1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам куче

Дискусија во 'Дом' започната од akita, 16 април 2010.

  1. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Доберман со тебе воопшто не се согласувам дека кучето не може да се издресира без разлика која раса или НЕраса е, ти еднаш се декларираше како дресер па би требало да го знаеш тоа. Поголема љубов од улично кученце кое сте го спасиле не може ниедно расно да ви даде. Зарем е битен изгледот на кучето за да му пружиш дом и љубов???? Ако така размислувате тогаш дефинитивно не сте некој љубител на кучиња. Знаете како иде тоа, или ги сакаш сите или не сакаш ниедно, не може да сакаш лабрадори, а да мразиш пекинезери или улични поради расата. Мислам ова ми делува баш како кучешки расизам искрено. И што ако имате расно куче, сите ќе викаат вауууууу кога ќе го шетате, па ќе застануваат да го погалат?? Ќе го носите на изложби, ќе се богатите на неговото легло?? За мене лично, не изведувам светица и богиња, али тоа чувство и чувството дека си спасил некое беспомошно од улица си му дал дом и љубов, не се споредуваат. И погоре некој пишал сакам лабрадорче не можам да си купам, ако не можеш да си купиш тогаш како ќе го чуваш?? Секое куче си бара огромна грижа и внимание, него најмалце му треба интерес од два месеци па после да скапува врзано за ланец во двор. Не се залетувајте, не е играчка туку живо суштество.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Јас никогаш не сум рекла дека куче неможе да се издресира, (цитирај ме каде тоа сум го кажала дека постои куче што неможе да се издресира ???)
    Секое куче може да се издресира.
    Јас имам кажано дека некои кучиња полесно прифаќаат дресура (Германски овчар, Лабрадор и сл.) и има кучиња што потешко прифаќаат дресура (Американски Басет, Англиски Бултериер и сл.) а никогаш немам кажано дека постои куче што неможе да се издресира, сите можат, само со некои кучиња ќе треба подолг период а со некои покус период.

    Мој избор е дали ќе чувам расно или нерасно куче.
    Јас не ги мразам уличните (нерасните кучиња) незнам од кај доби таков впечаток.
    Тоа што чувам расно куче не значи дека ги мразам нерасните.
     
  3. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Во секој случај кога некој во претходните мислења праша зошто би земала расно куче ти пиша поради изглед и карактер. Карактерот и однесувањето на кучето се дресира, изгледот е небитен. Толку. И ова воопшто не се однесуваше само на тебе, повеќе на оние кои од куртоазија сакаат расно куче.
     
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Доберман само рече дека има одредени карактерни црти што одат со расата, иако јас истите би ги нарекла физички предиспозиции и ништо повеќе, и дека истите кај џукелчињата не можат да се препознаат зошто нели се мешани. И јас не ја сфатив на почетокот, после ми се разјасни. :)

    Ова од една страна е многу логично, исто како што е логично во помал стан да се чува помало куче. Ама мене на пример ми пречат оние што ги шутираат џукелчињата на улица а се декларираат како љубители на кучиња, само за да ги видат како се пуваат во парк со расно куче. Верувам дека тоа беше и поентата на Јојоба.
     
    На rossonerka, BoaVista и Jojoba им се допаѓа ова.
  5. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Точно, карактерот и однесувањето на кучето се дресира, НО темпераментот не се менува.
    На пример кај нерасно куче незнаеш каков темперамент ќе има, додека кај расно знаеш.
    Пример ако сакаш мрзливо и флегматично куче кое што небара долги прошетки, ќе си земеш Англиски булдог и сл. , а ако сакаш темпераментно и неуморно куче кое што сака долги прошетки ќе си земеш Доберман и сл.

    Затоа многу сопственици пред да земат некоја раса прашуваат каков му е темпераментот, бидејќи ти неможеш со Англиски булдог да се искачиш до крстот на Водно или да трчаш покрај кеј по 5 километри бидејќи тие кучиња веднаш се заморуваат, или обратна ситуација, на пример неможеш да земаш Доберман и да го шеташ само пред зграда по 5 минути...

