1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам куче

Дискусија во 'Дом' започната од akita, 16 април 2010.

  1. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Куче

    Абе Еми бе Еми...
    Која ви е поентата да давате пари за (многу битниот момент) расно куче, кога стотици мили кутренца чекаат некој да ги вдоми?!
     
    На Jojoba, pumpkin, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    ЈАс моето од село го земав . Грев беше од тараса го летаа , не јадеше . И кога дојде тука порасна . Моментало е голема кучка многу ја сакам :lol: Инаку е пинч мелез затоа голема е болдирано . Не би дала пари за некое расно незнам , има толку кученца во домови , на улици а ја да купам некое скапо ? :fubar: Пред 1 месец пред капија ни оставија два шарпланинца . Абе гомца , мали , нежни , убави да ги ручкаш It's so fluffy i'm gonna die... :wasntme: Ама ние имаме веќе едно и неможевме да ги задржиме иако можевме само едно ама ни беше жал да ги раздалечиме , едно кај нас друго кај друг , и двете ги дадовме на една другарка сега се големи , убави . А нашево е малечко , шарпланинецот расте , ќе беа одличен пар хаххаха :lol:

    Инаку за купување на кученца ќе пишам тука , сега сакам да ја парам кучкава па ако роди повеќе ќе подарам некое тука .... :)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Па зависи колку пари можеш да одвоиш, какво сакаш, мало големо, машко женско....
    Мали: пекинизер, пудлица (француска, малтешка), чивава, пинч...
    Големи: лабрадор, сибирски самојед, хаски, германски овчар, шкотски овчар...
    И внимавај, кучето нема да биде плишано, сака грижа и нега. Ако не си одлучила какво сакаш, подразмисли, дали си спремна да се грижиш?! :)
     
  4. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Имам едно домаа и баш не сум по негооо!
     
  5. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.185
    Пол:
    Женски
    Леле колку сакам кученце да си чувааам :( Премногу сакам. Но, живеам во стан и моите не се баш пресреќни од идејата. Имам соседи кои чуваат две кучиња. Можеби и не треба да се споредувам со нив, но до кај нас се чувствува ужасната миризба. Не знам како живеат.
    Како и да е, би сакала некое малечко, мило кученце кое нема да прави премногу неред, би му посветила доволно внимание, би го научила на некои работи... но, тоа е тоа.
    Како утешна награда имам две папагалчиња. :rofl:
     
  6. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Пред да ти предложам раса, ми требаат повеќе информации од типот на:

    - Каде ќе го чуваш кучето (стан/двор) ?
    - Каква големина сакаш да биде (мало/средно/големо) ?
    - Сакаш да биде долгодлако или краткодлако ?
    - Каков карактер имаш ТИ , дали си мирна/флегматична личност или си темпераментна ?
    Можеби изглед и карактер ? ;)
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Имам веќе најубаво куче, мојата Бул-мастифка Бела, а и кај мајка ми имаат Аљаски маламут, има кучиња кај и да одам...
    Но јас сакам уште едно, исто од грпуата молоси, но некое помало кученце, на пр. Англиски булдог
    [​IMG]
    [​IMG]
    или француски
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ама нема...ќе си се задоволам со мојата најубава Бела :*
     
  8. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Можеби да, ако некој оценува куче според изглед тогаш браво за него, ја дознал убавината во чување домашно милениче. А карактерот не верувам дека има врска со расата, сум видела бесни и "глупи" хаски, самоједи, пит-були итн, а премирни и препослушни џукелчиња.Така да...
     
  9. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Охооо има врска, и тоа има голема врска карактерот со расата.
     
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    11 години чување на најмирниот пекинезер не се согласуваат со твоето мислење.

    Не се палете по раси, секое куче ќе ви ја даде максималната љубов што му ја собира во благодорното срце. И нема врска дали е мастиф, пинч, самојед или мешанче.
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Па се зависи од тоа како ќе се воспитува кученцето од мало.

    Инаку јас зборев за карактерот во друг смисол...
    На пример ако некој човек сака да има флегматично куче што не му се потребни долги прошетки ќе си земе куче со флегма карактер како што е Англискиот булдог, Ротвајлерот и сл.
    Или пак ако некој сака темпераментно куче ќе си земе Доберман, Американски Стафордски Териер и сл.

    Сакам да кажам кога земаш раса ги знаеш точно нејзините позитивности и негативности, а додека кај мешаните кучиња не си сигурен какво ќе ти се погоди по карактер кучето.

    Да не бидам сватена погрешно, немам ништо против уличните/мешаните кучиња :)
     
  12. jana19

    jana19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Еми, сега ете не знам што точно сакаш,
    ама моментално има на продажба преубаво легло на
    Шар Пеи кученца... повеќе информации можеш да добиеш на

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  13. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Еве еден линк за сите кои сакаат да вдомат кутре или маче, преубави животинчиња нудат, јас секогаш ги гледам ама не можам да земам зошто веќе имам. ;(

    http://www.facebook.com/aktivistimk
     
  14. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Мој комшија има акита, женка... Убави кучиња се, не велам не, но во никој случај не би дала толку пари. А доколку си сеуште заинтересирана, кога ќе има нешто ќе те информирам

    Инаку јас имам вести териер со добро легло, денес ми го испратија педигрето после цели 2 месеца чекање. :@ Па во иднина кога ќе имам кученца ќе ви пишам, во случај да сте заинтересирани лично вие или некои ваши блиски :$ :lol:
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Каде може да се најде кученце од расата БО во Битола незнам да има некого во Скопје би требало да има и по која цена се знае некој? :?:
     
  16. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    еден мој пријател продава Хаски Маламут...Малечки се и многу слаткички, како меченца..ако некој сака ЛП
     

    Прикачени фајлови:

  17. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    А каква е таа раса Хаски Маламут ??? :D

    Девојче имаш грешка направено, таква раса Хаски Маламут не постои.

    Постои:
    - Сибирска Хаска
    - Аљаски Маламут

    И сега што продава твојот пријател ?
    Сибирска Хаска или Аљаски Маламут ???

    Таква раса БО не постои.
    Знам ти за кое кученце збориш, за она шишаното што е како плишана играчка :D
    Тоа кученце се вика БО, ама БО не е името на расата, туку тоа е името на кученцето.

    Инаку кученцето БО е од раса Минијатурен Германски Шпиц и е со долга длака (БО е нарочно така шишано како во форма на плишана играчка).
    Кучиња од расата Минијатурен Германски Шпиц (како што е БО) се мнооогу ретки во Македонија, ги има само околу 20 кученца низ цела Македонија и едно кученце кошта од 1000 до 1500 евра.
     
  18. MissMars

    MissMars Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Домашни миленичиња

    Сакам да чувам куче Германски Овчар. Сум слушнала дека не се мноду добри за чување во стан. Има ли некој што чува или чувал Германски Овчар во стан да ми каже дали се добри или да ми препораче некоја друга слична раса за чување во стан.
     
  19. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ти одговорив на ПП, нема никаков проблем, слободно земи си Германски Овчар ;)
     
  20. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Weimaraner расата ми се многу елегантни со сивото крзно и плавите очи. Ако некогаш имам куќа и двор, обавезно ке си земеме едно.









    Следни омилени ми се лабрадорите, и поради изгледот и поради карактерот.
     

    Прикачени фајлови:

    На Jojoba и rossonerka им се допаѓа ова.