Jaс го земав од другарче на сестра ми, интересно беше што ги пареа некаде зимото, а се породи кучката во јуни. А ние имавме таксано куче уште пред да се парат Таткото на Рики се вика Баги (за жал го украдоа пред година дена ) и беше најпрекрасниот самојед, со огромно влакно и голем како мечок. И ние со сестра ми сакавме кученца само потомство на Баги. Спојлер Е ова е прекрасниот Баги И го земавме на месец ипол за 50сетина евра зашто беше таксано. Можеби ќе најдеш сега поефтин самојед околу 100 евра да речеме зашто ги има многу. Но ако е без педигре. Со педигре над 300 за мажјак. Зашто живеам во куќа со дворче моето куче си има бокс голем со куќичка, но и по цел ден е пуштен во дворот да шета. Првите неколку месеци го чувавме дома дека малецко, а потоа во дворче. Но уште од тогаш спиеше на плочки, ќе поседеше дома и одма надвор сакаше да оди. Но како ќе го научиш така. Моето е научено надвор да седи. КОга е ладно немаме проблем тој обожава снег. Ама затоа летово од 11 часот па до 19 часот седеше дома обавезно инаку неможе да диши од топлината. Така што ако го научиш ќе си седи и во стан иако тоа е големо куче и јас лично да би имала стан не би чувала толкава голема раса и зимско куче. Греота ми е да го затворам 24 саати во стан. Плус рачунај има големи влакна тежок е за одржување. А влакната и не се голем проблем ако го чешлаш редовно, али енергичноста, желбата за шетање ухуу. Тоа е куче влечач на санки секогаш има енергија, секогаш, сака да трча скока и ние го шетаме 3 пати на ден, мора да имаш време за него. Нема ме мрзи ми се спие имам за учење, мора шетање. Ако сакаш нешто за галкање мило убаво, тогаш купи си играчка, кучето ти е како дете.
За во стан е многу подобро да земеш куче со долго влакно. Јас за во стан повеќе би ти препорачала да си земеш Златен ретривер наместо Лабрадор ретривер. Златните ретривери се исти како Лабрадор ретриверите само што имаат малку подолго влакно. Еве кои се причините што ти предлагам да земеш долгодлако куче во стан. Долгите влакна се мнооогу полесни за чистење, ќе си земеш една четка и ќе си го поминеш тепихот и намештајот и нема В од влакно да остане. А додека кусата длака како што ја има Лабрадор ретриверот, е многу потешка бидејќи кусите влакна се многу потешки да ги извадиш од намештајот и тепихот бидејќи се како иглички и кога ќе се забијат во намештајот/тепихот само господ може да ги извади. Лабрадор ретриверите се темпераментни кучиња полни со енергија, можеш да го чуваш во стан, но треба редовно да го шеташ за да си ја потроши енергијата. Тоа што од сабајле до 14 ќе седи само дома не е никаков проблем, ќе си се навикне. Е сега јас од искуство ти предлагам да си земеш женско куче (поготово ако немаш претходно искуство со кучиња) бидејќи женските кучиња се многу поедноставни за чување. Тоа што имаат циклус 2 пати во годината не е никаков проблем. Со мажјак е многу потешко бидејќи мажјаците кога полово ќе созреат ќе си имаш многу проблеми бидејќи ќе ти трча по кучки кои што се во циклус и често ќе знае да се здави со други мажјаци. Имам пишано на форумов еден прилично голем пост за разликите помеѓу машко и женско куче, ако го најдам ќе го постирам, за да самата да ги увидиш огромните разлики. ЕДИТ, го најдов мојот пост за разликите помеѓу мажјак и женка, еве прочитај си и мислам дека ќе сватиш што е подобро
Роси, тоа било порано. Сега вакцините се каде каде понапредни и нема никаков проблем кученцето да прими вакцина против беснило. Тоа дека вакцините против беснило го стопирале растот и развојот на кучињата важело за порано, но тоа не е случај и денеска. Јас како најзапознаена со кучињата од сите членови овдека на форумов Фемина, најодговорно тврдам дека во денешно време вакцините против беснило не го попречуваат растот на младите кучиња. Вакцина против беснило слободно може да се стави на кученце постаро од 2 месеци. А тоа што си сретнувала ниски Самоједи неверувам дека е поради вакцината против беснило. За да остане едно куче пониско од останатите кучиња од расата влијаат многу фактори како на пример генетиката и исхраната.
(сега го гледам постов) Можеби има он грешка, пошо така ми пренесе, или па јас не сум слушнала добро...Значи не е моја кривица што така имам напишано, а ти немора да напаѓаш... Иначе кученцата се како на сликата во мојот пост, само појќе одат на кафеаво! И не сум девојче
Незнам јас од кај доби ти таков впечаток дека те напаѓам ? Во постот не употребив ниту извичник ниту пак големи букви, затоа незнам од кај доби таков впечаток дека те напаѓам ? Јас само кажав дека непостои таква раса Хаски Маламут (и другите членови кога ги грешат расите ги корегирам, не само тебе) и најкултурно те прашав што продава твојот пријател Сибирска Хаска или Аљаски Маламут бидејќи тогаш кога го имаше пратено ти постот, тогаш во тој период другарками бараше Аљаски Маламут кученце да си купи, па бидејќи поретко се наоѓаат Аљаски Маламути кај нас во МК затоа те прашав што продава твојот пријател за да и пренесам на другарками
Ух тежини.... на сестра ми кученцето утрово почина па сега сака да земи златен ретривер (а сака да најде со поприфатлива цена оти финански не е баш во моментов. Ако имате некакви информации пишете ќе пренесам јас . Само тој што гледа чува знае како е ова еб.....но чувство јас моето го сметам како член на семејство како жив човек да имам и повеќе љубов од оваа моменалната и таа би му ја пружила...