    Затоа е предност да земеш раса бидејќи ги знаеш отприлика сите нејзини позитивности и негативности, заразлика од мешаните, незнаеш со каков темперамент ќе ти се погоди.

    Точно така, тоа е поентата на целиов муабет, расните кучиња имаат одредени карактерни црти и темперамент кој што си го носат во своите гени.

    Еве да кажам јас за себе зошто зедов расно куче.
    Ми требаше куче со помала големина бидејќи живеам во стан, можев да земам и нерасно не ми пречеше воопшто дали е расно или нерасно, НО работата беше што мајками несакаше да и се прават влакна по дома и несакаше некое многу темпераментно куче.
    И затоа одлуката падна на расата Пудла, бидејќи Пудлите не се митарат и не пуштаат влакна, а и карактерно не се премногу темпераментни и затоа Пудата беше идеално решение.

    Потоа задов и Доберман, затоа што сакав активно куче полно со енергија со кое што ќе можам слободно да се шетам покрај кеј без страв дали ќе се замори.
    И така и беше, Доберманот беше неуморлив.
    Но поради премногу обврски и недоволно време за секојдневно неколкучасовно шетање и истрчување, решив да го дадам Доберманот на братучедми бидејќи тој живее во куќа со двор и таму на Доберманот ќе му биде поубаво и покомотно.

    И сега си ја чувам само Пудлата и на нејзе и е доволно само 30 минути да ја прошетам, заразлика од Доберманот кој бараше 2-3 часа квалитетна прошетка со многу истрчување за да ја потроши енергијата.
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Каква раса е ова кученце? Преубаво е ејјјј :inlove: :inlove: :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  7. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Синоќа ни го згазеле кучето :( :(
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Мене ми личи на чивава, ама не ме држи за збор.. :^)
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Не е чиста раса, некоја мешавина е, најверојатно од чивава и некоја друга Х раса.
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    http://www.marktgigant.de/var/ads_image ... gant1.jpeg
    Па вака сега,сакам да си вдомам едно самоједче и верувам дека ќе најдам но морам да си заминам пак во странство и сакам да си го однесам таму,дали некој знае какви се процедурите и дали за еден месец би мозела да го заврсам тоа.благодарам однапред
     
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Епа вака сега, за да одиш со кучето во странство треба да му извадиш пасош.
    За да му извадиш пасош треба како прво и основно да има примено вакцина против беснило, доколку нема примено вакцина против беснило, тогаш нема шанси да извадиш пасош.
    Исто така е портебно да се направи анализа на крв, но бидејќи во нашата миличка државичка немаме такви лабаратории, крвта се праќа на испитување во Словенија или Грција.
    Е поради оваа постапка се чека околу 1 месец за резултатите да стигнат.
    Исто така за државите во европска унија, кучето мора да има чип.

    За подетално како одат постапките прашај во ветеринарна амбуланта бидејќи таму вадат крв и детално се запознаени со процедурите.

    П.с јас кога бев во Србија со кучето си го шверцував :D ама моето куче јас си го имам дресирано и навистина е премногу послушна.

    Еве што направив јас, стигнав на македонската граница и излегов со кучето и му кажав да чека и да не се помрднува.
    После влегов измеѓу македонско/српската граница и дискретно еднаш свирнав и она дотрча и пак исто и кажав да чека настрана.
    И после ја преминав и српската граница и пак свирнав и она дотрча и си го продолживме патот.
    Додуша цариниците не ме ни прашаа дали носам куче или нешто друго со мене ниту пак ми го проверија автомобилот, али за секој случај нејќев да ризикувам, а знаев дека кучето ќе ме слуша и затоа отидов на тој чекор со командите чекај и дојди успеав да ја префрлам преку граница.
    За враќање ја повторив истата постапка и се си одеше во најдобар ред.
     
