можеш да го земеш со тебе, односно ќе мора да си го носиш со себе затоа што е плус член. Толку многу сакам да си земам пак куче, ама ме плашат обврските да сум искрена.