Јас моиве никако да ги намолам, ај дајте некој предлог како да попуштат. Инаку во куќа седам и имам двор не е многу голем но мислам дека ќе има место за куче. Имам чувано на село со дедо ми загар (повеќе дедо ми го чуваше зашто јас одев само на распусти на село и за викенди). Мајка ми многу не се сложува бидејќи чувала куче неколку години па и го згазиле и одтогаш нема чувано, а татко ми знам дека ќе попушти или не .
Ех па не е толку сложена ситуацијата кај тебе. Ете мајкати чувала куче, значи мајкати не се плаши и не ги мрази кучињата штом и она самата чувала куче. А и таткоти би требал да попушти ако е љубител на кучиња. Само немој да се караш со родителите. Најдобро е на мирен и љубезен начин да ги замолиш, ако треба и заплачи малку И секојдневно спомнувај им за куче и на крај би требало да попуштат. Ама откако ќе го земеш кучето, ќе треба секој ден по 2 пати да го шеташ и да му обрнуваш грижа и внимание, а не како некои ќе земат куче во двор и ќе го чуваат одреден период и ќе им пројде меракот и после ќе го баталат кучето. Кучето е одговорност и е живо суштество и ги има истите потреби како и човекот, грижа, љубов, внимание ...
сакам златен ретривер дали некој знае ,некој што продава ,барам но нема нови легла сите страни ги прошетав ,сегде се јавив распродадено е а и дали некој знае колку се движат цените,сакам женско и не мора да е со педигре , не ми е то многу важно ,затоа што си барам другарче,досега имав нерасно куче,но ми почина ,порано имав мешанче од ретривер и затоа пак барам ретривер ако има некој што знае нека постира линк или мобилен број плс
Еве за тебе и за останатите девојки што бараа Златен ретривер, најдов оглас и тоа замислете на ПОДАРОК http://www.milenici.com.mk/forum/index.php?topic=8600.0
фала многу Doberman го видов вејке тоа но вејке е дадено а може и сибирски самојед мене многу ми е битно да е бело да ме подсејка на моето поранесно куценце може некој самојед ако има до 100 евра
heyy i am so happyyyyyy стварно хепи доберман дали ти се верува дека жената што го зела ретриверцето го вратила? и ми се јави типката и ми реце дека можам да го земам сестрами сега ке оде да го земи ,но ти се разбираш повејке ,да те прашам писува дека е чипирано , а и не прасав за сто го дава од што бев возбудена ,и сега малце ми е мисла
Сакам куче. Се заљубив во тие прекрасни суштества. Кога се враќав денес од школо во едно патче има 2 кучиња во различни дворови. И двете трчаа среќно кон мене кога влегов во патчето.. И како да не ги погалиш? Едното беше златен ретривер, другото незнам. Но моите несакаат кучиња И никако неможам да ги натерам.. Не се плашат, но биле тешки за одржавање.. Тука се во право и свесна сум дека не е само купи го и стави го дома и толку. Некој совет, како да ги убедам? :/
Ете баш од овие причини јас никогаш не би дала куче на поклон. Серазбира дека има и одговорни луѓе што зимаат кученца на поклон, но повеќето што ги зимаат кучињата на поклон не им обрнуваат внимание и баш им е гајле за кучињата, ете дури и го вратила жената кучето, среќа што не го пуштила на улица, па после ќе се чудиме од каде има толку многу напуштени кучиња скитници. А да дала 300 евра за кучета, да видам дали ќе го враќала, има ко очите да го чува. Малку отидов оф топик, али стварно ме нервираат вакви неодговорни луѓе кои што не знаат што сакаат, прво зимаат куче па после се премислуваат ... циркузи. Тоа дали е чипувано ќе си провериш на ветеринар, таму ќе го поминат со еден апарат на грбот и ќе се види дали има кучето чип, исто и во здравствената книшка на кучето го пишува серискиот број на чипот. Со среќа и се надевам дека убаво ќе го чуваш. Ете и претходно си чувала кучиња, тоа е добро, не си почетник и сепак имаш некое си искуство со кучињата. Досега на форумов имам еден куп постови напишано за исхраната, негата, дресурата ... такада ако редовно си ги читала моите постови досега мислам дека се треба да ти е јасно за грижата, исхраната, дресурата, Алфа статусот и сл... Поздрав, и ви посакувам многу среќни и убави моменти во наредните 15 години
stylishh ќе го земе ретриверот, така прочитав погоре, а незнам кај да барам кученца што подаруваат Ако можете дајде ми линк од негде во Скопје што подаруваат кученца, па да видам може ќе ги убедам
И јас сакам куче. Имав едно беше пекинејзер(Џеки се викаше) и многу беше убаво. Ми гу украдоа . Како човек беше се ме разбираше. Кога ме види на улицата веднаш рипа во мојата прегратка. Кога плачев и Џеки се натажуваше. Многу ми недостига. Бидејќи немам ни брат ни сестра. Џеки ми беше се
oва се солзи од среќа ,немозам да си поверувам сестрами го зеде ретриверцето фалти многу доберман ,од срце фала ,сигурна сум дека никој повејке љубов нема да му пружи од онаа што ке му ја пружам јас ,и да ги цитав твоите постови и исклуцително те ценам ,ФАЛА и за советите и за се
имам едно кучее нзз што рас е ама кожата му е многу влакнестаа и кога и да ме види трчаа по мене кај и да одам тоа е со мене.кога нема што да правам си играм со него го чешкам трчаа окули мене и така многу си го сакам пред некоја недела едни други кучиња го каснаа кога бев кај другарка ми и не можеше да си дојди оти го болеше ногата и бев премногу исплашена и тажна додека не си дојде.