    На Butterfly-itgirl4s му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Имам прашање за Доберман.
    Сакам да купам куче лабрадор од одгледувачница.
    Јас сакам женско, но поради негативите што идат со тоа, морам да земам машко.
    Сакам да го чувам дома, и сакам да те прашам какви се по темперамент, дали се за дома, и како да го средам фактот дека од сабалје, до 14 часот дома сме сите на работа.
    исто сакам да те прашам за влакното, сега ги видов на слики се малечки не се гледа убаво, а никој од дома не се согласува за долго влакно, од здравствени и хигиенски причини.
     
  13. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367

    се надевам ќе добиеме одговор бидејќи истото го сакам и јас но сакам да го однесам во градот каде што живеат моите таму да живее надвор а и цело време ќе има некој покрај него. мислам дека е подобро така одколку да биде кај мене во стан само цело време.. и сакав да прашам колку им е цената одприлика ако знаете и каде се наоѓаат тие одгледувачници
     
  14. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Па јас ги најдов по огласи, машките се 150 евра, додека чупината се 100 евра.
    :( И моиве сакаат надвор, ама ако го земам веќе нема теоретска шанса надвор да седи.
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Доберман а нели не е добро на младо кученце со неколку месеци одма вакцина против беснило да му се стави?
    Мене ми кажаа дека со примање на оваа вакцина се сопирал и растот на кучињата. Јас секогаш си разменувам искуства со сопствениците на самоједи. Сум сретнала неколку ниски самојетчиња и секогаш ги прашував на колку месеци ја примиле вакцината против беснило. Кај сите одговорот беше дека после 6 месеци отприлика. И тие кучиња се стварно доста пониски.
    Јас на моево му ставив на година ипол како превентивна мерка, знам дека не мора ако си во градско подрачје ама бар мирна глава.
    Така да јас не би препорачала од искуство рано да се става вакцина за беснило посебно на големите раси. А на Butterfly-itgirl4s и се брза да замине во странство значи на ептен мало куче треба да му ја удри вакцината а тоа не знам колку е добро за кученцето.
     
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    не се баш евтини лепотаниве, а јас забележав дека многу подаруваат, па можеби е подобро да се згрижи кученце на кое му се бара дом нели одколку оние што ги продаваат....
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.503
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да си купам куче. Сакам самојед. Роси, колку го купи ти и од каде? Проблемот е што живеам во стан, па не знам колку е добра идејата да го чувам затворен цело време.
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Од она што го имам читано за лабрадорите знам дека се пријателски настроени кучиња, обожаваат вода и не се тешки за чување. Лесно се приврзуваат со сопствениците, не се многу бучни, не се територијални кучиња, ниту пак чувари на домот, туку се баш пријателски настроени кон сите, па дури и непознати гости. Лабрадорите обожаваат деца и се многу интелегентни кучиња, па поради тоа се сметаат за идеална раса за пребарување и спасување, како и раса за тераписка работа (посебно како добри водичи на слепи лица). Лабрадорот има кратко влакно, тежина околу 29-41 килограми (мажјак) и 25 до 32 килограми(женка),тие се многу големи љубители на храна, па сопственикот мора да внимава зошто се склони на дебелеење кое може да им предизвика здравствени проблеми.
    И да, лабрадорот спаѓа во групата на 7 најинтелегентни кучиња ;)
     
    На joelle и Fearless им се допаѓа ова.
  19. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Значи сепак долги процедури ее да мозев ја преку граница така да минам добро ќе бесе но не е една граница повеќе се,фала на информациите незнам дали ќе имам време а и претпоставував дека има испитувања ама па толку не очекував,уфф пуста зелба да си имам такво другарче во ладниот запад да ми ја стопли дусата :(
    Се надевам ќе ви соопстам добри вести наскоро
    поздрав до сите љубители на миленичиња
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    за оваа вакцина после 1 година треба да се прими,и знам дека цела недела надвор многу ретко да го носиш само на мочкање, барем така знам :)